Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Ете токму поради овие причини јас секогаш сум повеќе за женско куче отколку за машко :!:
    Како што самата викаш додека бил помал те слушал и не правел проблеми, но како што расте се повеќе почнува да прави проблеми, што дури сега на негови 10 месеци ти неможеш да го контролираш.
    Твојот Лабрадор ретривер вака почнал да се однесува во последниов период поради тоа што влегол во пубертет и хормоните му удриле во глава и почнува да бара женки за парење, го влечат најразлични мириси и едноставно се сака да види и да душне.

    Многу важна работа е карактерот на расата.
    Лабрадор ретриверите како и Златните ретривери се едни од најтемпетаментните раси на кучиња и неможеш да очекуваш еден Лабрадор ретривер постојано да се вртка околу тебе и да не се двои од тебе, но кога ќе го повикаш тој мора да се врати на твојата команда.
    Тоа им е во крвта на Лабрадор ретриверите, незнам дали знаеш но тоа се ловџиски кучиња и со самото тоа на нив во гените им е постојано нешто да бараат и да душкаат и да се оддалечуваат од газдите.

    Еве ти што треба да направиш:
    Прво и основно за дресура не се користи градник, туку околувратник.
    Значи ќе си го шеташ со околувтатник (добро би било околувратникот да биде Полудавилица) и во моментот кога посилно ќе те потегне кучето, ти треба на „сец„ силно да го повлечеш накај тебе и да му викнеш со силен и остар тон НЕ или ФУЈ.
    Значи покрај тоа што е битно да го потегнеш на сец , многу побитна е интонацијата на гласот кога ќе ги изговориш зборовите НЕ или ФУЈ , биди самоуветена и остра кога ги кажуваш зборовите.
    На тој начин ќе му дадеш точно дознаење на кучето зошто си го повлекла на сец и кучето со тек на време (обично неколку дена е потребно) ќе свати дека несмее да те влече.

    Да сосема нормално во овој период е да трча по други кучиња и да скока по луѓе.
    За да не скока по луѓе има една интересна финта која што ќе мора да ја примениш со помош на твоите другарки.
    Кога ќе рипне на твојата другарка, кажи и со ногата да му направи сопка на кучето, односно додека е исправено кучето на другаркати, она со нејзината нога нека ги бутне нозете на кучето и така кучето ќе падне.
    И така со тек на време ќе престане да рипа по луѓе бидејќи ќе му биде страв да не му направат сопка :D

    За да се враќа кога ќе го викнеш треба да пробаш во некој двор со други кучиња да го тренираш бидејќи вака надвор нема многу да ти обрнува внимание на тебе.
    Затоа во двор треба да пробаш.
    Викај го со мил глас и низ игра и секогаш кога ќе дојде давај му награда.

    Леле дури сега приметив дека цел реферат имам напишано :D
    Примени ги советите и наскоро ќе има резултат.
     
    На Divinebutterfly, gluvarche и mims-89 им се допаѓа ова.
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Вчера беше мојов на фризерај кај Тошко и супер е чешлан и бањат за мерак, иако не е снежно бел сепак надвор се чува и неможе да се споредува со самојадите во домашни услови чувани многу нормално.
    И иначе он е лошки, а вчера одиме да го земеме и вика леле ова е едно од најмирните кучиња во последно време донесено ниеднаш не залаа ни проблеми правеше за чешлање, а дома не дава да се чешла, ние мислевме го смешале кучето и викаме сигурно зборите за самоједот? :D :D
     
  3. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
  4. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Сакам да ја прашам Доберман за некои совети како да го шетам кученцето со каишка. Дали може да каже, ќе биде корисно и за другите феминки-љубители на кученца. Сега на моето кутре му купив каишка и сакам да го шетам, но не сакам да се тегне, туку да оди до мене слободно. Како да го изведнам тоа? Благодарам однапред Доберман, но на одмет нема да бидат и советите од другите феминки. :*
     
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    ^ jaс ќе си кажам мое искуство кога го шетам со подолго јаже оди подалеку душка во трева, ама па и подолго јаже е добро за да мочнува, за да изврши нужда, не е добро да го изнесеш на шетање и да го држиш до тебе цело време.

    А штом сакам да оди до мене му го кратам јажето со рака и го доближувам до мене, така си иде одма до мене, чат пат знае да ме повлече на лево/десно ама ќе види неможе и си иое право само.
    [​IMG]
     
  6. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Прво и основно, огрлицата и поводикот треба да бидат тенки и платнени за да не му тежат на вратот при шетање и плус твоето кутре е со мал раст, ако добро се сеќавам беше мешавина од Пудла и Териер.
    Прво треба да се навикне на огрлицата (околувратникот) , прво стави му ја лабаво огрлицата и нека си ја носи по дома неколку дена и кога веќе ќе се навикне на огрлицата, тогаш ќе почнеш да го навикнуваш да оди на поводник.
    Исто така ти препорачувам дома да си го навикнуваш да оди на поводник за да не му направиш стрес надвор.
    Дома ќе му го ставиш поводникот и дај му храна како награда и фрли му топче и кутрето да оди по топчето додека е врзано со поводник.
    За неколку дена ќе се навикне и тек тогаш почни да го шеташ надвор со поводник.
    Не му дозволувај да те влече или да оди пред тебе, туку секогаш биди ти таа главната која што го води кучето и секогаш држи го поред нозете да оди.
    Кога е пуштено може да оди кај сака, но кога е врзано секогаш држи го поред нога.
    Ако те тегне, со слаба јачина потегни го неназат накај тебе и кажи му со остар и гласен тон НОГА , тоа значи дека му даваш команда да оди поред нога и дека несмее да те влече.
     
  7. mon4i91

    mon4i91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    101
    јас си имав гооолемо семејство хрчаци... почнав од 2 и стигнав до 15 па некои ги раздадов, за да ми останат на крај повторно 2, но сега имам само 1 :( многу си ги сакав сите, предмалку му го средив аквариумот и му дадов да јаде и сега ми е срекно и весело... :lol: :*
     
  8. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Леле овој пост што го имаш напишано ко јас да сум го пишувала :lol:
    Исто и јас пред 5-6 години чував хрчаци, машко и женско и на секои 2 месеци имав мали хрчачиња, секогаш околу 7/8 раѓаше.
    И јас бизнис си правев со хрчачињата :lol: кога доволно ќе пораснеа и ќе немаа потреба од мајчинска грижа, односно кога ќе можеа да се грижат самите за себе, ги носев во пет шоп и ги трампав за храна за хрчаци (составена од различни житарици) и пилевина.
    Али веќе не чувам хрчаци, бидејќи имам други миленици (Кучиња - пудла и доберман , Сијамска мачка и Аквариум со риби) и сега ми е ФУЛ дома, уште хрчак ако земам незнам кај ќе ми биде главата.
    А имам желба некогаш повторно да си земам хрчаче, али сега за сега имам доволно миленици и не сум во состојба да чувам и други.
     
    На mon4i91 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Фала Доберман, дури мислевме со дечко ми електричен околувратник да му купине, оној за дресура што е што пецка кога ќе притиснеш :D :D :D
    Ни под разно неможам да го приберам ако го пуштам.. ќе ги применам твоиве совети па ќе те известам за резултат.
    :)
     
  10. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Да да, јас ти гарантирам 100% дека наскоро ќе имаш резултат и ќе се смири кучето.
    Значи за да не те влече, употребувај ја често (односно при секое влечене) таа „сец„ техника и наскоро нема да те влече.
    А од такви електрични околувратници нема потреба, бидејќи важно е кучето да свати дека ти си авторитетот (алфа) и дека тебе треба да те слуша, а вака ќе се плаши само од електричниот околувратник, а тебе повторно нема да те слуша, а така нема ништо да постигнеш.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Денес нешто многу ми е чудно кутрето. Многу е мирна и исплашена и цело време ушите и се нагоре како да слуша нешто. Што се случува? Дали причината е тоа што беше сама дома? Ама, не и е прв пат. Не знам што и е... :worried: А и изметот и мириса лошо, што мислам дека не е својствено за кутре толку мало... :worried: Ако некој нешто знае нека пиши. :(
     
  12. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Ете и јас си имам куче , не јас син ми ... не знам кое по ред :) Абе не знам која раса е не сум го прашала ама која и да е ќе ме изеде :D не можам да си влезам дома ... она не е куче , мечка кога ќе ми се фрли... двапти имам излагано од под него :D Син ми ми вика мамо тебе најмногу те сака , гледај како се радува кога си идеш од на работа... гледај како те гледа . Абе јас гледам како ме гледа ... ама гледам и како да стигнам до дома а да не сум од него на земја :D А да се грижи мојот син за него , знам дека помина по сите потребни прегледи и вакцинирано е ...
     
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Опиши го да откриеме што раса е :D
     
  14. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Големо , абе што големо, огромно сиво , со големи шепи :D знам дека ќе го носи на изложба во Србија :) па затоа и го трпам да видам кое место ќе освои :D
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    [​IMG]
    Вакво?
     
  16. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Големо + сиво може да бидат многу раси, каква му е длаката, куса или долга ?
    Ај баш прашај го син ти што раса е кучето, баш ме заинтересира :D
     
  17. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    124
    Луѓееееееее денес се случи инцест хахаххахахха :rofl:
    Имам деветмесечен пит бул, и денес сестра му ни беше на гости, си играа, трчаа по дворот... иииииии кога видовме се закачиле и така околу 20 мин. Офлелееее неможам да замислам и да се изначудам, ама што разбираат тие кучиња се :lol:
     
  18. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Доберман,гледам дека имаш големо познавање па би те прашала нешто.Конкретно пред некој ден го најдовме мачорчево,кое е скоро 2 год.по возраст,кое инаку живее во станот со нас,како седи буквално на газе и малку потпрено на перниче со едното раче,значи многу слично на човек и сме се изнасмеале на позата која ја заземаше,не успеав да го сликнам за жал,ама и не сакав да му правам ремет бидејќи бега кога го сликам.Само научи да врши мала нужда на wc-шолјата бидејќи видело и сфатило за што ја користиме (за голема си има посебен песок),исто само научи да ги отвара вратите низ станот за да се движи каде сака.Да напоменам дека е со нас буквално од бебе,кога го најдов беше колку дланка.Прашањето е дали сето ова е свесен обид да не имитира преку забележување на тоа што правиме ние во станот и обид и тоа да се вклопи повеќе во начинот на живот кој го гледа?
     
  19. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Под итно однесете ја на ветеринар женката за да ја исчистат.
     
  20. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Па види, јас повеќе ја знам кучешката психологија отколу мачашката, али имам прочитано дека мачките сакаат да ги имитираат своите сопственици.
    Да, многу мачки знаат да отвараат кваки.
    Јас имам Сијамска мачка и сама си ги отвара кваките низ станот, па сега дури и престанавме да ги затвараме вратите низ домот бидејќи знаеме дека мачката ќе си ги отвори сама сите врати :D
    И баш е добро што се научило само да мочка во вц-шолјата, уште да се научи и за голема нужда да врши во шолја нема да имате потреба да му купувате песок.
    И да, дефинитивно мачките сакаат да ги имитираат своите сопственици.
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.