Кучкарите си имаат едно правило: не верувај во збор што ти е кажан од продавач во пет шоп. Нив им е работата да продаваат, се прават дека знаат, а не знаат. Секогаш бирај ја ампулата според тежината на твоето куче. И како не знаеш за неговата тежина? Не го носиш на прегледи, не му даваш апчиња против глисти? Се става само кај делот на вратот и тоа каде што поминува рбетот. Јас знам и поефикасна која што штити од внатрешни и надворешни паразити (вкупно 11). Од внатрешни паразити штити 3 месеци од надворешни 2,5 месеци. Адвокат се викаат, најдобри во светот се. Пред месец дена почнаа да се увазуваат во Македонија, чинам. 25 евра една туба ампула, 100 евра цело пакување 4 ампули.
Јас до пред 1 година купував таблети што делуваа и на внатрешни и на надворешни паразити, и беа прилично евтини. 3-4 пати купив и повеќе не најдов, да не знае некоја дали се безбедни за кучињата (си мислам можеби не беа па затоа не се користат повеќе) и ако се дали некаде ги има?
за @Papillon.Papi Кучето го вдомив . Ново ми е . Нонстоп вдомувам улични животни. И така не знам колку тежи точно до грам. Му ставив од таа што ја купив. Човекот покрај што е продавач, и ветринар е , негова е продавницата
Што има врска ако е вдомено или не? Што е разликата меѓу вдомено и купено куче? Вдомените не смеат да бидат носени на прегледи, не смеат да примаат вакцини? Мислиш ние со расно куче му ја знаеме тежината без да видиме колку е тешко? Да, си има стандарди, но секојдневно треба да се одржува таа тежина, ја носам на прегледи или дома на вага ја ставам да видам дали е во форма. Не секој ветеринар е ветеринар. Од кој град си и како се вика ветеринарната станица каде што тој работи? Ако одиш кај тој ветеринар, смени го. Доколку си од Скопје оди кај др. Диме во Ветеринарен Центар. Неговиот тим е навистина посветен кон животните и сите миленици што сум ги имала кај нив ги носам. Се гледа од километар дека ветеринаров што те "советувал" нема абер од ветеринар. Одлично што си му ставила сега ако е ошеметено од ампулата не се чуди. На кого пишувам само не знам... Знам дека би можело последици да има од предозирање на ампула. Го жалам кутрето.
Вдомив улична кучка, која што беше бремена, се породи на 8 Мај. Е сега забележувам дека крзното на вратот и е паднато, во форма на круг (значи не се работи за митарење). Моето прашање е дали е можно тоа да е резултат од бременоста и породувањето (пад на хормоните) или пак се работи за кожна болест? До сега само и имам дадено апче за од глисти и ампула за надворешни паразити, па чекам кученцата да почнат самостојно да јадат, за да викнам ветеринар комплетно да ја прегледа и да и ги удри вакцините. Да чекам или да реагирам предвреме?
Има рана или закравена кожа во тој дел? Однеси ја на ветеринар за секој случај. Боље спречити него лечити.
Тоа одма нема да реагира. Ампулата треба да навлезе во крвта. За да навлезе во крвта треба да поминат 48 часа и од тогаш ампулата ја врши работата. Затоа кажуваат два дена откога ќе се стави ампулата кучето да не се мокри.
<a href="http://forum.femina.mk/threads/%D0%93%D1%80%D0%B8%D0%B6%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%B4%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D1%88%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8.4925/page-14#post-408293">Грижа за домашните миленици</a> #263 дали сеуште не е дозволено превоз на миленичињата во автобусите на јсп?
Преправај се дека си слепа, а кучето ти е водич. Ако е мал раст и се чудат зошто ти преправај се дека не знаеш дека мало куче ти дале (или мачка). Шала на страна, мислам дека нема да те пуштат во автобус освен ако немаш транспортер.
Незнам дали е за оваа тема но ми треба помош.Имам папагал тигрица.Цел ден треми не зборува не свири и сега почна да се треси незнам што да правам.помош...
Моите вака кога правеа, ги однесов на вет и ми препорачаа капки за живина. Како и да е, не знам што точно може да биде преку нет, така да на вет ти е посигурно. Ние тука не сме професионалци.
Имам лабрадор 2 и пол години. Во зима на лабрадорите им расти втор слој на крзно и им станува екстра густо крзното и сега дури да му падни не можам чаре да му најдам врие од крлежи! Се обидувам да му вадам колку што можам внимателно, ама не ми седи го боли. Бев на ветеринар ми рекоја дека прво мора да се исчисти пред да земам ампула или ремче за против крлежи, и ми дадоја ампула за да го искапам. Го искапив и пак има крлежи.. Ќе одам денојве пак да прашам, ама не ми се многу сигурни овие ветеринарите во Битола затоа тука да си прашам да не има некое плус чаре. Жал ми е го боли го чеша..