Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.632
    Допаѓања:
    33.240
    Пол:
    Женски
    ок.сигурно си е сигурно,ама јас па сега гледам резлутат поча да си игра со ѕвончето и со огледало
     
  2. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Нема врска дека мора да се исчисти пред да се стави ампула. Но, зборам за ампулите кои се ставаат на врат, а не оние кои се користат како купка за банање. Делуваат подкожно и болвите и крлежите умираат кога цицаат крв. Лично сум се уверила, куче полно крлежи-ампула и нареден ден - ништо.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Luna.Lovegood

    Luna.Lovegood Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Па моето куче кога има крлежи обично го носам на ветеринар и одма му ги вадат и му ставаат ампула.Чаре не го пуштај во високи треви или да лежи нанив.Тоа е тоа што можам да ти кажам.
     
  4. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    @viki-dete Знам за тие ампули ама сериозно не му делуваат. Минатото лето две му кладов. И тоа ми беше страв оти нели тие треба на 3-4 месеци да се клават, ама ко му ја кладов првата значи сериозно никаков ефект немаше. Освен таму во пределот кај вратот, на другите места не се исчисти. И после ојдов пак прашав дали смеј уште една. И уште една по две недели му кладов и ништо... Исти се ампулите сегде ваљда не знам оти вака.

    А за да го однесам на ветеринар не можам, многу се плаши од ветеринари и не одиме освен скраја било кога ќе мора. В треви оди... Голем е ме трга, сака да трчка низ трева.. Не знам.
     
  5. Luna.Lovegood

    Luna.Lovegood Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Eпа врзи го на ланец.Затоа што тој од тревите му се крлежите.
     
  6. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Земи шприц и исечи го врвот на шприцот(тоа цуфчето од каде што се апсорбира течноста) Стави го шприцот околу крлежот и апсорбирај го како течност. Ќе се извадат отровите од крлежот, а и крлежот. Многу е брзо и ефикасно.
     
    На s1a1n1d1r1a1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    @s1a1n1d1r1a1 ампулите не делувааат кај секое куче. Како што луѓето имааат различна кожа, така и кучињата. Пробај со ланче против крлежи. Треба само да внимаваш да биде ланчето прилепено до кожатана кучето, не да има 2 прстаили да лежи на крзното, туку прилепено.
     
    На s1a1n1d1r1a1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Имам златна рипка ја купив пред еден месец и кога ја земав во продавницата беше една од најмалите златни рипки.
    Ми рече продавачот да и ставам по 5-6 зрнца од храната ( некои кафеави топченца се ) сега рибата ми е малку порасната и кога и ги ставам тие 5-6 топченца одма ги јаде подоцна и доставам уште едно 2 но незнам дали да и ја зголемам дозата страв ми е да не умре.Некој искуство со ова ?
     
  9. WildOnes55

    WildOnes55 Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2015
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    95
    Пол:
    Женски
    Немој да и ја зголемуваш дозата, истиот случај имав и јас и по 1 месец умре. Позз
     
  10. WildOnes55

    WildOnes55 Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2015
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    95
    Пол:
    Женски
    Ако сакате да му го извадите крлежот, пред тоа ставете на местото 2-3 капки зејтин, малку ќе омекне. Инаку јас на моето куче сама му ги вадам но бидете внимателни да не остане некој дел. Позз
     
  11. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    И јас на мојата и' ги вадев дома. Со алкохол и пинцета, зашто многу ретко фаќа крлежи. Периодов и нема крлежи, ради постојаното дејство на ампула.
     
  12. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Ајде сите што сте чувале мачор помогнете. Значи прв пат имам мачор дома, пред тоа секогаш имав мачки. Гледам дека мачорите се подиви од мачките, во смисла неќе многу да се гали, сака да биде независен, неќе да го замараш...го сфатив тоа и го оставам. Ама последните два дена нешто чудно се случува со мојот мачор. Исклучиво дома го чувам, пошо имам лошо искуство, ги трујат мачките кај мене на улица и некам истата судбина да ми го снајде како предходното маче. Ама, во последните два дена неможам да го задржам а има само дваипол месеци, најмногу три. Луѓе завива, само што ќе ја отворам вратата бега, трче надвор. По дома уште ми нема почнато да мочка насекаде, ама премногу се нервирам вака кога го гледам. Незнам дали сака само надвор или сака женски да брка. Сам нема шанси да го пуштам, затоа што кажав страв ми е дека ке го отрујат. Татко ми е ветеринар, зборевме за кастрација (против која е, кога станува збор за мое милениче) ама нема да има другототоа секако. Ама сепак ми вика рано е, 2ипол, 3 месеци има, а јас неможам да го задржам,мирен е само кога ке му се преспие. Ај споделете некои искуства?
     
  13. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    @Angel.girl јас сите мачки што сум ги имала (над 5) беа диви, најмногу гребеа и касаа се' до стелиризација, а сите мачори што сум ги имала, гмечи ги гњави ги, траат и трпат. Кастрација може над 1 година, сега нема нагони, буквално бебе е. И ќе те прашам, сигурна си дека е машко? Сите мачори што сум ги чувала и сретнувала биле најмирни суштества на свет. И расно е мачето или го вдомивте? Обично нерасните мачки се поактивни (тука ги исклучувам сијамските, на нив во крв им е да бидат активни и гласни). Купувај му играчки и посветувај најмногу внимание на играта. За трошење енергија можеш на алиекспрес да побараш, мислам дека има тркала за мачки. Секој ден да трча на тркалото и ќе ја истроши енергијата.
     
  14. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Ох @Papillon.Papi сигурна сум дека е машко, ти кажав татко ми е ветеринар. Ова е такво, каса, се качува насекаде...ама не ми е проблем тоа, кога ќе му кажам не престанува. Ама вчера и денес е неподносливо значи буквално стое на прозор или пред врата и завива. Има премногу играчки ама еве го не е заинтересиран. Неќе да си игра незнам што му стана. Мене стварно ми е жал што не го пуштам надвор, ама верувам сите разбирате дека не сакам да го гледам пак во агонија како се маче и да се молам да преживее. Незнам дали грешам, жал ми е, ама вака дома знам дека е гледано, чувано, му се обрнува внимание. Максимално пазиме на него, од исхрана, па се до прочистување, витамини и такви работи. Инаку мачорот не е расен, го вдомив.
     
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.780
    Допаѓања:
    169.548
    Пол:
    Женски
    @s1a1n1d1r1a1 земи имаш пудри и други хемикалии од кои сами паѓаат крлежите ама ако немаш во моментот искористи киселина на памук, помини врз местото кај шо е крлежот да се навлажни од киселината и се насобира од неа и самиот паѓа (умира накратко) :D
     
  16. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Има врска каква киселина? Винска, јаболкова.. Или небитно? :lol:
     
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.780
    Допаѓања:
    169.548
    Пол:
    Женски
    мислам дека нема врска, каква имавме ние при рака на почеток, со таква ставаше тато :D
     
    На s1a1n1d1r1a1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    @Angel.girl јас сум израсната со нерасни мачки, сите што сум ги чувала неќеа дома (единствено за спиење сакаа). Значи, немаше мачка која сакаше да дреме во скут и да се гали цело време, сите беа бесни, затоа и повеќе во едно време чував (на пример нестелиризирана мачка ќе се породи, едно ќе зачувам за себе, останатите ги подарувам) за мачката да не биде сама. А, и на 12 недели ги раздавав, така да откачени беа од цицка и мачката можеше да се стелиризира. Си имаа занимација цело време, заедно играа или се сончаа, шетаа по комшилук и тн. Да не го тупам, сакам само да ти кажам дека нерасна мачка никогаш нема да биде природно мрзлива како персииската.
     
  19. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Ништо, ќе пробам со мене да го носам надвор, да не му давам да забегува по други дворови, пошо нели не сите сакаат животни, и им сметале...друга тема е тоа. Инаку има моево братче, заедно ги вдомивме и двете со дечко ми. Секој ден се заедно, еве сеа се заедно не мајуче толку, си игра со него. Ќе пробам така.Само со мене надвор. Знам дека сака надвор, ама од страв неможам да го пуштам
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    И мене така ми беше на почетоков. Спасив маче, месец дена беше и сакав дома да го чувам. Го прибрав, не поседи пола саат веднаш пред врата. На крај ризикувавме надвор да ја чуваме и по некоја среќа, еве ја мачката полни 7 години е, жива и здрава е.
     
    На cooll му/ѝ се допаѓа ова.