Вчера баш оривче и давав и не сакаше. Ќе пробам пак денес. Ти благодарам за советот. @Tinushka, Не е изгорена на кожата. Само крзното и е. Ми се јавија од вет, ми кажаа дека нема потреба да ја носам, освен ако секако не се подобри.
Ако е само на крзното нема потреба од грижи. Ќе порасне ново. Чист ориз не ѝ давај, ниедна мачка не би јадела ориз. Ѝ треба арома неа, мевце.
Вчера уште два пати ми поврати. И дадов сосила мед. јаглен, малку е подобра, но не може да јаде. Не може да џвака некако. Дури ни мевце, се бори и го плука.. Ништо ми нема јадено два дена. Ни вода не сака. Ме загрижи. Ми кажаа можеби гастрит имала ама не може да не јаде и да не пие вода ич. :/
Ќе дехидрира ако не пие вода... Единствено инфузија е решение. Распрашај се дали има дежурни вететинари во околина.
Епа затоа и го бутам муцето да пие вода и јаглен со чај од камилица. Подобра е сега, направи мала нужда и сама малку се напи вода. Ама за јадењево ме загрижува. Не можам до вторник да ја однесам на вет, имаш некоја друга идеја за храна да ми дадеш, да се обидам? :/
Конзерва? Ако си пробала конзерва, сирова дај ѝ. Моите (мачката и кучето) се збеснати по сирово месо. Можеш пиле од маркет да земеш, исечкај го месото и дај ѝ. Само што пред тоа прашај ветеринар. И ако не можеш да ја однесеш, викни некој. Ако си во Ск можам да ти препорачам некој.
Сирово или паштетка некоја , т.е пробај со нејзината омилена храна. Само гледај колку побрзо можеш да ја однесеш на вет. Мачките се премногу издржливи ,но ме плаши да не станува збор за нешто друго..
Мици моја има течна столица, а сабајле повраќала додека не сум била дома. Што да и давам како храна за да и се подобри? Инаку вчера и дадов мелено месо да јаде, а најчесто си јаде дехидрат и многу ретко млеко. :/
Млеко никогаш не смее да пие. Било да е маче, било да е куче. Од тоа добиваат пролив. И со кој дехидрат ја храниш? Ако има повеќе житарици (има житарица меѓу првите состојки во составот), може да има течна столица од тоа, па треба да земаш храна што нема многу житарици или е гријн фри. Или да почнеш да ја храниш со домашно готвена. Сега можеш да ѝ дадеш варен ориз и медицински јаглен. Ако е куче можеш да ѝ дадеш и банана
Мачка е. Млеко и давам еднаш неделно и поретко, разредено со вода. Конзерви не и давам зашто знам дека не се здрави, а ја хранам со KiteKat од пилешко или говедско. Имам пробано да и давам обарено пилешко со ориз и не го сака. Најверојатно и е од меленото месо што и го дала мајка ми(пржено, не живо), зашто исхраната и е таа и до сега немала никакви проблеми.
Дoбро, само престани со млекото, може дијабетес да добие или да се искомплицираат други работи. Млекото, особено кравјото е прејако за мачките и кучињата, па и со вода да е разредувано. Океј ако сака Китекат, само знај дека ја храниш со 4% житарици (ненаведени), 8% животински остатоци, 4% зеленчук и 84% хемикалии и бои. Погледни сама Cereals (min. 4%),Meat and Animal Derivatives (min. 4% Chicken, min. 4% Turkey in Brown Kibbles) ,Vegetable Protein Extracts ,Derivatives of Vegetable Origin ,Minerals ,Oils and Fats ,Vegetables (min. 4% Carrots in the Orange Kibbles, min. 4% Peas in the Green Kibbles) http://www.topline.ie/garden-and-ou...2kg-dry-cat-food-chicken-turkey-and-vegetable И да не е таа формула, исто е зашто сите формули се која од која полоша.
Да од месото и е, моето куче кога и да јаде свинско и тоа варено, а не пржено секогаш има дијареја, имам муабетено со другарка и она има маче и куче иста ситуација.Не му давај веќе.
Ако има пролив мачката слободно дај и од тие црните апчиња јаглен, ќе и помине, на природна база се и не се штетни. Не му давај млеко, затоа што не го најадува, а му ствара пролив. Ако сакаш полесно да вари, давај му по малку јогурт, не е лош за нив, млеко никако, плус и глисти фаќаат од млеко. Млекото кое ние го пиеме е прејако за нив. Ако не го сака апчето здроби го и подметни и го во јадењето.
Мојата кучка се окучи на 10ти Октомври. Роди 5 кученца и супер се до сега. Но, таа е мал раст, а тие се веќе како топчиња не ни ги собира сите на цицка кај неа па две па три ги ставам да цицаат пошто она сама а гледам дека нема нерви, овие квичат, лаат, ржат ама она само ќе оде де ќи ги виде и пак ќе си легне кај мене. Морам јас да ја пикнам во кутија кај нив или па да и викнам за да оде инаку сама ретко и текнува. Прашањето ми е шо можам јас плус да му дадам освен млеково шо го цицаат? Дали јогуртче со шприц, или па она млеконо во прав што е, или супа дали некој знае? Значи немаат ни месец, па кој знае да ми пише, цела ноќ не сум спана, на секои три часа плачат и морам да станам да ја пикнам кучката у кутија, па таман сум заспала ете ги пак а оваа сама абер нема да ги наране, мислам дека нема веќе млеко, така да ми треба итно некој совет.
Имаш од Брит и Ројал канин млеко во прав за мали кутриња. Почна да ги храниш со папи/стартер формула? Треба да се хранат минимум 5 пати дневно. Ако сакаш, ќе ти дадам броеви од дистрибутерите на Брит, од кај нив да купиш, поефтино е.
Бела (маче) има 5месеци и дадовме апче за прочистување од глисти пред два-три месеци. Се беше вп ред се до пред два дена не јаде ништо и повраќа. Првиот пат поврати и глиста. Ја однесовме на ветеринар и и стави витаминска инексија и апче против глисти да и го дадеме утре. Јогорт да и даваме и медицински јаглен. Состојбата веќе втор ден не и е подобрена. Некој искуство со ова да има. Поздрав
Епа вака... Јас утре ќе добијам кученцеее . Досега немам чувано и немам искуство. Ке земам машко кученце од раса малтезер. На нет прочитав дека треба секојдневно да се чешла. Дека кученцето е мало и нежно ми е страв дса не го повредам со некои груби чешли и дали да користам четка за бебиња онаа што е мека или постои посебна за кучиња и ако има каде можам да ја купам?
Малтезерите можда личат на мали, беспомошни кучиња, но во карактер се тврдоглави, самоуверени (до степен да се силат на 10 пати поголеми кучиња). За крзното треба нега, барем 3 пати неделно расчешлување на крзното. Грижата на крзното зависи од кои ти се намерите понатаму, односно дали сакаш да биде изложбено куче или обичен миленик. Грижата за Малтезерите како домашни миленици е минимална, особено за крзното. Најчесто им се крати крзното во puppy cut (цело тело истрижано, малце стопот и темето, а ушите и брковите им ги обликуваат само) и помалце чешлање бара. Малтезерите најдобро е со четка да се чешлаат, помалите предели со обичен чешел. Четката ја има во секој пет шоп за 100 денари (максимум), а чешелот го имаш на пазарите за 15 денари. Грижата за малетзерите како изложбени кучиња е дупло поскапа. Треба крзното да се одржува секој ден, да биде долго до земја и да се прави топ нот (нешто како пунџичка) кога се изложува. Многу треба да се внимава да нема горелки или пожолтено влакно околу очите (најчест проблем кај малите раси). Бонус совет: Пред да го земеш, направи листа што треба да земеш за него и колку од прилика би ти била прифатливата сума. Јас кога ја земав мојата Ерделка испланирав сѐ што треба да се купи. Вкупната сума за играчки, поводници, креветче и падови за мочкање, испадна 50 евра, и тоа од работи кои беа купени од Џамбо. Сосе храната 100 евра (храната што ја купив беше суперпремиум линија, која состоеше само ориз од било какви житарици и имаше поголем процент на јагнешко месо). А, самото куче (со педигре и вакцини) беше околу 300 евра. Што значи 400 евра ќе отидат на кучето и тоа од првиот ден. Да не збориме за сумите денес, 200 денари вложуваме на пилешки стекови, плус што ѝ купуваме телешки внатрешни органи. И да, знај дека првите денови се најкомплицирани. Цела вечер ќе плаче, ќе мочка/кака на секои 2 саати, дијареа може да има од промена на околината... Многу треба да се внимава на него првите 2 месеца кај тебе, односно тогаш треба да прима вакцини (на 1,2 и 3 месеци) и да биде под карантин (не смее да биде во контакт со други животни или нивниот измет). Со среќа со новиот член од фамилијата. И секако, постави слики од малиот малтеѕвер да го видиме.