Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Во врска со кучињата „Педери„ и „Лезбејки„ , на нас луѓето ни изгледа смешно кога е видиме машко качено на машко или женско качено на женско, но всушност така кучињата ја изразуваат својата доминација и тој / таа што е одозгора е подоминантен/на.
     
    На MiiLla му/ѝ се допаѓа ова.
  2. alison

    alison Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    8
    доберман како можам да приметам мислам како ке ми се понаша кучето ако има крлеж?
     
  3. Angy

    Angy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Imam malo kucence, nedela dena, nakaj dve, pie samo malku mleko i voda, a lepce nejke da jade izgleda ne mu e vkusno, bidejki mu dadov koska od pile ja jadese, ja izgriza, no ima dobieno dijarea, i ne znam od sto mu e, patem slusnav deka moze da e od mlekoto, a mi rekoa da go razredam so voda, pa deka taka nemalo da dobie :worried:, a uste nesto so sto da go hranam osven mleko, bidejki jade ako mu dada eve koskive, ama mi e strav da ne se zadavi nesto, posto uste ne e ni odneseno na veterinar, malo e seuste, ve molam za odgovor, a i plus segdeka mocka, i ne mozam da go fatam za da go iskaram, drug nacin da go istreniram da mocka na odredeno mesto a isto i drugata potreba , pogolemata, posoto cistam po nego :worried:, iako e mn malo milo slatko :D
    [mod-kirilica:2ohafklq][/mod-kirilica:2ohafklq]
     
  4. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Кучето и да има крлеж, ќе си се понаша најнормално, кучињата не се познаваат по однесувањето дали имаат крлеж.
     
  5. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Аман луѓе, зошто не се информирате околу кучињата ПРЕД да ги земете, туку отпосле откога ќе ги земете прашувате по форуми како се чуваат :^) (ова важи за сите, не само за тебе Angy).

    Коски никако не му давај, а посебно НЕ пилешки, ако веќе му даваш коски, тогаш тоа нека бидат телешки.
    Од пилешките коски може кучето да ти умре, бидејќи пилешките коски не се ронат, туку кога кучето ги јаде тие се распрснуваат на тенки и остри парчиња и остри се како стакло и можат да му ги расечат цревата на кучето.
    Кучето ќе си го храниш со сува кучешка храна и со домашно приготвена храна :!:
    Од домашно приготвена храна можеш да му даваш: варен ориз со пилешко месо, супа, риба од конзерва туна/сардина, палента, макарони, јогурт, павлака, овошје (јаболкото е одлично) , зеленчук...
    Да, од кравјото млеко се добива пролив и мислам дека твоето кутре добило пролив од кравјото млеко.
    Добро би било наместо кравјо млеко да му даваш јогурт или кисело млеко.

    Колкаво ти е кутрето?
    Ако има над 40 дена треба да го однесеш на прва вакцина, и не заборавај пред вакцинирањето да го прочистиш со таблета за прочистување од внатрешни паразити.
    Тоа што мочка насекаде низ домот е нормална појава кај сите мали кутриња, само треба да си упорна и да му го следиш секој чекор ако сакаш за кус период да го научиш да не ти врши дома нужда.
    И штом сеуште не е однесено кутрето на ветеринар и штом не е вакцинирано, немој никако надвор да го шеташ.
    Колку ти е старо кутрето и што раса е?
     
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Ама пишала недела дена накај две :^)
    Зар е можно да го одвоиле од мајката толку рано и да јаде коски?
    Боже.... се надевам е грешка ова :?:
     
  7. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Јас мислам дека тоа „Недела дена, накај две„ се однесуваше на тоа колку време она го чува кучето, а не на староста на кучето.
     
  8. pumpkin

    pumpkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    119
    Знаете ли дали смее на 2 месечни мачиња да им ставам по неколку капки од ампулите против болви? Се наполниле и сега се слабички, а и болни се од нешто, па мислам дека е од болвите :(
    (немам услови за да ги носам на ветеринар, па затоа барам совет)
     
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Прво избањај ги со шампон против болви, исчешлај ги, па после можеш да им ставиш ампула ;)
    Многу е погрешно да чуваш кучиња или било каков домашен миленик ако немаш услови за тоа, ако сметаш дека се болни мораш да ги однесеш на ветеринар сигурно не сакаш да ти умрат :x
     
  10. alison

    alison Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    8
    добро а како можам да дознаам дали има закачено некој крлеж или сл.
    или пак не се приметува тоа..?
     
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Можеш да го напипаш крлежот, ама тоа е малце тешко, може да се чеша кучето повеќе од вообичаено, за да се осигураш дека нема да има крлежи треба да му ставиш ампула.
     
  12. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Па ќе видиш дека крлежот е закачен на кучето, се гледа крлежот.
     
  13. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Домашни миленичиња

    Препорачајте ми нешто што ефикасно ги отстранува вошките од маче, со пудра имам пробано и ич не е ефикасна, грев ми е да го гледам кај што се чеша нон стоп.
     
  14. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    549
    Домашни миленичиња

    Ме насмеа :D вошки :D инаку не се вошки,болви(буи) се ;) Земи Фронтлајн ,тоа е ампула штити 3 месеци од ``вошки`` и 1 месец од крлежи
     
    На Dgirlll му/ѝ се допаѓа ова.
  15. alison

    alison Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    8
    ме интересира дали некој знае кога има изложби и каде ке се одржува прочитав некаде дека утре ќе има.. дали ќе се одржи или не? поззз
     
  16. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
    Да ја одложеа ќе имаше некакво известување,а чим до сега нема значи ќе има изложба :)
     
  17. alison

    alison Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    8
    а каде ќе се одржи .. (на кое место... каде) дали знаеш ? :)
    п.с фалаа :)
     
  18. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
    Во парк во Дом на арм,само незнам од колку саат ќе биде :)
     
  19. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Домашни миленичиња

    Да, пудрата воопшто не е ефикасна.
    Инаку „вошките„ (поточно кажано болвите) ќе ги исчистиш со ампула Неостомосан.
    Таа ампула Неостомосан (Neostomosan) се раствара во 5 литри вода, и мачето ќе го потопиш цело со водата и нека стои накиснато со водата 2/3 минути и сите болви моментално ќе умрат, а потоа само избриши го мачето со пешкир и ќе биде како ново :)
     
  20. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Домашни миленичиња

    Faline да ти кажам дека советов што си го дала ти е погрешен :!:
    Доколку мачето има болви „Фронтлајн„ (Frontline) ампулата нема да заврши никаква работа. :!:
    „Фронтлајн„ ампулата (исто така и ампулата „Протектор„) се ставаат на кучето/мачето за да го спречат/заштитат од фаќање на болви или крлежи, но доколку кучето/мачето има на себе болви Фронтлајнот (или Протекторот) нема да ги усмртат болвите.
    Овие ампули како што се Фронтлајн или Протектор се ставаат на чисти кучиња/мачиња кои што немаат на себе болви или крлежи.
    А доколку веќе имаат на себе болви или крлежи тогаш треба да се стави ампула Неостомосан која што моментално ги убива болвите и крлежите ( а после откога ќе бидат исчистени тогаш може да се стави Фронтлајн или Протектор за да во наредните 2/3 месеци го спречи повторното фаќање на болви или крлежи).