Јас бидејки појма немам од животни пак да прашам за да преживее кучето Пишав погоре чувам дома куче веќе една недела ама најголем проблем е со изметот каде што ке му текне таму оде и јас понего бришам, кажете решение каде, во што да врши нужда бидејки ако продолжи вака во двор ке го оставам.. И прочитав претходни страници не најдов ништо
Здраво на сите.Од вчера имам кутренце од расата сибирска хаска.старо е 2,5 месеци.Прв пат чувам куче дома и од оваа раса и секоја информација и совет ми е добредојден.Инаку се информирав доста пред да го земам кутрето,за да бидам колку толку подготвена.Му давам сува кучешка храна 3 пати на ден.ветеринарот ме советувасе да му давам по 250 гр на ден.имаме проблем со мочкањето и какањето.кај ке стигне тамуа.ве молам за совети како да го научам каде да кака и мочка....читав доста по темава....дека до втората вакцина не се препорачува шетање.Некој со повеке искуство со хаскиве да ме советува.Благодарам однапред Иначе еве ја мојата Прчла
Нема ρешение, мало е и уште не може да се оρиентиρа и да научи κаде тρеба да оди, наρеден пат после јадење саат два , ќе го пρатиш и κога ќе забележиш деκа се вρтκа, душκа во κρуг тоа значи деκа саκа да κаκа, ќе го земеш и ќе го однесеш на местото κаде што саκаш да се научи да вρши нужда и таκа се додела не научи.Моρа да поминете низ ова штом сте се нафатиле, моρа да ρазбеρеш деκа е одговоρност и деκа тоа моρа да се случива.За чистење тρеба да κоρистиш нешто што ќе го отстρани миρисот за да не надушκа тоа и паκ таму да оди, добρо е мешавина од оцет и вода.
Што не купите од тие пелените од Џамбо? Наместете му ја во тоалет или каде сакате, како крпа се постила. Наводно имале некоја специфична миризба која ги тера да вршат нужда на пелената (другар ми чува малтезерче и одкако го зема на месец ипол одма си се научи на пелените). Рече дека не биле скапи, му ја менува еднаш на ден, го собира изметот од неа само, а урината се упива и на крајот на денот ја фрла. Основно правило за вршењето нужда е дека веднаш мочкаат штом станат од спиење, а и по голема нужда одат тогаш. Распоредете му ги оброците правилно и ќе знаете кога од прилика треба да вршат нужда и ќе се снајдете полесно. Значи наутро штом се разбуди ќе врши нужда, потоа дајте му храна па неколку 2-4 саати после јадењето, па пак дајте му јадење па пак 2-4 саати, вечерта пак јадење и нужда. Малите кученца обично по 3-4 пати вржат голема нужда. Нема друго чаре, мали се и неможат и незнаат уште да се контролираат, исто ко бебе.
Вака сега јас ќе ти кажам како го научив моето ѓаволче....Јас сум во стан и немам двор за да го носам да си врши работа , на балконот му постелив од овие пелениве за кучиња(ги имаш во џамбо) и секогаш штом ќе си завршеше работа на пелената го наградував со храна(многу сака да јаде)ќе му дадев јаболко или морков ,никако од неговата кучешка храна. Внатре треба да го фатиш на дело да му викнеш гласно и тоа веднаш ќе престане да моча, кревај го , право надвор и чекај , како и нормално кога ќе си заврши работа дај му награда . Бидејќи претпоставувам дека си во куќа можеш на влезната врата да му закачиш ѕвонче и секое излегување за мочање и какање тропкај му со ѕвончето, но највашно е да те види што правиш, неколку пати и само ќе сфати што е работата. Јас веднаш после јадење и спиење го носев надвор. Доколку внатре изврши нужда мораш со оцет убаво да исчистиш е сеа ќе мириса ама подобро да оцет одколку на нешто друго. Се надевам ти помогнав некако
Вака женски ме интересира за патувањето во држави кои НЕ се во Европска Унија.Имам роднини во Србија и секое лето сум таму најмалку 1 месец,па ако земеме куче сигурно ќе дојде со нас.Значи Србија не е членка на ЕУ па со тоа незнам дали се менуваат правилата?Сигурно треба да има пасош,но дали треба да ја има примено вакцината против беснило итн..Секое искуство,коментар,мислење и совет е добредојден
Ќе појдеш кај ветеринар и ќе ти издаде потврда за излез од државата која што од прилика чини околу 1500 денари.
Луѓе јас имам едно прашање во врска со моето кутре.Моите уште од мало забележале дека задната десна нога ја накривува кога оди, јас искрено немав забележано и им велев дека им се причинува, тие велеа дека е од ноктите, зошто не даваше да му ги сечеме и му беа пораснале, не многу но онака ги гризаше и ветеринар му ги скрати, јас дури сега забележав дека стварно ја накривува нога, односно не цела нога туку само стапалото долу.Тој си е нормален, трча нормално. ни дозволува да го фаќаме за нога и сл. веројатно нема болка.Кастриран е инаку, така да тумор на тестиси е исклучен од можност.Дали мислите дека се работи за вроден деформитет или можеби некоја болест му се јавува, недај Боже.Имаме редовен ветеринарен преглед и досега ништо му нема забележано, а кај нас нема рентген за да го снимам.Исто нема преживеано повреда, го земавме ептен мало и здраво.Дали треба да се загрижам?
@1209 Ветеринарот да не исекол некој нокт погрешно па да не гази на таа страна ја криви ногата? Иначе јас сега се вратив од школо и кај Беки забележав дека окото и' е подзатворено. Не мислам дека е од умор зошто другото е нормално. Да не е инфекција? Прашав ветеринар по фб, но не знам за колку време ќе ми одговори, па ако има некој побрз одговор добродојден е.
Додека да ти одговори ветеринарот пробај со капки за очи оние ние што ги употребуваме. Јас често моите животинки ги третирам со лекови за луѓе и досега фала богу се е успешно. Вакво зацрвенето око имаше мојот мачор и го третирав со прокулин, му помина. Можеш и дексаметазон ако имаш дома.
Можеби се повредила во чешање па се зацрвенило.. Како што рече Далерон, пробај со прокулин и ветеринар тоа ќе ти го препорача. Ако немаш при рака, пребришувај и го окото со чај од камилица.
Papi нема видлива повρеда, ама мајκа ми вели деκа таа забележала уште пρед пρв пат да му ги κρатат ноκтите.Мене затоа ме загρижува, мада мислам деκа аκо го боли нема да дозволува да го фаќаме за неа, затоа ми е мене немој да е ρан симптом на неκоја билест.Тој си е супеρ онаκа, си јаде, κилажата му е ноρмала, игρа, спие, тρча...не знам стваρно ќе се јавиме сепаκ на ветеρинаρот.