Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    ^За болвите купи ампула од пет шоп, околу 400 денари се но целосно е заштитено кучето. Во рок од 48 часа не смее да го наводени крзното (може да пие вода, не дека не, ама да не се мокри). Ампулата ја нанесуваш на горниот дел од вратот (каде што минува рбетот). Го штити кучето од сите надворешни паразити цел месец. За исхрана, ти реков, пробај така, свари му пилешко месо со ориз и морков, ќе го сака тоа, 80% сум сигурна. Глистите се штетни и гледај побрзо да го решиш тој проблем. Вакцинирај го кутрето сега, ако можеш. Без вакцините, на 5-7 месеци има ризик да се разболи од штенечак. Штенечак е опасна болест кај кутрињата и е застапена на балканов, ми се чини. Многу ретко кое кутре се излечило, 90% џод кутрињата со штенечак умираат.
     
  2. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    А, да, за да му се врати апетитот треба да се прочисти од глистите.
     
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Девојко дај го кучето на некој што има услови и ќе сака да го чува, греота е вака да го мачиш буквално. Прво треба да се информираш како се одгледува куче, а не вака да го оставиш на милост и немилост. Колку се штетни болвите и глистите за кучето толку се и за тебе. Не ти е жал да го оставиш со болви да му ја цицаат крвта? Под итно преземи нешто, оди на ветеринар и нека ти кажат што се терба да преземеш, а ако несакаш или неможеш дај го на некој што ќе може!
    Па и тоа има живот бре луѓе, тоа ти е исто ко бебе некој да ти даде да го чуваш.
     
    На mackica1, Papillon.Papi, senza.parole и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Hahn

    Hahn Активен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    35
    Некаде во темиве за миленици прочитав мислење од членка која кажа дека не ги вакцинира милениците, сега не можам да го најдам. Јас ќе кажам мое искуство со вакцините, извинете ако сум офтопик ама и тоа спаѓа во грижа.
    Имав куче, здраво, право, се во ред. Ја прими првата вакцина, помина добро. По еден месец го однесов да ја прими втората, да напоменам во супер здравствена состојба. После неа се разболи, имаше широк спектар на симптоми, да не речам се што може, бев кај повеќе ветеринари, сите беа со различно мислење и ни еден не кажа конкретно што е или од што е предизвикано. Го лечеа со секакви антибиотици и симптоматска терапија но ситуацијата секој ден се повеќе се влошуваше. На крај по ужасно мачење ми почина в раце..
    Во меѓувреме изгуглав за болестите од кои вакцината требаше да штити, најголем дел од симптомите ги имаше моето куче. По неколку месеци дознав дека истото се случило и со кучето на соседот, но бидејќи него ветеринарот му бил пријател му кажал дека најверојатно е од неисправноста на вакцините и дека кучето нема да се спаси, па му ги скрати маките.
    Сега имам друго куче, по тешко двоумење заради најавените закони и казни, сепак некако се одлучив да ги прими првите 2 вакцини и се молев повторно да не поминуваме низ истото. За среќа помина добро, но вакцини против беснило нема да прими. Едноставно нема потреба, прво затоа што во Македонија нема беснило, второ затоа што кучето живее дома и шета само во блиската околина, каде што нема потенцијални извори на зараза од беснило, така да нема да полнам ничиј џеб и да го ризикувам животот на најмилото.
    Мачките ниту сум ги вакцинирала ниту ќе ги вакцинирам. Последната ја зедов пред 7 години, нема примено вакцини а се нема никогаш разболено, исто и тие што ги имав пред неа.
    Кој како сака, секој го мисли најдоброто за милениците, само сакам да ве предупредам дека ни продаваат сомнителни вакцини па размислете подобро.
     
    На mims-89 и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  5. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    ^Затоа најважно од се' е да се оди кај проверен ветеринар. Јас сите миленици што сум ги имала до сега ги носам кај Диме и и да се разболат од нешто, излечени се од него.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hahn

    Hahn Активен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    35
    Не живеам во Скопје, ама мислам дека вакцините се исти. :?:
    Во секој случај, кога ќе се разболи од сите тие (многу тешки) болести од кои треба да штити вакцината нема ветеринар што ќе ги излечи, колку и да е добар. После тие маки што гледав дека ги преживува душичката, а и јас со неа, не ми паѓа на памет да си играм руски рулет со живот на друго милениче.
     
  7. Leo83

    Leo83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    22
    Жалам што си имала така лошо искуство со вакцините..Само да знаеш дека е законска обврска за сопственикот секоја година да го вакцинира своето куче, а и казните се големи доколку кучето касне некого а не е вакцинирано, така да мој совет е да си го вакцинираш за Беснило, секако таа вакцина нема несакани ефекти.
     
  8. Hahn

    Hahn Активен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    35
    Знам дека е законска обврска, баш поради тоа ги прими првите вакцини, ама за беснило нема да го вакцинирам. Како што кажав кучето живее дома па дури и да има беснило во земјава нема каде да се зарази, и не само што не е агресивно туку дури и бега ако му се приближат непознати луѓе или животни. За несакани ефекти да не правиме муабет, ни тие вакцини што беа виновни за смртта на многу животинки не требаше да имаат, нормално дека компанијата која ги произведува и тие што ги продаваат нема да ти кажат кои се можните последици (или ќе ги кажат само полесните како покачена температура), како инаку би заработувале ако многу луѓе се исплашат и одбијат? Всушност нема ни лек ни вакцина која нема ризик за несакани ефекти, се останува да видеш среќата како ќе ти се погоди, а како што веќе реков не се игра руски рулет со живот - или ќе преживее или нема.
    Секако секој ќе го прави тоа што го смета за најдобро, помал дел од нас ќе се одлучат да не вакцинираат и тоа сме веројатно ние кои сме се "изгориле". Не ми е целта да ви попувам да не си ги вакцинирате милениците, голем дел поминуваат без никакви несакани последици, сакам само некој да ја земи во предвид и другата страна.
     
  9. Oli24

    Oli24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2014
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    3
    Jas imam Bigl koj vo Februari ke napolni edna godina.Go hranev so Rojal Canine pa sega preminav na Happy Dog.
    Esenva ja menuvase dlakata i sega se uste dlakata mu pagja.Dali e vozmozno da se mitari tolku dolgo.Postojano mu ispagjaat vlakna i pri cetkanje i pri samoto dvizenje niz prostoriite na stanot vo koj ziveeme.Mu davam tableti Biotin od Sanal i sega zapocnav da mu davam Dime zacin.
    Nekoj da mi dade sovet za pagjanjeto na dlakata.
     
  10. Sunflowers

    Sunflowers Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    128
    @Oli24 Дома го чувате? Кучињата кои ги чуваме дома се митарат во текот на целата година поради топлината во домот, нормално во зиме помалку. Еве јас по моево гледам, нон-стоп се митари, ама сега не е исто како на лето. Четкањето мислам помага најмногу.
    Патем, да ме советувате како треба да изгледа некоја добра четка која го вади и подолниот слој на влакна? Имам купено од тие од џамбо но забележувам дека и после четкањето од кучево испаѓаат влакна кога ќе поминам со раката.. Имам пекинезер, за таа должина на крзно ми треба.
     
  11. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    ^^ Купи фурминатор, јас од алиекспрес нарачав и супер работа врши.
     
    На Sunflowers и 1209 им се допаѓа ова.
  12. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.379
    Допаѓања:
    171.468
    овие папагаливе ептен се митарат период му е сега или што е финтата
     
  13. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    И папагалите како и секое друго живо суштество имаат период на митарење. Ќе помине.
     
  14. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.369
    Пол:
    Женски
    Не знам каде да пишам, па тука.Мачето ми го удрила кола.Го забележав пред 20-тина минути дека само лежи и не сака да стане, кога го викав стана и почна да ја влече ногата, која што изгледа му е скршена.Веднаш се јавивме на ветеринар, но ветеринарот може дури во 6 часот, а други ветеринари не ни се јавуваат.Не знаеме што да му правиме на мачево, лежи само изгледа многу го боли, не сака ништо да јаде, преплашено е.Не знам какви превентивни мерки да превземеме додека да го однесеме на ветеринар...Има ли некој со слично искуство?
     
    Последна измена: 11 јануари 2015
  15. Hahn

    Hahn Активен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    35
    @sweet-cherry Жалам што не можам да ти помогнам со совет, еве за пола час откако го пишувам ова ќе бидеш на ветеринар.. Сакам да ти кажам нешто што се надевам ќе те утеши, имав мачор кој додека шеташе веројатно некој го повреди и му ја скрши или пукна карлицата, изгледаше изместено, искривено во тој дел. Со денови ни јадеше ни пиеше, по малку вода со сила му дававме со шприц. Кога и малку ќе се поместеше мјаукаше многу болно, не можеше да оди по потреба, го носевме на раце и тоа му предизвикуваше огромна болка. Не знам колку дена помина во лежење, ние веќе почнавме да губиме надеж, и едно утро почна да мјаука нормално, видовме дека бара да јади. Од тогаш полека почна да се опоравува и за 3-4 дена почна повторно да оди сам, како ништо да не било.
    Силни ѕверчиња се мачките, не викаат џабе дека имаат 9 животи :)
    Ќе и помини и на твојата, не се загрижувајте ако одбива да јади некое време.
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.984
    Допаѓања:
    67.805
    Мислам дека мачката моjа има некоj проблем со здравjето.

    Пред две недели од прилика, почна многу често да преде и да "масира" една перница што не е своjствено за неа, освен кога сака да се пари. Прво мислев дека и е промена на расположение, станала подобра и поприврзана, бидејќи и на мене ми прави такви масажи. Арно ама, пред пола саат jа слушнав како мjаука, испушта звуци, ама не нормално, туку гласот и грчеше некако. Пробав да jа кренам држеjќи jа под предните нозе, и ми се чини дека jа боли. Нервозна е, мафта со опашот, ама воедно и преде. Знам дека мачките предат и кога се болни, на тоj начин сакаат да кажат нешто.
    За овие пола саат, 4 пати кашлаше, тешка кашлица некоjа. Мислев дека сака да поврати, ама не.

    Утре ќе jа носам на ветеринар, само сакав да слушнам мислење, можеби некоја од вас знае за што се работи.
     
  17. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.081
    Допаѓања:
    34.504
    Пол:
    Женски
    Колку го нарача??
    Сакам на мечево мое да му земам за преку лето
     
  18. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    570 најголемиот сосе шипинг.
     
  19. #Maksi

    #Maksi Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2015
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки,
    За 2-3 недели треба да земеме нов член во семејството,треба да вдомиме прекрасно кученце лабрадор.Пресреќни сме поради тоа,но малце ни треба помош бидејќи прв пат чуваме куче.Ме интересира каква храна треба да му даваме,колку често,која храна е најдобра за него?Иначе кученцето има речиси 2 месеци.Исто така било каков совет за чување на овој вид на кучиња би бил добредојден :)
    Ви благодарам <3
     
  20. JustBeYou

    JustBeYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски
    кучето си бара посебна нега и грижа исто како и ние бидејќи е толку мало сега е време да се дресира да му се каже каде треба да мока каде не и сл. На почеток ќе ви е тешко може и ќе се каете што сте го зеле ... Сите извршени нужди на теписон или паркет но е најдобрата работа што сте ја направиле :))

    Исто така во почетокот (доколку воопшто не почнало да се храна освен од мајката) може да наидете на потешка сварливост ма желудникот што ќе се одрази со пролив и повраќање, пробајте да не го прејадување ама и никако да не е гладен оброците нека се исти секојдневно но разновидни (ист број) околу 2 пати ...

    Исто така добро е да му купуваш коски од месара сурови секаде ќе ги најдеш и остави го да си игра со неа а и за запчињата е добро,имаш многу разновидни врсти на храна со различни цени најдобро ќе ти кажат продавачите :)

    Доколку нешто забележиш посети ветеринар исто така треба да се вакцинира

    Со среќа
     
    На #Maksi му/ѝ се допаѓа ова.