Е не знам што би можело да е друго... Иначе, Диме кажа дека е механичка повреда и треба Хлоранфеникол.
Папи и моето маче беше исто така како со мрежа на окото, ама многу повеќе, дури на пола око му дојде некаде, и му стававме капки ветеринар му ги кажал на дечко ми, па после две недели редовно ставање, по 2-3 пати на ден му помина. Моето прашање е следно. Значи дома од некња војни водиме луѓе, ни јас ни мама не сме спиени салам. На моето кутре што е женско и дојде менструација, веќе некаде 10ти ден и е, а она у мај ќе праве 2 години. Значи питот ништо не и правеше само ќе ја полиже и подушка и толку ама од некња збесна буквално. Он е 2 и пол години и јасно е дека веќе треба да се паре, не е парен, но никако да му најдиме девојка, нема ни во Неготино ни во Кавадарци, а со кола да го носам подалеку нема шанси, не издржува во кола ни 2 минути, го фаќа нерва, бараме упорно уште, и од некња вечерта, почна да е опседнат со Луси, значи буквално до неа е 24/7 и ако му викнеме или ако му речеме не или па ако пробаме да го одделиме од неа почнува да рже. Синоќа за прв пат во неговиот живот цела ноќ спиеше со мене и Луси (обично спие 2-3 саата и си оде до мама и тато, секогаш!), на мојот кревет, значи спиев како месечина свиткана, цела сум укочена, овој не можевме да го извадиме од креветот, се залепил до Луси, и ако му се доближиме рже. Знам дека сега и се тие денови за парење, и испушта миризба и знам дека он полудува по тоа, и сакав да прашам дали ќе се смире малку ако ја носам доле кај дедо и баба на спиење на првиот кат, дали пак ќе шета како луд да ја бара, или ќе се смире и ќе си легне, пошто знам дека таа миризба што ја испуштаат женските кучиња може со километри да ја осетат мажјаците. Незнам како ќе ни помине следната недела, веќе еве 10ти ден и е на Луси, а он е како полуден и агресивен што воопшто не личе на него, он е помирен од неа, значи она му ги јаде ушите скока на неговиот грб го брка низ дома, а он само со рачето ја задева, ама сега е страшен дури ако му се доближиш додека е до неа, инаку е ист. И уште нешто една луда комшика и ја наполнила главата на мама дека можело срцето да му пукне на питот од нервоза што не може да се паре со неа и што се нервира што ја осеќал самата миризба, и сега ме терат сите вечер доле да ја симнам за да не се нервирал толку.... Значи од мравка прават слон, сите се стручњаци, јас прв пат слушам за вакво нешто, не е зајче он господе боже, магаре од 50 кила е, какво застанување на срце.
Анушка, ако не можеш да му најдеш партнерка, што се мачиш и што го измачуваш? Слободно кастрирај го и нема ни Луси да ја брка, ни да ви ржи. Да, кучињата знаат да се заљубат во други кучиња, но ја осеќа дека е женка у циклус и сака да ја спари ваљда... Што сакам да кажам, е ако не сакате да ги парите вашите миленици, да ги оставите со тој инстинкт е и нивна и ваша мака. Затоа, стелиризирајте/кастрирајте. Иначе луѓе, почнувам да паничам, окото на Беки посинува... Не сакам да престане да гледа, не сакам да не ги изживее најубавите моменти. И' ставам капки, Хлоранфеникол, камилица, неќе да се подобри. Денес по секоја цена ја носам до Центар, па гајле ми е колку е далеку од тука.
Ne go kastrirame poshto ako ne najdime pit kako nego ke mu najdime druga kuchka, brat mi postojano bara.Nema taka da go ostavime fala bogu, mene prasanjeto drugo mi beshe. A ti tvoeto nosi go vo veterinarnata ne cekaj da ne se vlosi situacija, daj boze pobrzo da mu pomine.
Доколку е механичка повреда потребна е интервенција (хируршка) и маст за очи Солкосерил. Сепак потребно е да се консултираш со стручни лица- офталмолог на пример.
Да можев, одма ќе ја однесев, ама немам кола. За пола саат ќе бидам во можност. Не знам како на друг начин да ги одвоиш, питот си има нагони сега, тие нагони ако се обидуваш да ги спречиш, го измачуваш и кучето... Затоа предложив кастрација.
Прегледана е, се изнагушка со Диме и за 1 недела ќе биде се' во ред. Кажа дека ќе и' оплави окото но со Хлоранфеникол ќе и помине.
Луѓе знаете ли дали е дозволено чување на милениче во студенските домови? Не мислам на некое поголемо, како куче или мачка, туку на желче, риби или папагалчиња. Познавате ли некој што чува некое такво милениче во дом? Бидејќи разбрав од комшиката дека на еден од погорните катови некој чувал папагал, сега и јас сакам да си го земам желчето...
Здраво имам едно прашање, да не знаете нешто против паѓање на крзното, почна да се митари, инаку кучето ми е Териерче има 8 месеци, може му е период ама пак ме интересира ако пак почне понатаму.
Каков териер? Има западношкотски бел, пченичен, германски ловен, ердел териер... Доколку го чуваш надвор, преиод му е, ако го чуваш внатре цело време ќе се митари ради температурата во домот.
http://www.dogsnaturallymagazine.com/cancer-causing-aflatoxins-found-in-dog-foods/ Еве ви втора причина зошто не смеете да им давате дехидрати на вашите кучиња. Во скоро сите храни има алфатоксините. Алфатоксините се наоѓаат во сите житарици, од пченка, пченица, ориз и тн. Со делумно примени алфатоксини кучето слабее, а со почесто примање на алфатоксини, кучето може да умре за неколку дена. Пазете со што ги храните кучињата.
http://www.euro-stil.com.mk/en/proi...olders/sprej-za-odviknuvanje-na-milenici.html дали некој го има користено спрејов ? дали е користен или е лажи пари безвеза
Не сум го испробала зошто знам дека не би функционирало на моето куче. Таа како мала не и' сметаа миризби, не правеше бељи на едно исто место ради миризбата на нејзината урина/измет. Некогаш ќе ја замрзеше да каже дека сака долу и ќе си завршеше работа на плочки. Но, еве, од 7 месеци веќе е големо куче и разбира дека не треба дома, туку надвор. (фали уште да разбере дека е големо куче... Ама тоа ќе биде никогаш) Како и да е, јас знам дека со безалкохолен оцет се средуваат работите и нема потреба да се фрлаат парите за вакви средства. Оцетот ја отстранува миризбата, а кучето ако не осети никаков мирис на неговата урина во домот, ќе бара место каде што му мирисало повеќе, а тоа е надвор.
Ве молам за одговор. јас имам папагал тигрицаа и е премногу мило сака постојаНо да игра и да се дружи си нас, но во последно седи во кафез и испушта некој чуден звук и го издолжува вратот нагоре. како да завива некако. од што може така да прави? знае некој?
Ова го најдов на интернет случајно,не сум од таму не можам да го вдомам се работи за кученце од расата cane corso(не знам дали точно ја напишав) ве молам споделете да си го најде и ова кученце својот дом<3 http://m.idividi.com.mk/News.aspx?IDNews=978701
Здраво, имам маче старо е окулу 6-7 месеци. Ми се разболе вчера и пред тој ден повраќаше ништо не јади и омалаксано е скрос. Бев во ветеринарна амбуланта ми рекоја апче за циста да му дадам половина, му дадов ама ме плаши што ништо не јади.
Да не мислиш апче за глисти? Му немаше дадено до сега? Природно и нормално е за животните да не јадат кога се болни, не го терај со сила. Ако продолжи да повраќа или да има дијареа однеси го на ветеринар повторно да не дехидрира.
Да мислев на глиста. И ветеринарот ме праша ама му немав дадено не ни знаев дека требало. Прашав еден ветеринар кога го зедов мачето дали треба да му дадам нешто тој ми рече не изгледа толку знаел и тој. Денес не повраќаше па сега ќе видиме.
Кога му го даде апчето? По 24 часа од давање на апчето, мачето ќе ги исфрли глистите.А до тогаш, бидејќи сигурна сум дека нема да сака ништо да јаде мораш да му даваш вода, па макар и со шприц зошто може да дехидрира.Инаку една препорака дома сите што сте во контакт со мачето држете постојано хигиена и миење раце зошто доколку има глисти тие се заразни.
Денес му го дадов пред од прилика 5-6 сати. Неќи ништо да пие му давав млеко, вода ништо неќи. Зато и ме плаши оти ништо не јади ништо не пие. А како да му давам вода со шприц?