Не и' е избор да биде мајка, туку инстинкт. Еве едно прашање: сакаш здрави кутриња? тогаш не пари несовесно.
Не разбирам што е тука лошо. Дури и на помал ризик, да не речам никаков ризик ја ставаш од болести со тоа што ќе ја стелиризираш.
Здраво девојки сакам да се консултирам со вас. Имам две малечи кученца два ипол месеци, вчера ги вакцинираа , и ми рекоа да одам да им земам некои ампули за болви сум требала четири пати да ги капам ,е сега незнам мн ми се малечки дали имате вие искуство да не се мали да им купувам тие ампули и плус ми рекоа витамини да им земам да им се исправат ножињата? не знам да им земам ли?
Можеш ампули, а можеш и огрлица. Финансиски огрлицата ти е повеќе прифатлива, со оглед на тоа што трае 6 месеци а кошта 1300 денари. Ампулата кошта 400 минимум, а трае месец и пол. Огрлицата можеш да ја земеш од ветеринар. Најдобра огрлица е Скалибор. Штити од крлежи, болви, комарци и песочни мушички. А, најдобри ампули се Адвокат (оваа повеќе за лечење ја користат, но функционира и како заштита) и Адвантикс. Адвокат штити од 11 вкупно паразити (внатрешни и надворешни) и трае 2,5 месеци за надворешни и 3 месеци за внатрешни паразити. Адвантикс штити од крлежи, болви, комарци, песочни мушички и ларви од болви. Калциум можеш да почнеш да им даваш. Можеш да купиш апчиња, а можеш и да им толчиш лушпи од јајца и да ги ставаш во оброците.
Јас за моето куче купувам шампон против болви и крлежи го има во сите поголеми маркети каде што има храна за кучиња, околу 150 денари е 80 мл, 3 години го користам и ептен сум задоволна до сега сме немале проблем.
@1209 сега имав можност да сликнам. Ова е поткрзното. Меко, без структура. Затоа и треба да се трима куче со остро влакно, а не да се стриже. Со стрижење се доаѓа до поткрзното, и не знам дали сте забележале кај кучињата со дупло крзно, а се истрижани, посветла нијанса имаат. А, ова е мртво влакно (се надевам можете да видите). Може да се искубе (со нож, камен за петици или голи раце). Многу мал процент на мртви влакна можат да се извадат со чешлање.
Najprvo se izvinuvam za latinica od mobilen sum,ne znam dali e soodvetno prasanjeto za vo temava..Cuvam hrcak,koga go kupiv bese 6,7meseci ,a jas go cuvam 6meseci i sega sakav da mu cistam i gledam edvaj dise,teloto nekako mu e ko deformirano ne moze da odi pagja na strana..A redovno go hranam i mu cistam.Denes nema otvoreni veterinarni,ne znam sto da pravam.Ako znae nekoj ,neka mi pomogne ve molamm
Мила да не те тревожам, но треба да си знаеш дека хрчаците живеат околу една година. Ако е се во ред до понеделник, однеси го на ветеринар, или пак утре ако има некој дежурен.
Не си ставај премногу на срце...Знам, животинче е, мило е, дури и два дена да го чуваш ти прираснува за срце...но помисли на тоа дека сите имаме одреден век на живеење и тоа е тоа, тој си го проживеал своето. Пробај давај му водичка со прст капка по капка во муцето, може ќе се освежи..
devojki moeto kucence ima diarea malaksano mi e samo spie . jade po malku no ne nmnogu ,majka mi veli da mu dadam varen oriz no jas nemam mnogu iskustvo so kucinja ,pomognete mi pls
Дади му варен ориз нормално е од време на време мали кутренца да добиваат дијареја, не им се потресувајте толку.Освен ако не почне и да повраќа и да не јаде ништо тогаш треба да се загрижиш.
Варен ориз или банана. Исто така можеш и медицински јаглен да му дадеш. Ако не се оправи однеси го на ветеринар.
Мене ме интерисира нешто, имаме мачка 4 години, ниту еднаш до сега нема доносено маченца. Значи редовно е трудна ама се испушта и цел двор е со печати од крв од неа. Јаде купена храна од кам (онаа како со месо, шо личе на пача), и млеко со грицки со витамини. Дали може да е до млекото бидејќи слушнав дека млеко не се давало на возрасни мачки...
Може ги раѓа на друго место, а може ги раѓа мртви. Млеко не смее да се дава, но не верувам дека е од тоа. Од млеко се згојуваат и дијабетес добиваат. Најдобро е да ја стелиризирате, нека не се измачува 2 пати во година, тортура за неа е. Ветеринар Јасминка сега има попуст за стелиризација, од 3000 на 1300 е симната цената. (патем од Скопје е)
Луѓе дајте совет, мислење што и да е пошо само мислам, мислам дека станав опседната. До вчера имав две мачориња, ама едното уште од бебе беше послабичко, не јадеше секаква храна. Другото како и сите мачки лакомо. Уште како мали не обрнавме многу внимание на тоа зошо едното е послабо од другото. Значи си јадеше одбрана храна редовно, количински не колку другото ама јадеше. Беше многу енергично и хиперактивно па за тоа мислевме дека не е буце како другото, пошо тоа само јаде и леже и го гледа другото што праве. Апчиња за паразити редовно му дававме и на двајцата, пошо најпрво сумјавме дека можно е да има паразити. Е сеа, тоа послабичкото пред една ипол недела почна со пролив, ние почнавме со апчиња, меѓутоа не помина, после му дававме стрптомицин, па карбо...нешто. Не минеше. А промена во расположение кај мачето не гледавме. Ги имаше истите навики како и предходно, јадеше, беше весело, си играше.... Кога вршеше нужда од кога ќе заврши стоеше и како да се напрегаше како да имаше уште. После, почнавме со инекции. За завчера вечерта да видам како му тече пења од устата. Значи одма реагиравме, прими инекции, си заминавме дома. Спиеше цела вечер сабајлето едвај го разбудив. Касна едно залче и пак пења и почна да повраќа. Татко ми беше на пат ветеринар е. Го боцна уште незнам со што. После некое време почна да се тресе и да мјауче. Неможев да гледам и го земаа дома кај татко ми. И таму му ставале инекции, и инфузја му ставиле, за на крајот да ми кажат дека за жал љубовта моја умрела. Не знаете колку сум тажна, колку ми недостига, колку ми е празно. Другото маче е исплашено, тажно само мјауче. Есега јас имам проблем. Мене ми е всадено во главата дека мачето беше болно од беснило. И цело време на тоа мислам. Страв ми е и дека другото ми е заразено, само го гледам шо праве, секој чекор му го пратам. Татко ми ме убедува дека не било беснило, дека кај нас незнам од кога не бил забележан случај на беснило итн. Ама пуста моја глава само тоа мислам и мислам дека уште сеа си го плачам другово. Мачориве ги чуваме во стан, единствено излегување во двор му е кога ги носиме кај мајка ми и татко ми на гости ама таму трцкаат во дворот. Има и други мачиња што се врткаат таму, 3-4 комшиски. На улица немаат отидено, значи подалеку од дворот не излегле. Дајте ми ваше мислење пошо опседната станав.
Нема шанси да е беснило. Одамна нема беснило во Македонија, односно не е регистриран случај на беснило. Сега читав на интернет за тоа, во 2013 на тв имаше за домашна мачка дека наводно била заболена од беснило во Скопје но не е официјално потврдено од ветеринарсниот институт. Велиш дека си ги чувала во стан, за да се зарази со беснило треба да дојде во контакт со друго животно (најчесто диво), а кај имала твојата мачка контакт со диво животно? Провери убаво на интернет кои се симптомите на беснило, сигурно ќе те нападнела или испокасала да имала беснило, и со другата мачка ќе се испозадавеле. Беснилото не е наивна работа, тоа е опасно и по животот на човекот, смртоносно е. Татко ти како ветеринар сигурно знае многу повеќе и когати вика дека не е тоа значи не е, сигурно не би те оставил да живееш со мачка која можеби е заразена со беснило. Најверојатно се работи за некоја болест на мачето или се затруло од нешто...