Подготовка за и прилагодување со твојот миленик Кажете спас за крлежи моето куче има многу вајда од трева ги добила??? СПАС !!! ????
сакам да прашам, вакцината против беснило, на која возраст им се става на кучињата? ветеринарот ми кажа после 4 месец, негде прочитав после 7,8 месец (за да се оформело целосно кучето) и сега сум во двоумица што е точно ...... позз
Бев на изложбата, али не учествував во изложбата, туку онака наминав како посетител, и да се видам со моите пријатели.
Нема потреба да му ставаш на кучето вакцина против беснило, бидејќи во МК нема беснило. Вакцина против беснило е потребна доколку планираш со кучето да одиш во странство. Инаку сите различно кажуваат, некои викаат дека требало да се оформи кучето за да прими вакцина против беснило, а некои пак викаат дека нема потреба да се чека кучето да се оформи и дека може на 4-5 месечна возраст да прими вакцина.
Подготовка за и прилагодување со твојот миленик Во погрешна тема си го поставила прашањето, али модераторите нека го преместат. Инаку за да го исчистиш кучето од крлежи, купи му ампула Неостомосан и таа ампула се раствара во 5 литри вода.
Јас имам прочитано дека кога ќе се вакцинира против беснило кучето тогаш прекинува да расте и да се оформува, затоа е најдобро после година да се вакцинира потив беснило. Секако мислам дека е добро да се вакцинира против беснило иако кај нас го нема, сепак не се знае ако дојде во допир со диви животињи
Да, некои викаат дека вакцините против беснило го стопирале растот на кучињата, а некои викаат дека не е точно тоа и дека кучето ќе си продолжи нормално да си расте Инаку да, и јас сум за ставање на вакцина против беснило доколку кучето често се шета по планини и слични места, или ако се оди на лов со кучето, каде што може да дојде во контакт со лисици, ласици и слични животни, сепак е добро да биде вакцинрано, за превентива. Но оние кои што ги шетаат кучињата само низ маало или до парк, во овој случај вакцината против беснило е сосема непотребна и нема никаква опасност кучето да фати беснило. Еве јас на моето куче само еднаш во животот и имам ставено вакцина против беснило, бидејќи одевме со кучето за Црна гора и мораше да има примено вакцина против беснило за да ја премине границата. Инаку јас никогаш на куче (кое што се чува во урбани средини) не би му ставила вакцина против беснило.
значи немаат утврдено ветеринариве.....секој различна прича..... бидејќи прв пат чувам куче, сакам да прашам што треба да се има по дома од апчиња, завои и сл. како прва помош, за недај боже нешто да му се случи на кучето, а да можеме веднаш да реагираме, до најбрзото носење на ветеринар..... што во случај на труење (како се манифестира), температура покачена (како му се мери температура на куче ) повраќање..... да си купам со време, за недајбоже (што би рекле старите)......
gluvarche, пред се потребно е кучето редовно да си го вакцинираш и прочистуваш од паразити. Температура може да се измери со обичен топломер, иако не ти препорачувам сама ако немаш искуство (да не го повредиш), се мери во анусот со навлажнет топломер, 3-5 мин се држи топломерот. Труењето најчесто се манифестира со грчеви во стомак, повраќање, проливи...Во случај на труење ИТНО на ветеринар...
неспорно е дека го носам на ветеринар, ги прима сите потребни вакцини, апчиња и сл. , али сепак човек треба да е свесен и спремен на се, затоа и прашав, некогаш може да му се случи нешто навечер, па иди барај ветеринар, или за време на празник...недела....полноќ и такви некои ситуации, затоа прашав за итни случаеви додека се однесе најбрзо што може на ветеринар, да се преземе нешто, пр. со труење, недај Боже, пу пу пу, али треба да знаеме што да направиме додека не стигне кај ветеринарот.....
Да, кај нас е малце проблем со дежурствата по Ветеринарните станици, некои воопшто немаат ноќна смена.. При труење, сепак зависи и од отровот, кај ланате на пр и немаш многу време за спасување.. најдобро е да се испразни желудникот, односно да предизвикаш повраќање како би се спречило понатамошно апсорбирање на отровот( најлесно во домашни услови со солена вода). Ако веќе повраќа тогаш ова не се прави...Еве ти еден интересен сајт http://www.bestpethomeremedies.com/dogpoisoning.html. Се надевам помогнав..
За домашна превентива добро е да се има хидроген 3%, кантарионово масло, андол и сл. Труењето се манифестира со успорено одење, млитавост, тресење, а највисок показател е течење на пена и лиги од устата. Доколку недај боже се отруе кучето, најдобро е дома да се има медицински јаглен. Исто така кравјо млеко во поголеми количини би помогнало, или белки од јајца измешани со шеќер. На овој начин кучето ќе добие нагони на повраќање и ќе го поврати отровот. Температура се мери како што ти кажа Leo83, но најдобро е температурата да се мери на ветеринар, инаку нормална телесна температура кај кучињата е 38 - 38,5 степени. А глуварче да те прашам што кутре имаш и колку е старо ?
Doberman струја си фала на упатствата, морам да се обезбедам..... за секој случај, а иначе имам кокерче , женка скоро 5 месеци, многу е темпераментна и брлива.... ко струја без гајтан е, ќе игра со 5, 6 кучиња, сите ќе ги умори, она уште трчааааа....
Да, баш како што викаат србите - „Боље спречити него лечити„ Супер си се кокерчињата, искрено кокерите ми се меѓу омилените кучиња (од помалите раси) и пред 6 години кога одлучував што куче да си земем се двоумев помеѓу Пудла и Англиски кокер шпаниел, но сепак се одлучив за Пудла бидејќи карактерот на Пудлата повеќе ми одговараше.
Кучето ми фати крлеж, помош како да го извадам??? Барам по форумов ама неможам да најдам одг. Ако знае некој ве молам пишете ми.
Јас имам вадено со зејтин и чупкалка, само тој начин и ми е познат, на памукче стави зејтин и нанеси го на местото каде што е крлежот, така со памукчето поседи една минутка на местото нека се упие зејтинот за да неможе да дише крлежот, потоа со чупклката полека извади го, само пази да не му ја искинеш главата на крлежот и да му остане внатре во месо
Минатиот пат така му вадев крлеж ама не ми помогна. Главата остана внатре му стоеше некое време ко топче. Читав некаде имаше начини како се вадат одма ама неможам да најдам сега на форумов.