Работи што ги прават луѓето на кучињата, а би требало да се забранети: 1. Врзување на кучето надвор- ова не само што го уништува кучето психички, туку има опасност од повреди. 2. Купување кутре од пет шоп или одгледувачница за повеќе раси на кучиња- овие нехумани трговии на кутриња ги чуваат кучињата во мали кафези, без свежа вода и минимална количина на храна. Пет шоповите СЕКОГАШ ги купуваат кутрињата од овие одгледувачници. Светот се бори против нив и спречува да се купуваат кутриња од нив. 3. Отстранување на гласните жици за да се спречи кучето од лаење- односно, буквално вадење глас и кучето шепка, кога ќе сака да лае. Некои ова го сметаат за нормално НО ВЕРУВАЈТЕ, ВООПШТО НЕ Е! 4. Чоук и пронг огрлици- сакате да ја повредите трахеата на вашето куче? Слободно земете вакви огрлици! Проблеми цела редица ќе имате со трошење 100-300 денари за оваа глупост. 5. Електрични огрлици- не знам што им е точната намена, но со сигурност кажувам дека ЕО ги нарушуваат психички кучињата, и не само тоа, за кусур, кучето има изгореница на вратот која што може да доведе до сериозни последици.
Папи,се убаво со реченицава,ама еве мојава се` слуша,разбира од Не,ама пак скока. Си мислам во претходниот живот човек била,стално на две нозе.
За отстранувањето на гласни жици прв пат слушам. Бог да чува, па зар и такви луѓе има, кои им ги вадат гласните жици на кутрите кучиња. Срамота! Сведок сум на многу луѓе кои свои кучиња ги чуваат врзани, надвор на ладно. Па, и тие се суштества, што заслужиле да живеат на таков суров начин.
@Marossa земи храна, како за почеток, кажи и' да седи. Така, секогаш ако сака да скокне, ти ќе кажеш да седне. Беки, на пример скока, ама си има граници. Кога се враќам од школо, само ги става предните шепи во мои раце и се радува, па ќе се симне, ќе се изгушкаме и на крај ќе ми ја даде распарталената топка која што повеќе личи на парче гума за да си игра. Тоа ни е рутина. А, порано и' се случуваше да скокне ако држам храна, но и' покажав дека храна добива само ако седне. Така, сега чим имам храна, ќе седне пред мене, ќе ги ококори очињата и ќе ме моли за храна. @Sunshine.Sunshine Јас живеам во порурална средина и замисли колку се нервирам. Баш пред малку кога се враќав галев кутре врзано... Тоа не го погледнувале, смрди неговото место на измет. Кога можам му давам храна... По пат има една куќа со 5 врзани Малиноа кои се смрзнуваа во зимата. Исто така има куќа со 2 кучиња, едно во бокс, друго врзано. Тоа во бокс сум го видела еднаш пуштено да трча, ама врзаното не. На улицата каде што живеам ни едно куче не е врзано, ја искусиле мојата досадност, но кога е за добро за кучиња има да бидам досадна, бетер од 100 муви и 100 комарци.
Дали некој знае да ми каже за што може да се работи,го најдовме вучјакот умрен со подуен стомак.Нема пена на устата незнам дали може да е отруено
Скокањето е дел од играта, и мојата овчарка е иста. Сешто пробав да ја одвикнам и на крај престанав и се навикнав, па сега нејзиното скокање го гледам како прегратка Мојата почнав да ја дресирам од мала, основни команди знае, но сеуште учиме иако има година ипол. Јас мислам дека никогаш не е касно, оваа раса е многу паметна и многу брзо учат. Но, истотака се многу енергични кучиња, па секој ден им треба шетање и игра. Не е доволно само љубов, туку треба да се има и време за внимание.
Дали κа Дали јадел пилешκи κосκи или дρ сκоρо вρеме?Многу ми е жал знам κолκу е болно да изгубиш милениκ.
Има ли некој куче МОПС да ми каже нешто повеќе за него. Дали се митари многу, дали мора да се чува внатре или може и надвор, каков карактер имаат...
Не моρа да има пена κаκо знаκ за отρуеност...мислам деκа може да го однесете на обдуκција κај ветеρинаρ, аκо постои таκва опција κај нас, мада сеκаκо тоа нема да ви помогме, аκо сте го чувсле надвоρ можно е дс го оρовиле или паκ да имал неκоја болест за κоја не сте знаеле.
Немам мопс, но информирана сум за нив и едно време помагав во грижа со другарка за такво куче. Ако си чиста, уредна, активна и осетлива на мириси, тогаш дефинитивно НЕ СИ за мопс. Многу смрдат, имаат мрсули, горелки, гасови и се премногу мрзливи. Овие кучиња сакаат да седат во скут и да се галат со сопственикот. Многу се митарат, но тоа со фурминатор се решава. Тешко дишат, имаат срцеви маани, склони се кон болести на очите и настинки. Кучињата со рамни фаци многу тешко го претрпуваат жешкото време, затоа преку лето мора да биде на свежо и да не биде многу на сонце. Комплицирана раса се само околу грижата. Во карактер се многу мирни, лојални и приврзани, особено женките. Многу лесно се сложуваат со други животни ако се рано социјализирани. Еве, мопсот кој го шетав живееше со сијамски мачор и многу се сложуваа, се сакаа. Исто така, треба многу да се внимава на исхраната зошто лесно се дебелеат.
Ептен имам мерак на мопс, и ако купам би го чувала кај дечко ми, ама тој е многу, ама ептен многу осетлив на влакна, не сака да му се прави лом по дома, а мрсулите, гасовите не знам како би ги поднел, па единствено би се согласил да го чуваме надвор. Ама знам дека посебно зимно време би било проблем да се чува надвор. Знам дека поради сплеснатото муце има проблеми со дишењето. Ти благодарам за советот, ке размислам, не сакам да дадам пари за него и општо да го купам па да го препродавам или да го оставам надвор да се мачи,многу сакам животни па не би можела да поднесам да му го комплицирам здравјето на животинчето. Можеби мопсот ќе ми остане голема љубов а неговото чување неостварена желба. Подобро да барам куче кое се чува надвор и кое не е толку комплицирано и осетливо.
Куче со мал раст НИКАКО надвор. Јас не препорачувам да се чува ни куче со голем раст надвор зошто е мета на крадци и отрови. А, и кое куче не сака да биде со сопственикот? Единствено, ако мора да биде надвор земете Чау Чау. Многу самостојни кучиња се, тврдоглави и се приврзани кон куќата повеќе одколку кон сопственикот. Дупло крзно имаат и немаат проблем во зима. А, куче што не смрди и не се митари е Пудлата. Многу интелигентни и спремни да направат се' за сопственикот. Исто така, види го Вајмаранерот. Тоа е германски птичар, не смрди, еден слој меко, мазно влакно кое што не паѓа многу. Прекрасни кучиња се, но растат над 60 цм. Еве ги: Вижлата, како Вајмаранерот не смрди многу, но не сум видела во Македонија такво куче. Како и да е, може да се набави. Еве ги: Едит: Исто така, кучиња што помалку се митарат се Ердел Териерите. Јас имам таков примерок, женка. Но, не би ти препорачала зошто кучињава се ЕКСТРЕМНИ. Ќе трчаат, ќе се глупираат 10 саати и тек тогаш ќе се изморат. Премногу се интелигентни, но тврдоглави, што значи не се за меки карактери. Треба да им се поке кој е главен, инаку куќата по нивно издекорирана ќе биде. Мора дресура, што ја прави ситуацијата потрагична зошто ќе прават будала од тебе. Но, ако се почне рано, ќе се постигне. На почетокот дека беше мала, со слатки невини очиња потешко ни беше да и' оддолееме, но се навикнавме. Како и да е, Ерделите се бесни, шашави кловнови во кучешкиот свет. Сакаат сопственикот да се смее на нивните глупости, кои што немаат крај. Едноставно, една после друга идат 90% од денот ти е поминат со смеење на глупостите на кучето.
Јас имам мешанче од пудла и неκој теρиеρ и можам да потвρдам деκа не смρди. напρотив миρиса убаво дуρи, многу е чисто и освен со влаκна со дρ. немам пρоблеми.
Имавме прво желба за лабрадор да чуваме т.е тоа беше моја и на сестра ми ама моите несакаат толку големо куче за дома,а јас сакам дома да го чуваме па треба некоја помала раса.Мислевме за бигл и на мајка ми и се допаѓа и на нас,па можат ли да се најдат во Македонија,кои им се карактеристиките и сл.Ако може некој да ми објасни,би ви била многу благодарна.
Ќе ги кажам прво лошите страни на Биглот. Биглот лае, завива нон стоп, па ако не сакате бучава дома, не сте за Бигл. Најгласни кучиња се, имаше еден форумџија што зема Бигл, го огласи за 10 дена зошто премногу лаел преку ноќ. (Не од овој форум) Исто така, мирисаат и се митарат многу. Треба МНОГУ да се внимава на исхраната зошто лесно се угојуваат. Од друга страна, Биглот е бр. 1 фамилијарно куче, што значи дека се приврзува за цело семејство, не само за еден член од семејството. Обожава деца и лесно се сложува со други животни. Главно, здрава раса е и не е склона кон генетски болести.
Сaкaм пoмoш Мoетo пaпaгaлче летaјќи е удри вo зид. Крилoтo му е издигнaтo му се тресе. Вaкa изгледa кaкo нa oвaa сликa http://s3.amazonaws.com/f01.justanswer.com/lisasings/2009-04-26_144254_Blue_2.jpg нњ функциoнирa вooпштo, не летa не гo испрaвувa кaкo другoтo. Вчерa имaше крв сo клунчетo кaкo дa е вaделo пердув нештo сличнo ... Му стaвив хидрoген зa рaни и хидрoциклин, кoгa гo мaсирaв ништo,не реaгирaше. Нo пoтoa глaснo цифкaње и тoa беше се .
Дали знаете каде во Скопје може да се најде Frontliner спреј против болви? Или пак било кој друг спреј кој е навистина ефективен. Неопетроид не помага во случајов.
Вака..Мојата ситуација е многу сложена.Може сте забележале низ форумов цело време пишував дека сакам да земам куче дека сме пред земање но никако да бидне,моите цело време одовлекуваа.Не дека неќат куче или дека ги мразат,само сметаат дека е преголема обврска која ние не ќе можеме да ја завршиме исто така сметаат и дека немам услови ,,сме немале кај да го чуваме'' а имаме голем двор,голема куќа и плац.Ама проблемот е што во плацот веќе е на чичо кучето,а доаѓаат и многу муштерии па кучето на чичко ми е цело време врзано.И ајде после долго време седнавме денес да разговараме во врска со куче и сеа татко ми како и порано сме немале услови ова,она..И јас го убедував и на крај се согласи,но се виде дека не е 100% согласен,само колку да ни ја исполни желбата.И ни рече стојте на тоа што ветивте,јас обврска околу кучето не зимам вие ќе го шетате,храните..И сеа најдовме најава за легло на Реклама 5 за 1 недела ќе се родат кучињата и после 1ипол-2 месеци ќе ги земеме ваљда.Но проблемот е ова татко ми смета дека ќе си направиме големи проблеми со кучето.Ќе се дави со кучето на чичко ми,ќе ги нападне муштериите,ќе ги задави козите на комшијата кои се пуштени на полјанката,ќе касне некого и уште ред други работи..И сега сака да биде кучето на ланец,а јас никако не го сакам тоа.И сега јас кога ќе го донесат можам да направам и ќе направам нешто да не биде врзано тоа ќе се реши,ако треба во раце ќе го чувам ама врзано НЕ ГО ДАВАМ.И сега прашањето ми е како да го убедиме татко ми дека ние НАВИСТИНА ќе се грижиме за кучето,тој смета дека само 1-2 месеци додека не ни помине меракот и толку,НО НЕ Е ТАКА.МНОГУ САКАМ КУЧЕ И СУМ СПРЕМНА ЗА СИТЕ ОБВРСКИ КОИ ШТО СЛЕДУВААТ СО ТОА МИЛО СУШТЕСТВО. Едит:Немојте да сфатите погрешно за тоа на ланец дека ќе го држиме,јас тоа не го дозволувам.Му предложив на татко ми заградиме еден простор од дворот и таму да си седи,да не им досаѓа на чичко ми и стрина ми.Сега за тоа размислуваме.
@#Maksi Не можете да земете поминијатурна раса, како за почеток и дома да го чувате? Јас малце се зезнав што земав Ердел териер, особено со тоа кога ќе искака "нешто" на непотребно место, тоа треба да го собирам а е ПРЕГОЛЕМО. Или пак, не е свесна колку е голема и често и' се случува да ме издише или турне, или удри додека си играме. Мало кутре=помала обврска. Евентуално, ако сакаш голем раст куче, земи некое со посмирен карактер. На пример, Бигл не би ти препорачала, зошто премногу лаат, трчаат и беснеат. И да, која раса мислите да ја земете? Да ти дадам повеќе инфо.