Ветеринарот што го прашав ми рече јас да одлучам дали да ја парам или стерилизирам, обично ги пораѓале со царски. Јас некаде прочитав дека ако мачка се породи со царски не знае дека мачињата се нејзини и најверојатно нема да ги прифати, кај кучињата не знам како е. Си мислам ете и да ги прифати, како ќе цицаат кога на тоа место ќе има рана од операцијата и силни болки? Ќе биде и зашеметена од анестезијата првите денови и нема да може да се грижи за нив, а антибиотиците и аналгетиците не знам дали ќе влијаат на млекото. Па потоа ќе следи и уште една операција за стерилизација. Во секој случај ќе побарам и второ мислење од друг ветеринар.
Обично кај кучињата со кратки муцки е најголем ризикот за смрт за време на пораѓање. Јас ти препорачувам стерилизација, поголемо измачување би и' било пораѓањето... а, и колку е помлада, толку е подобро. Ќе и' треба недела дена додека се опорави. После операцијата ќе намали тежина, но тоа е сосем нормално.
1000 kaj nas voedno mu go izvadija koga mu ja pravea zdravstvenata legitimacija i koga mu stavija cip. I voedno sakav da prasam dali vasite milenici imaat cip.Nie na naseto mu stavivme i se nadevam deka nikogas nema da ima potreba da go barame preku nego, ama smetam deka e pametna rabota.
@Papillon.Papi Да те прашам, ако не ти е незгодно да одговориш, колку пари даваш за хранење на кучката неделно/месечно?
Како е точно со чипот, ако залута кучето можат да го следат каде се наоѓа или само ако се најди да прочитаат чие е?
Има инфоρмации чие е, аκо го најдат и мислам деκа можат да го следат, ама ќе ја пρашам мајκа ми за сигуρно зошто таа беше со него κога му го ставија.
Чипот не е со GPRS па да може да се следи миленикот. Чипот ги содржи податоците за сопственикот на миленикот и миленикот и тоа се чита електронски со апаратче ко што се читаат баркодови. Единствен начин да го пронајдеш миленикот ако ти се загуби преку чипот е ако некој го најде или украде па на ветеринар кога ќе го читаат кодот да те известат, друг начин нема. Тоа е повеќе за евиденција, а не за следење. А за пасош нели требаше да се проверуваат анализи на крвта во земја од ЕУ, па се плаќаат троа повисоки суми и се чека доста додека да ти одобрат за пасош или со воведувањето на чиповите не важи тоа?
Не знам Мимс и јас мислев деκа пρоцедуρата е посложена, ама ете не била, на моето му издадоа заедно со чипот, па што знам.А фала ти за инфото инаκу и јас вчеρа јс пρашав мајκа ми и таа истово ми го κажа, јас сум била во заблуда
Денес ретко кој става чип на милениците. Кога др. Диме беше на посета за последната вакцина ни кажа дека не е потребно ако не планираме да ја изнесеме надвор од државата. И ако се изгуби миленик, мали се шансите дека на пронаоѓачот ќе му текне да го однесе на ветеринар да провери дали е чипиран... или ќе го објави дека е најден и се бараат сопствениците или ќе биде деген и ќе го украде. Па, пилешкото е 62 денари и го купуваме еднаш неделно, а кршениот ориз ни е најново откритие, татко ми го купи од пазар пред недела дена, но не ми кажа колку е. Ќе прашам, и ќе ти кажам.
Прашањето ми е како го одгледувате домашното животно.. јас имам куче самоед, старо 2,5 месеци... со што да горанам шо вакцини да прима до сега ништо не е примало... Имам уште едно куче исто 2.5 месеци (минитка) , што да и направам за да сакат заедно да седат.. на прво видување ржење, апење Се ми објасните за чување на кучињата (во двор ке се чува)..
Џабе ли пишував толкав реферат на минатата страна? И толку страни изнапишани има за твоиве прашања... Премногу се мали за да се чуваат надвор, ако не можеш внатре подари ги на некој што е информиран за кучиња (за разлика од тебе) и некој кој што ќе знае како да се грижи за нив. Вакцинација- на ти: http://forum.femina.mk/threads/Вакцинација-на-кучињата.23139/ Свесна си дека КУЧЕ не е ПОТРЕБА, туку ПРИВИЛЕГИЈА која што не секој може да ја има! Треба да имаш ПАРИ за да имаш КУЧЕ зошто КУЧЕ ти е исто како НОВ ЧЛЕН НА ФАМИЛИЈАТА. Свесна си дека треба над 300 евра на почетокот да вложиш? И тоа само на почетокот! Не можеш да чуваш куче-НЕ ЗЕМАЈ НИКОЈ НЕ ТЕ ТЕРА! Пред да се земе куче треба убаво да се информираш и да бидеш свесна и спремна за се'! Јас 5 ГОДИНИ по ред се информирав пред да земам куче, 5 ГОДИНИ по ред ШТЕДЕВ пари за да можам да го израснам во убави услови. На 10ти јуни 2014 година го земавме нашиот трет член во нашето мало семејство СПРЕМНИ за тој нов член. И замисли толку припремање за ЕДНО КУЧЕ, а ти не знаеш за едно, а ДВЕ си земала?!?!? Па се чудиш зошто се мразеле? ПОТРЕБНО Е ЗНАЕЊЕ И ПОЗНАВАЊЕ НА КУЧЕШКАТА ПСИХОЛОГИЈА ЗА ДА МОЖЕШ ДА ЧУВАШ КУЧЕ, А ЗА ДА ЧУВАШ 2, ПОТРЕБНО Е ИСКУСТВО!
Аман бе!!! 1. Прво научи да пишуваш убаво 2. Како може да чуваш кучиња без да се информираш пред тоа какви се, со што треба да се хранат, на колку месеци вакцина треба да се стави и остало 3. Сега можеш да му даваш кучешка храна на самоједот погодна за неговата храна, а исто можеш ориз варен да му даваш со мали раситнети парчиња пилешко АМА ВАРЕНО П.С НИКАКО НЕМОЈ МОРКОВ ДА МУ ДАВАШ, ЌЕ МУ ПОЖОЛТЕ ВЛАКНОТО!!!!! 4. Иди на ветеринар и организирај се за вакцините, зошто до сеа ѕоа треба да има примено вакцина 5. КУЧИЊАТА НЕ СЕ ИГРАЧКА, ТИЕ СЕ ЧЛЕН НА СЕМЕЈСТВОТО, ИСТО КАКО БЕБЧИЊА. ТРЕБА ГОЛЕМА ГРИЖА ЗА НИВ, АКО НЕ СИ СПРЕМНА, ДАЈ ГИ НА НЕКОЈ ШТО ЌЕ ГИ ИМ ПРУЖИ ЉУБОВ И ГРИЖА, ШТО ЌЕ ГИ СМЕТА ЗА ЧЛЕН НА СЕМЕЈСТВОТО!!!!
сите да се спремале како тебе ветернари ке станале.. И ако сакаш биди хумунитарна и пренеси го твоето знаење. Бидејки грев е нешто да знаеш а да не сакаш да го кажеш
Ке ја имат целата грижа и нега и се шо треба.. јас долго се распрашува а сите различно кажуват... некој дури мислат дека мали кучиња не смеат да се душкат бидејки едното од нив ке умрело
1209 пасошот од 1000 денари, не е за еднократна употреба?Мислам така ми кажаа... Баш сега го прашував татко ми бидејки нашето кутре го купивме од Србија, а за да ја изнесат од државата татко ми платил само 1000 денари за пасош кој бил за еднократна употреба поточно само за едно патување и сега ако сакам летово да патувам со неа требало наново да вадам пасош.Трошокот за вакцинација, родовник/педигре и друга документација ги покрил сопственикот од кого беше купена бидејки договорена беше работата ,наше беше да ја земеме само. И сега гуглав и пишуваше за да се излезе со куче надвор од државата пасошот чини 2.500 денари настрана трошоците за вакцинација против беснило, проверка на кучето најмалку 30 дена после вакцинацијата, а најмногу 3 месеци пред самото патување. ,,За да се патува со куче во некоја од земјите на Европската унија, мора да се поминат бројни пропишани стандарди и процедури. Притоа, од 120 до 150 евра чини анализата на крвта на животното што треба да го потврди стекнатиот имунитет против беснило. Оваа анализа треба да се направи во некоја од лабораториите во Љубљана, Нови Сад или во Атина, бидејќи Македонија нема таква лабораторија. Групното испраќање на крвта чини помалку, додека поединечно сите трошоци паѓаат на товар на еден сопственик. Кога патува некаде, кучето мора да има чип со сите лични податоци за него, а сопствениците мора да издвојат 1.000 денари за тоа. Задолжителен е и формулар што чини 600 денари, додека 500 денари чини вакцинирањето против беснило. '' ,,Со посебна анализа е утврдено дека животните што не потекнуваат од земјите на ЕУ се голем ризик и причинител на појава на заразни болести, а особено на беснило. Според законот, под домашни миленици се подразбираат животните што се опфатени со Анексот бр 1, што патуваат со своите сопственици или со луѓе што биле овластени од сопствениците и животни што не се за продажба или за пренос на друг сопственик. Пасош е официјален документ што се однесува на секоја индивидуа, посебно во кој јасно се наведени податоците за миленикот, со прецизен опис, идентификациски број (микрочип) или тетоважа, како и за сопственикот. Микрочипот треба да одговара на стандардите ISO 11784 или по Анексот А 11785 или, пак, сопственикот треба да има апарат или читач што ќе ги прочита податоците впишани на микрочипот.''
Исκρено поим немам за пасошот, ние не го извадивме κонκρетно за да патуваме со него, туκу го дадоа со ставање на чип и последната ваκцина за беснило не ни планиρавме пасош да вадиме, таκа испадна.Сега да не испадне деκа збоρам на κутуρа, аκо ве интеρесиρа κонκρетно тоа не можам да ви помогнам.Ние чип му ставивме оти од згρада нон- стоп ни пρаќаа полиција демеκ им смета(пишував за ова во темава) и за да не можат да пρевземат меρκи за отстρнување ветеρинаρот ни пρепоρача да си ги пρевземеме ние сите меρκи и да не ни можат ништо.Јас мислев деκа со новиот заκон е задолжитњлно да има чип, што знам...
Еве ти на линков имаш нешто повеќе за пренос на кучиња и мачиња во земјите од ЕУ http://www.fva.gov.mk/index.php?opt...cina-i-macki-vo-eu&catid=34&Itemid=78&lang=mk
62 ден. е кило? Извини не сум баш запознаена со вакво хранење на куче, знам дека би требало да му даваш во согласност со тежина, и возраст, ама ете од прилика, сакав да знам дали повеќе се дава пари за онаа купечка храна или ако му ја припремаш сам. Имам желба за куче ама голема обврска е па не се осеќам доволно спремна за такво нешто. Се обидувам по малце да научам повеќе па можеби, се надевам во брзо време ќе си земам едно
@Papillon.Papi знам дека за истиот Диме збориме ама нешто не ми е јасно. Лично мене ми кажа дека законот за чипирање е донесен во Мај 2013 година (имам прочитано и на нет, ова е сигурно) и дека е задолжително чипирањето и треба да биде завршено најдоцна до мај 2014 година (за ова не сум сигурна, нема конкретни инфомрации по нетов туку лично тој ми кажа лани кога го чипирав моето, затоа и избрзав што се вика). Државата прави регистар на домашни миленици, секој миленик мора да е вакциниран од беснило и да има вградено чип, ако не следуваат казни. Казните незнам како би ги спроведувале, по врати ли ќе одат и ќе проверуваат незнам, ептен ми е нелогично. Незнам дали има некој рок до кој треба сите миленици во државава да бидат чипирани, Диме тогаш ми кажа така. Од луѓево со миленици што ги знам само дечко ми на неговото му има ставено друг никој не сум чула да има, а не сум чула ни некој да е казнет. Доколку има некој информација точна околу ова го молам да каже. Во врска храна за кучиња, јас ја хранам со храна за кучиња и барем еднаш во неделата и спремам домашен оброк. Моето куче има веќе 2 години, од расата ирски Сетер е и има 25 килограми, женка е. Ја хранам со Ројал Канин medium adault, вреќата чини околу 4000 денари. Има точно определено со мерица по колку треба да јаде на ден и така ми стига за два месеци, со тоа што има денови кога јаде домашна храна, заедно со тоа значи два месеци. Од домашна храна и приготвувам мелено месо или парчиња месо варени (пилешко, телешко) , во комбинација додавам морков (бидејќи жив не го јаде си игра со него морам вака) и ориз. Друго од зелечнук не јаде, како сакаш стави и го не јаде. И давам свински, телешки и јагнешки коски, претходно обарени секогаш. Од овошје голем љубител е на вишни, сама си се поткрева и си бере си ги јаде, семките ги плука, јаболко јаде само уз игра - т.е. ако и речеш да не го јаде. За девојката што прашуваше за самојадот и другото кутре - прво мораш веднаш на ветеринар да примат вакцини, веќе каснат за првата вакцина. После тоа треба да им се дадат уште две вакцини, од кои на едната терба да и се дава ревакцина секоја година потоа. Додека не ја примат втората вакцина не би требало да бидат надвор и да бидат изложени на контакт со други кучиња, а особено не во контакт со мачки. Ако веќе неможеш да ги чуваш внатре додека ја примат и втората вакцина гледај да ги заштитиш колку што можеш повеќе. Немора да значи дека ќе им се случи нешо меѓутоа станува збор за мерка на претпазливост, тогаш им е најслаб имунитетот и ако фатат нешто може да биде фатално. На оваа возраст па се до 6 месеци најдобро е да им даваш само храна за кучиња, внимавај храната што ќе ја купиш мора да биде junior - за мали кутриња. Таа храна е постина, во пет шоп или на ветеринар може да ти препорачаат за над 2 месеци. После 6 месеци можеш да им даваш коски, домашно приготвена храна специјално за нив и други видови на кучешка храна. Немој да им даваш млеко, леб, супи и зачинета храна, компир, манџи и остатоци од вашите јадења. Организмот на кучињата неможе да ја поднесе храната која ја јадеме ние. Информирај се и за апчиња против глисти на ветеринар, кога се мали кучињата доста често треба да им се даваат овие апчиња. Штом запролети мораш да им ставиш ампули против болви и крлежи. Незнам друго што да ти кажам, прашај ако и друго нешто те интересира. Во однос на тоа како да ги навикнеш да живеат заедно не се секирај, сами ќе си се навикнат, нормално е тоа. Обрнувај им на двете поеднакво внимание и третирај ги исто. Почни и да ги учиш на основните команди.