Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    СДП дали кученцата смеат да јадат сончоглед, семки, леблебија, пуканки?! Јас на моево му давам сончоглед со лушпа :tmi: Кој знае нека ми пиши. :*
     
  2. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Не му давај сончоглед со љушпа бидејќи љушпата може да му направи проблеми во организмот, а плус твоето нели беше 3 месечно, сеуште е мало и има нежен организам.
    Добар е сончогледот за кучињата, али без лушпата давај му го, инаку може да јаде и семки и леблебиија и во помали количини пуканки (една шека доволно би било пуканки - несолени).
     
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Доберман каква е таа оценка што им сее дава на кучињата за да може да се парат? Може има и други функции немам поима.
    Може подетално да ми објасниш се околу тоа зашто ич не се разбирам :wasntme:
     
  4. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Да, еве сега ќе ти објаснам.
    Како прво и основно кучето мора да има педигре (родовник) за да учествува на изложба.
    Со педигрето го пријавуваш кучето на изложба и се натпреваруваш за многу титули.
    Но за да кучето може да се пари треба да има барем еднаш учествувано на изложба и да има освоено оценка (5), тие кучиња што имаат освоено оценка 5 ја добиваат првата и основна титула ЦАЦ (англиски - CAC).
    И после кога и мајката и таткото имаат педигре и титула ЦАЦ, тогаш малите што ќе се родат ќе можат да имаат педигре.
    А во случај доколку само едниот родител има педигре, а другиот родител нема педигре тогаш ниту малите нама да можат да имаат педигре.
    Значи за да малите можат да имаат педигре, треба и двата родители да имаат педигре и барем една титула ЦАЦ.

    Ако сакаш можам за сите титули посебно да ти објаснам :) .
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    74
    леле цел ден од сабајле ми се расипа :@
    кога отворив очи прво што видов беше кученцето како застанала на мене и така жално ме гледа. Душичка моја најмила :* ама забележав на десното ушенце, како гризнато да е од нешто. раничка има. со трчање го однесов на ветеринар ама он не работел, недела било :@ на враќање сретнав еден другар и ме праша кај одам. му кажав што се случило и ми вика прво ти се чешкаше на стомачето (затоа си го носев на ветеринар и му дадоа маст) а сега има раничка на ушето јас мислам дека е шуга или краста ! :@ полудееев ! :@ Доберман навистина ли е тоа ? Тие ли се симптомите ? Па како може ?! Го чувам најдобро што можам и не можам , цело време сум околу него. Па зошто би му се направило такво нешто ?! ;( ;( Си го сакам најмногу од се, не сакам да ми е болничко ;( ;(
     
  6. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Незнам што би можело да го касне и да му направи раничка на увото :wasntme:
    Дали има шуга или краста неможам да кажам бидејќи треба да се види кучето на лице место, али ако е раничка тогаш не би требало да е шуга или краста.
    Ако му се испаднати влакненцата околу раничката, тогаш има можност да е шуга, но како што кажав за да се утврди што е работата треба кучето да се види на лице место.
    Јас ти препорачувам утре одма на ветеринар да го однесеш и да го видат кутрето и да кажат точно за што станува збор.
     
  7. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    74
    а од што би можело да ја добие ?
    ств ја чуваме многу добро, внатре значи, хигиена на највисоко ниво.

    п.с. се извинувам, ти постанав досадна :/
     
  8. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Па од различни работи може да се добие, може од влажно и прлјаво место, од контакт со други болни кучиња...
    Али штом велиш дека внатре го чувате, тогаш единствено би можело да добие шуга е доколку додека сте го шетале се душнало со друго болно куче.
    Али јас сепак мислам дека нема шуга и тоа на увцето е обична раничка, али за секој случај утре однеси го на ветеринар и ќе ти кажат точно за што станува збор.

    Не, баш напротив, тие луѓе што прашуваат и што се грижат за своите миленици никогаш нема да ми станат досадни, и баш ми е мило што се грижите за кучето и јас со задоволство одговарам на вашите прашања :)
     
  9. alison

    alison Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    8
    доберман да прашам дали е нормално моето малтезерче да обожава./ едноставно се дави во домати и моцарела..? мн сака да јаде домати :)) дали е нормално или??
    поззз :))
     
  10. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Да, и нека си јаде домати, не се штетни за кучињата :)
     
  11. afroditaa

    afroditaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    98
    ако знај некој некој превентивен лек дури се однеси на ветеринарен нека пиши кучето е со сследниве симптоми
    temperatura
    ne jade
    nema sila
    lezi celo vreme
     
  12. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Дајте му чај од Нане и во него раздробено 1 апче андол, за да му спадне температурата.
    Исто така и супа дајте му.
    Нека лежи во топла просторија и не го оставајте само секогаш нека има некој човек покрај кучето, а утре одма на ветериар да го однесеш.
     
    На afroditaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MiiLla

    MiiLla Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    53
    НЕ ги прочитав наназат мислењата за темава, но нас ни се случи многу чудна работа, имаме женка пинч има 3 години и нормално пошто и е време и најдовме потенцијален дечко го најдовме преку интернет :D и совршено си одговараа срнест пинч поточно, и кога првата средба ајде си викаме срамежлеви дури да се упознаат типов цело време се креше зад гадраицата, втората средба пак истото оваа нашава го бацува го лиже овој срамжливо се кре зад газдарицата .. :D А бре како човечина беа и ајде викаме ке се опуштат во паркчето пред зграда ги спуштивме кога мажјаков, здогледува пикинезер мажјак и му се фрла и сексуално го напага али буквално . . . Оваа кутричкава моја каков тажен поглед ми фрли не можам да ви опишам, бабичката односно газдарицата на пикенезерчево се утепа од смеење вика модерно време сега што да правиме и кучинава се во тек со новиот начин на живот.. :lol: Е ајде сега како ке ја објасните овааа работа??? :$ :?:
     
    На OrdinaryGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Доберман и јас имам прашање, на другарка хаската сега и е време за парење има две ипол години и не е парена до сега, она сакаше да ја праи пред 6 месеци последен пат кога и беше период и сеа кучево има нагони ама несака да се спари, им бега на мажјаците, таман ќе пробаат нешто оваа се врти ги лае, има пробано со две различни кучиња и пак несака. Еве сега и е пак период па некој совет околу тоа нешто да ми кажеш ако има... :?:
     
  15. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Добро е, ја најдов соодветната тема да поставам и јас едно прашање за мојот мачор.

    Под окото му излезе раничка, која како минуваат деновите се шири. (раната ја има веќе 4-5 дена)
    Чудно е тоа што е многу сува а местото розеникаво.
    Освен што недостасуваат влакната, нема огреботини низ кои тече крв.
    Прв пат гледам ваква рана, а се плашам бидејќи еден друг уличен мачор (што се плетка околу мојава куќа) има рана на целиот образ. :?:
    Можеби не станува збор за истата рана, не можам од блиску да видам, мачорот бега.
    Ми е страв да не е нешто инфективно, не знам не се разбирам. Што може да биде? :worried:
    Што да му правам? Да го мачкам со нешто и со што? Или одма,одма да го носам на ветеринар? :worried:
     
  16. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Мачкај го со хидроген 3%,исто и со кантарионово масло и да не е брзо заздравувањето,сепак ќе дојде до заздравување,само внимавај да не се чеша многу на тоа место,ќе го спречиш во тоа ако се обидува,да не трае раната подолго поради чешањето.Имав и јас скоро таков проблем.
     
    На bitter-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    :rofl: :rofl: :rofl:
    Јас се извинувам, ама прво на што ми текна кога го прочитав ова е сликава:
    [​IMG]
     
    На MiiLla му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MiiLla

    MiiLla Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    53

    Доберман има сигурно повеке искуство али еве и јас ке го кажам моето мислење што ми кажуваа мене, за таа тема треба ако е женака нели од кога ке и заврши периодот треба да се оденсе на трен кај мажјакот дури и неколку дена ако треба да ја остават кај него дури да се упознаат подобро.. Па и они се како нас лугето им треба време да се упознаат, да си се бедисаат.. :) :lol:
     
  19. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Треба да се погоди вистинскиот момент кога кучката ќе биде 100% спремна за парење и тогаш дури и самата ќе сака да се пари и нема да бега од мажјаците.
    Кучките се парат од 9 до 13/14 ден одкога ќе добијат.
    И пожелно е кучката да се однесе кај мажјакот дома и да остане 2/3 дена со мажјакот.
     
    На MiiLla му/ѝ се допаѓа ова.
  20. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Немој воошто да ве чуди хомосексуалноста кај животните, таа е сосема нормална појава, баш нормална појава.
    Некои животни и се исклучиво хомосексуалци или бисексуалци.
    Имав мачор педерче :D отпочеток ни беше смешно многу, али многу мачки за време на парењето во фебруари не се хетеро двојки, многу често ќе сретнете мажјаци само, ако ги познавате мачињата во вашиот крај не се зачудувајте ако видите мажјак врз мажјак.
    Јас го имам сликнато мачорот мој како е врз друг мачор :lol:

    Бонобо шимпанза
    [​IMG]
    Важејќи за најблиски живи роднини на луѓето, бонобо шимпанзата немаат ни срам ни перде во потрагата по сексуално задоволство. Безмалку сите од овие мирољубиви мајмуни се бисексуални и често ги решаваат конфликтите според принципот „води љубов, а не војна“. Околу две третини од хомосексуалните активности се меѓу женки.

    Јапонски макаки
    [​IMG]
    Женките макаки интензивно се врзуваат меѓусебно и остануваат моногамни. Мажјаците исто така се впуштаат во хомосексуални игри, но брзо го напуштаат партнерот или, што би рекле луѓето, практикуваат едновечерни авантури.

    Американски бизон
    [​IMG]
    Половото општење меѓу мажјаци е пофреквентно дури и од хетеросексуалните односи, особено затоа што женките се парат еднаш годишно. Во време на сезоната за парење, мажјаците се впуштаат во хомосексуални активности по неколку пати дневно. Над 55 проценти од сексот на младите мажјаци е со друг мажјак.

    Делфини
    [​IMG]
    Хомосексуални интеракции се јавуваат подеднакво често како хетеросексуалните кај овие морски цицачи. Мажјаците главно се бисексуални, но имаат периоди во кои се исклучиво хомосексуални. Хомосексуалните активности кај делфините подразбираат орален секс и триење на еректиран пенис од телото на партнерот.

    Жирафи
    [​IMG]
    Машките партнерства се многу чести кај овие цицачи со долги вратови. Сексуалните општења често им траат и по еден час. Според една студија, еден од 20 жирафи-мажјаци има хомосексуален однос во секој момент.

    Антилопи
    [​IMG]
    Во просек, женките се качуваат на други женки по два пати на час за време на сезоната на парење.

    Црн лебед
    [​IMG]
    Хомосексуалните двојки се со 20% застапеност. Често пати, двојки мажјаци се парат со женка, а кога таа ќе ги снесе јајцата, ја набркуваат и ги квачат. Во други случаи, едноставно набркуваат хетеросексуална двојка од гнездото и си ги усвојуваат јајцата.

    Коала
    [​IMG]
    Влакнестите јадачи на еукалиптосови лисја очигледно развиваат сконост кон сопствениот пол.
    Една теорија поради која женките го прават ова е да ги привлечат мажјаците, додека друга е едноставно хормонално пореметување или пак отстранување на стресот.

    Морж
    [​IMG]
    Мажјаците достигнуваат полова зрелост на 4 години. До тогаш главно се впуштаат во хомосексуални односи. Постарите мажјаци главно се бисексуални и се парат со женки за време на сезоната, а општат со мажјаци во останатиот дел од годината.

    Сив кит
    [​IMG]
    Во една нормална оргија и по пет мажјаци се тркалаат низ водата и си ги тријат гениталиите еден од друг.

    Гвајански карпест петел
    [​IMG]
    Мажјаците кај овие прекрасни птици уживаат во хомосексуалните односи. Скоро 40 проценти од мажјаците се впуштаат во хомосексуални активности, а дел од нив никогаш не се парат со женки.

    И еден податок
    -Пронајдено е дека хомосексуалноста постои сигурно кај 1500 различни видови на животни!
    -На 16ти ноември 2006 во музејот во Осло е отворена изложба на 51 различни видови геј животни.
     
    На MiiLla му/ѝ се допаѓа ова.