Малце се исчистивме ама сеуште не целосно. Ама сепак мислам дека во овај период од годината и неизбежно е да има крлежи посебно бидејќи живее во двор. Му ги вадам колку што можам повеќе постојано, чекам да се стопли да го искапам пак и тоа е тоа.. Ама битно многу го сакам и нема така да го оставам да пати
Женски помош. Вчера си земав маченце, но денес забележувам дека едното око му солзи и му е благо црвенко и затворено. Мислам дека е последица на тоа што вчера се криеше добри 3 саати позади троседот и под кревет па му влегла прашина во окцето. Дали да го носам на ветеринар или само ќе му помине?
Ако продолжи и денес и ако евентуално се влоши, однеси го обавезно. Ако не, најверојатно не е ништо страшно. Побарај на google види што пишува дали е можно да е прашинка
Повреда на едното око значи механичка повреда. Јави се на ветеринар, ќе ти каже со што да го третираш окото. Моето куче се имаше изгребано на окото со ноктот и му стававме хлоранфеникол на внатрешноста од долниот очен капак. За мачиња не знам, мачката моја така никогаш не се повредила.
не ми изгледа на повреда, баш е весело мачево, само е црвено и подзатворено и гледам го чешка многу. Ветеринар по секако, само не можам да го добијам сега. Се мислам дали да му ставам капки за очи, ама сепак маче е, не знам како ќе реагира.
Вчера земав улично кученце, кученцето е прилично валкано и сакам да го избањам,ама не знам како. Со каков шампон,како ќе знам дали му е ладно или топло?Со пешкир ли да го избришам после? Има средно долго крзно. Му земав некоја четка,ама крзното му е прилично заплеткано,како најлесно да го исчешлам? Понатаму видов дека има како гурелки околу очињата,ветеринарот го провери и рече дека нема инфекција,ама како да му го исчистам тој предел? Мислев со камилица да го измијам. Дали има некоја посебна грижа околу ноктите и забите на кучето. За сега му земав некоја коска од пет шоп. Инаку на ветеринар ми рекоа дека кучето е машко,некастрирано,тешко е 9 кг.и најмногу една година старо,затоа што има скоро променети и заби без оштетувања. Ми дадоа и некои апмули да му ги ставам на крзното над вратот и по грбот против крлежи,па ако може подетално да ми објасните како се аплицираат. Сега треба да го избањам,да му ставам ампула и после една недела да почнат вакцините и ставањето чип. Кучето без проблем јаде сува храна,ми рекоа 150 гр.да јаде дневно поделена на 2 оброка,сабајле и навечер. Дали треба да му давам нешто дополнително? И која храна е најдобра за него? Ќе биде во близина со друго кученце,од помала раса,што е прилично агресивно и се закачка многу,па како да ги здружам барем да се поднесуваат,затоа што иако ќе живеат во различни куќи,ќе делат ист двор. Каков поводник ми советувате да земам и како да го навикнам на него? Кога да почнам да го шетам? Дали откако ќе поминат вакцините и ќе се привикне на нас? Инаку утрово лежи само,не сакаше да јаде,ниту да пие водичка. Се скри на плочките во подрумот и лежи. Претпоставувам тука му е поладно и не јаде заради жешкото или? Исто не приметив дека извршило нужда,па ми е страв да не има проблем некој. Чекам да видам дали ќе има глисти,па да му го дадам и второто апченце. Што друго ми треба или треба да знам околу него? Играчка,витамини некои?Какви и од каде садови за храна и вода? Фурминатор? Извинете за огромниот пост,ама сакам убаво да го чувам и да биде среќно.
Нема врска како се однесува, и моето куче беше весело, ама окото црвено му беше на почетокот. После почна да посинува, како слепило, ама нормална реакција беше од хлоранфениколот. И многу ја чешаше. Ако е инфекција, и двете очи би биле инфицирани, механичка повреда може на едно око, а и на двете да има.
Јас за мојата купив Трикси шанпон за отплеткување на крзно. Мислам дека го има во пет шоповите. Треба да пазиш само во уши да не му влезе вода. Можеш капа за туширање да му ставиш на главата, да не навлезе водата во ушите. Храна најдобро ти е да земеш Хуссе Валп. Јас со таа храна ја хранам Беки, година и месец е стара и навистина убави резултати има. 2800 денари 15 кила е. Имаш и од Брит одлична храна, 2500 денари 15 кила е, Brit Profine. Нема многу житарици, преовладува месо. Чим му е заплеткано крзното, однеси го на професионален грумер за кучиња. Таму целосен третман ќе му направат. И инсистирај да бидеш ти таму додека го средуваат, има некои ги успиваат кучињата за да ги средат. Фурминатор имаш во секој пет шоп за 1200 денари минимум. На али експрес тие ги продаваат за 300 денари. Јас земав од али и супер врши функција, вади поддлака. Садовите за храна да бидат метални. Пластичните содржат отрови.
Одлично Waka што си вдомила кученце и се трудиш да му овозможиш убав живот. Најпрвин, ако веќе му имаш дадено апче за глисти, контролирај го каде ќе изврши нужда и веднаш собери го изметот и фрли го во канализација по можност. Најдобро е да го избањаш со млака вода, бидејки е 9 килограми лесно ќе го ставиш и во када/туш кабина. Од долу постели некој постар пешкир за да не се лизга со шепите, држи му ја главата горе, не му ја топи со целото тело, а одделно измиј му го лицето на крај, Внимавај да не му влезе вода во ушите ако му се подигнати, тип хаска/овчар. Шампон можеш да купиш на Трикси околу 2-300 денари се мислам, или друга варијанта е со бебешки шампон. Најдобар начин за нанесување на шампонот (откако убаво си го намокрила кучето) е да раствориш во шише од пола литар околу два-три сантимери шампон и нагоре исто млака вода. Полесно ќе се распени. Шампонирај го два пати. Убаво исплакни го и веднаш замотај го во пешкир. Важно!!! Додека го бањаш викни некој да ти помогне, да му ја држи муцката над носето- тресењето на телото - ризикот да те направи тебе и цела бања водени се намалува- брановите на тресење почнуваат од носот кон опашката. Времето е убаво, остави го природно да се исуши надвор- може ќе се влече по земја- нормално е без грижи. Не му треба и стресот од фен моментално. Никако не го чешлај додека е мокро- му се кине влакното. Откако ќе се исуши најпрвин исчешлај го со обична четка внимателно, местата кои се премногу заплеткани потшишај ги. Фурминаторот може и подоцна, за вадење на подкрзното и супер корисен кога се митарат кучињата. Е после овој процес, иде ампулата. Значи строго на суво куче и никакво бањање најмалку 48 часа. Мене ампулите ( Фронтлајн) ми се покажаа како најефикасен борец со болвите и крлежи, а секој ден сме во природа. Се нанесува од задната страна на вратот меѓу двете плеши на предните нозе. Сите ампули се на тој принцип. Најважно убаво потргни му го крзното за да ја нанесеш директно на кожата. http://www.frontline.com/Pages/How.aspx Храната зависи од тоа колкав ти е буџетот. Најисплатливо ти е да си земеш вреќа- според мене пет шоп Фауна имаат најниски цени. Вреќите од солидна храна 12,5-18-20кг се движат од 2800ден па нагоре. Како храна со не најниска цена, а квалитетна и според резултатите што ги дава можам да ти препорачам Trainer Top Breeder и Purina Pro Plan. На таа возраст кучињата јадат два пати дневно, најдобро наутро околу 8 на пример и навечер околу 17-18. Убаво би било да го прошеташ макар и 20мин наутро пред да јаде. Храни го 30мин после играње, шетање, трчење. Ако сака да јаде трева остави го да јаде. Давај му коцка мраз на топлото време. Побарај на интернет за овошја и зеленчуци кои можеш да му ги даваш- во мали количини. Јас давам и Кафортан таблети ги има во речиси секој пет шоп на парче. Кучињата се доста млитави од топлото време овој период околу 10 до 18 часот, па избегнувај го тој период за прошетки и игри. Тоа ќе си најде место за одмор. Садови за храна и вода има најефтини во Џамбо од 60 денари па нагоре. Купи му две едно за храна и едно во кое секогаш ќе има вода. Купи му играчки за гризење- Џамбо има солиден и ефтин избор на јажиња, гумени играчки. Така ќе се заштитиш од изгризување на работи по дома и двор. За забите давај му морков, гризајќи го сам ќе си ги одржува. Ако сакаш земи му и Дентали од пет шоп- јас не видов никаков ефект и не ги препорачувам баш како неопходни. Ноктите ако го чуваш во двор и редовно го шеташ/трчаш сам ќе си ги скратува и нема потреба од механичко скратување кај ветеринар. Гурелките се нормални како кај луѓето, избриши му ги со влажно памукче. Додека не поминат вакцините чувај си го дома/двор без контакт со други улични животни по можност. И без шетање. За да го научиш да оди на поводник изгледај некои видеа на youtube. Може првите денови да ти се искинат нерви ама потоа ќе заборавиш и самото куче ќе скока од радост кога ќе дојде време за шетање. За типот на поводник јас имам користено градник на почеток и сега полудавилица. Изгуглај ги. Здружувањето не зависи само од твоето куче, но и од другото. Моето куче е пресоцијализирано и никогаш нема зар'жено на некое друго, но многу му се имаат пуштено и тогаш автоматски се брани. Имај трпение првин да стекне доверба во тебе и твоите дома, па потоа и со околината.
@Noemi еве последица од употреба на Фронтлајн Јас сепак би користела Адвантикс бидејќи не само што штити од крлежи и болви, туку и од лишманија. Фронтлајн е само фалена, не е добра. А, ако веќе збориме за најдобра, тогаш Адвокатот е. Штити 2,5 месеци од секакви надворешни паразити и 3 месеци од внатрешни паразити. Меѓу нив е и срцевиот црв.
Еве една добра споредба меѓу Адвантикс и Фронтлајн. http://www.bayerdvm.com/show.aspx/productdetail/k9-advantix-ii
Да не ја почнуваме темата, да не барам слики од Скалибор каишките и оние на Бајерн какви проблеми имаат предизвикано, ама кај некој тоа е единствено средство кое помогнало. Да не почнам колку ми беа неефикасни на мене Fyprist и џабе се полажав да заштедам 200денари, башка ветеринарот што ми ги буткаше пошо имаат процент од нив. Индивидуално е, кажав МЕНЕ Фронтлајн единствено ми покажа добри резултати, притоа ниту закачи крлеж онака да му се прошета по крзно. Да се држиме до она што лично го имаме пробано, најпаметно.
Не го постирав тоа за да кажам дека грешиш што му ставаш такви ампули, напоменав несакани последици од ампулата. Нели, не секое куче има иста кожа, па да не се чуди ако се појави таква изгореница од Фронтлајн. Јас лично не сум видела некој да се пожали од Адвантикс, а најмалку од Адвокат (затоа е и прогласена како најквалитетна ампула во Европа). Од фронтлајн имаше претходно член што се жалеше дека не е ефикасна, а и од фиприст, ми се чини.
Да ве прашам дали е штетно да се зголеми дозата на калциум? Се работи за куче, јоркширски теријер, и давам калциум за да ги дигне ушите. Веќе три недели и давам ама сеуште ги нема дигнато ушите, а ми рекоа за две недели дека ќе ги дигне. Денес ја однесов кај друг ветеринар за друга работа и овој ми вика слободно дуплирај, зголеми и ја дозата, форсирај ја со калциум. И што знам некако не ми се допадна она исфорсирај ја со калциум. Иначе и давав првите две недели четвртина таблета, така ми кажа ветеринарката, а сега веќе неколку дена и зголемив на третита тапблета, бар така пишува и на кутивчето за кучиња со тежина од 2 до 3 кила ма да мојава сеуште нема две кила и ако нешто значи стара е три месеци.
Исклучи го калциумот (апчињата), со секој оброк давај му лушпи од јајце. Многу се подобри од апчињата. И рано му е уште, до 6 месеци би требало да пркнат. Исто така побарај на јутуб glueing Yorkshire Terrier's ears.
Фала @Papillon.Papi за предлогот, ќе пробам и со лушпи од јајце. А за лепење на ушите тоа и го пробав уште пред апчињата ама неможеше да го поднесе салотејпот па ностоп се драпаше си ги разрани ушите.
Мислам дека мачето ми се мачи со запек. Од храна му давам од конзерва од кам, млеко, вода и сува храна секогаш има во тањирче. Гледам дека млекото и конзервата ги нема додека се свртам, но не го гледам да пие вода и да јаде сува храна(воопшто не ја јаде). Што од храната треба да му сменам, зашто стварно гледам си се мачи
Од млеко ќе го здебелиш и дијабетичар ќе го направиш, а конзервата е мекбургер во мачешкиот свет. Колку и да ги сакаат, многу лоши се за нив. Пробај да му готвиш пилешко (по можност без коски) со ориз. Нема шанси да ја одбива таа храна, а и одлична е за мачките.