Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    113
    сакам да ја прашам Doberman дали фурминаторот е добар за кокери? го гледав видеото, стварно одлично изгледа дека чешелов ја врши својата функција ;)
     
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Јас му закажав фризерај на Рикица мој кај Тошко во петок.
    Ќе биде како плишано бело меченце после тоа :lol:
     
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    113
    уууфффф имам многу прашања на темава.......имам кокерче, 4 месеци има, прво куче ми е и толку се ми е ново, се ме интересира...многу читам, ги прашувам ветеринарите ама никогаш не ми се доволни одговорите, а и секогаш следи одговорот : треба да си земете дресер, еве маж ми е дресер....за некои банални прашања.......

    Doberman ме загрижи, имаше претходно во темава за апчето за глисти и вакцината што се прима (мојот ветеринар во исто време и и го даде апчето и вакцината....... може ли да има негативни последици?????

    ова со гризењето се надевам е нормална работа, колку што читам сите во овој период гризат, па ајде некако се тешам,
    сакам да прашам, и во врска со шетање со каифче, моево дали дека е малечко или стварно му треба дресер??? ама шантра кога ќе однесам на улица, лево, десно...... и најчесто не сака да оди, ќе се вкотви на едно место и ни напред ни назад.....дали се плаши дали е малечко... незнаммммм

    имам уште мноооогу прашања, али да не навалам ептен....едно по едно :D
     
  4. alison

    alison Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    8

    за шетањето страв му е и јас првпат коа го изнесов моето.. мн му беше страв и плачеше да го земам во раце ... но после истиот ден значи дека е лепак за мене невиденн... ја почнав да трчам и он почна по мене и така се навикна сеа ме умара нон стоп да трчаме... и моево шантра хахаха те лево те десно па ке си застане па ке си седне па ке разгледува па се дешава и да си прилегне -.- а ја си чекам..
    иначе за тоа со вакцината и апчето дека мене ми направија така немав некои последици само ми беше некако ко успано ама му помина.. за гризањето сите гризаата овој период дека му растат заби па така да тоа е нормално :)))


    иначе мене дека ми е прв пат да го носам.. сеа нз. може ке звучи малку глупаво.. ама нвм.. :) дали да однесам слика да ми го шишаата така кутрево или ? мислам ке ме прашаат како што??
    :$ :sweat:

    п.с. јас денес земав од храната фрискис мислам.. т.е. мајками земала.. дали е добра?
    со се у неа е како у кесичка од веро или нз од кај ја земала.. има и витамини у неа.. и тие внатре топчињата се шаренки.. дали е ок или? имате некакви критики за таа храна? :) поззз
     
    На gluvarche му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Кај Тошко треба да закажеш порано неколку недели, бидејќи навистина е премногу зафатен, на ден по 4-5 кучиња шиша и бања, а плус и сега почна сезоната на изложбите, така да премногу има работа, али и Пепи е исто така солиден фризер, али сепак Тошко најубаво шиша.

    Во врска со храната,кажав што од домашна храна смееш да му даваш и гледај да не биде премногу зачинета.
    А освен сува кучешка храна ( ние кучкарите таквата сува храна ја викаме Дехидрат) постои и „течна„ храна, а тоа се конзервите, храната со сос во мали кесички и сл.
    Али нитуеден искусен кучкар како мене, нема да ти каже да купиш таква храна од конзерва или кесичка.
    А тоа е затоа што тие конзерви се со премногу конзерванси и воопшто не се хранливи, а многу кучиња добиваат алергии од конзервите.
    Во составот на конзервите има само минимални 4% месо, а останатиот 96% состав е вода и некои други материи, фактички кога ќе ја отвориш конзервата тоа внатре не е месо туку изгледа како да е месо.
    Во секој случај многу подобро е да му свариш пилешко месо отколку конзерва што е нехранлива и полна со конзерванси.

    Да, штом има веќе наполнето 3 месеци, можеш да му ставиш ампула.
    Од ампулите би ти препорачала да ставиш Frontline или Protector , али сепак Frоntline е подобар избор, и ќе му купиш ампула за до 10 килограми кучиња.
    Ампула можеш да купиш од Фауна центар кога ќе го однесеш на шишање кај Пепи, бидејќи салонот на Пепи се наоѓа во склоп со Фауна центар.

    Солзењето на очињата.Нормална појава, и да очекуваш наскоро влакната околу очите да му станат кафеави, а кафеави ќе му станат поради солзите. И скоро и да не постои бело куче а да нема кафеаво околу очите.
     
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Да, фактички Фурминаторот е одличен за сите раси на кучиња (а посебно е одличен за тие раси што имаат подвлакно, а Кокерот има подвлакно).
    И јас можам на мојата Пудла да и купам Фурминатор, али нема потреба затоа што Пудлите немаат подвлакно и се раса што најмалку пуштаат влакна, такада и обичната четка и чешел си ја вршат одлично работата.
     
    На gluvarche му/ѝ се допаѓа ова.
  7. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Потполно се сложувам со ова. Најлесно е отвори конзерва и дај му на кучето, ама многу подобро е да му свариш месо, јајца ( ама умерено ) .
     
  8. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Прво, браво за тебе што се интересираш и што сакаш да научиш за кучињата. :clap:
    Во врска со апчето,
    За да едно куче прими вакцина треба да биде потполно здраво и прочистено за да вакцината биде успешна, па според тоа, кучето треба да се прочисти 4-5 дена пред примањето на вакцината.
    Незнам зошто така направил вашиот ветеринар и го дал во исто време и вакцината и апчето за прочистување од внатрешни паразити (глисти) :^)
    Негативни последици секако дека може да има, а најнегативна последица би била неуспешна вакцинација :!:
    За гризењето е нормална појава во овој период кога има 4 месеци, бидејќи сега почнуваат да го чешаат непцата бидејќи му растат нови трајни заби, и наскоро ќе почнеш да наоѓаш млечни запчиња паднати низ домот.
    Купете му гумени играчки и со нив нека се занимава и со нив нека си игра.
    Никако не му дозволувајте вас да ве гризе или да ве тегне по алиштата, (иако изгледа како игра и голем дел од сопствениците тоа го занематуваат, сепак тоа е дел од дресурата и Алфа статусот).
    Да скоро сите кутриња додека се мали шантраат те лево те десно и неможат да држат прав правец додека одат.

    И сакам да им кажам на сите што имаат мали кутриња да избегнуваат да ги шетаат по угорници (на пример Водно) или по нерамни површини за да не им се искриви костурот и нозете (ова повеќе важи за поголемите и потешки раси, али сепак е добро за превентива да се знае).
     
    На gluvarche му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Ех alison, алал да ти е баш ме насмеа со сликата :lol:
    Нема потреба слика да носиш бидејќи твоето е само 3 месеци старо и нема некоја си голема длака за да може да се прават фризури од неа, а и општо за Малтезерите нема некои си посебни фризури (како што има на пример за Пудлата).
    Се знае фризурата за Малтезер, кратко потшишано со оставена длака на главата и опашката и тоа е тоа, кај Малтезерите неможе да се прават различни фризури како што може кај Пудлата.

    Храната Фрискис исто како и Педигре, не е добра бидејќи тие што ги викаш ти „шарени топчиња„ се само обоени со вештачка боја за да изгледаат шарено.
    Фрискис во составот е слаба, има мал процент на месо и многу вештачки бои и конзерванси.
    Со таквата храна само можеш да му го наполниш желудникот колку да не биде гладно, но нема да внесе никакви витамини и хранливи состојки.

    Јас секогаш препорачувам или квалитетна сува кучешка храна (Дехидрат) со висок процент на месо и хранливи состојки или домашна готвена храна.
    Ако не мислиш да му купуваш квалитетна храна на кутрето твое (квалитетни се Royal Canin, Eukanuba, Purina ProPlan, Bosch, Brit, Belcando...) подобро е да му даваш домашна храна за него подготвена, отколку ефтина храна без никакви хранливи материи :!:
     
    На gluvarche му/ѝ се допаѓа ова.
  10. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    113
    Doberman може во исто време му го дале апчето зашто тоа имаше претходно примено едно такво апче........ али ете очекуваш дека си ја знаат својата работа и се препушташ на „довербата“......

    фала за одговорите :)
     
  11. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Безразлика што претходно имало примено апче тоа апче важело за првата вакцина, а за втората вакцина (ревакцина) требале да ја повторат истата постапка, 4-5 дена се дава апчето пред вакцинирањето.
    Истото важи и за возрасните кучиња кога ја примаат вакцината за имунитет што се става еднаш годишно, и на возрасните кучиња им се дава апче/апчиња (во зависност од килажата) 4-5 дена пред примањето на вакцината.

    А за ампулата претходно што ме прашуваше alison заборавив да напоменам дека ампулата се нанесува горе кај вратот за да кучето не може да се лиже на тоа место.
    И кожата на кучето треба да биде 100% сува, односно ако се избања кучето во наредните 48 часа (2 дена) не смее да се става ампулата бидејќи нема добро да навлезе во кожата и нема да биде ефикасна.
    И ампулата се нанесува директно на кожата :!:
     
  12. alison

    alison Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    8


    хахаха знам ама сепак.. нејкам краткоо да ми го ишишаат ке ми биде како офцичкаа послее.. ке ми биде жаааллл иначе не планирам да му давам ефтина храна.. ама мајками ја земала тааа а ја истиот ден си земев од ројал.. и сеаа иам и од двете.. а за готвена храна.. му давам некогаш од ручекот затоа што не јадеме мн зачинета храна.. па и некогаш му давам.. иначе за тоа околу очите што имаш спомнато у предходните постови знам.. му се имаат на моето одамна .. и ме нер некако :/ алиии тоа е тоа..
     
  13. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Добермаааан :) да те прашам нешто...утре ќе јадеме риба ослич, а мојата лепотица е 2 месеци и 11 дена. Дали таа смее да јаде и ако да како да се припрема? И дали смее да јаде компири? Плис пиши, за да не ја нахранам додека да пишеш :lol: :* Тенкс :*
     
  14. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Да, Осличот е одличен, слободно можеш да и дадеш.
    Осличот може да биде пржен, но сепак подобро е да биде варен со малку сол во водата.
    И со рибата можеш да и свариш ориз и морковче, тоа ќе и биде супер оброк.
    Да, компири може да јаде но тие да бидат варени, немој да и даваш пржени.
     
  15. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    хах...цццц...моето куче може сега да ја сонува рибата...утрово му дадов млеко :tmi: и сега не смее риба...ццццц.ц....ајде утре :)
     
  16. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    113
    јас пак со прашања :) финтата со микрочипот кај кучињата колку го олеснува џебот? и дали тоа значи дека во случај да се изгуби можеш да го најдеш каде е? дали е можно тоа кај секој ветеринар да се направи или има некои посебно што го работат тоа? ;)
     
  17. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    74
    Пак јас со прашање за Доберман.
    Кученцето цело време се чеша на стомачето. Не може да престане и гледам како закоравена кожичка вади. Кога го носев на ветеринар да ми го вакцинараат и прашав од што му е и тој мутавиот ми вика -абее нема гајле си се чеша и ми го удри по главчето- :@
    Ке го носам на др ветеринар ама во моето место нема па треба да најдам слободен ден (сабота веројатно) за да отидам во друг град.
    Од што ми се шека така ? :(
     
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Доберман бидејќи напомена дека си и дресер сакам да ми дадеш совет.
    10 месечен лабрадор, премногу влече кога го држам на ланец, неможам да го сопрам претерано влече дури и неможам да го шетам. Друга работа, можам да го пуштам од ланец само кога е во друштво со друго куче затоа што бега, трча кај сака и скока по луѓе, не реагира на команди кога е надвор, му викаш дојди, го мамиш со храна нејќе ни да чуе, па дури и ме лае :@ едвај со сила го бркам и го собирам.
    Па сподели некој совет како да го променам тоа, кога беше помал нормално се движеше и не се двоеше, како што порасна се потешко е, му купив и градник као демек помалце ќе влече, исто, го скина :D
     
  19. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Може да има многу причини поради кои се чеша, затоа најдобро е да го однесеш на друг постручен ветеринар.
    Мене прво што ми паѓа на памет, можеби има надворешна габична инфекција и затоа се чеша.
    Али вака само од зборење, неможам да кажам точно што му е на твоето куче бидејќи треба да се види на лице место местото кое го чеша, такада однеси го на друг ветеринар да видат на лице место и да дадат дијагноза.
     
  20. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Микрочип може да се стави кај секој ветеринар и микрочипот кошта од 1.000 до 1.500 денари.
    Микрочипот служи за идентификација на кучето, и доколку се изгуби или некој ти го украде, со помош на податоците што ги има во микрочипот на кучето ќе можеш да докажеш дека тоа е твоето куче.
    Инаку како што кажав во микрочипот ги има само информациите за кучето и за вас, и служи само за да се идентификува кучето, но доколку го изгубиш кучето микрочипот нема опција да го следи кучето каде се наоѓа во моментот.
     
    На gluvarche му/ѝ се допаѓа ова.