@Offspring, Она си врши мала нужда во песокот, ама ете некогаш дури и кога и е чист ќе направи некоја беља, а за какање никогаш не научи во песок, секогаш го прави тоа на плочки до песокот.. Не и е мала кутујата и ја чистам обавезно. Ама мојава е глува и малку смотана и изгледа не сфаќа.
Напишав сода за уринирање е најдобро за да се неутрализира миризбата. Нема потреба од ќотек, да ја држи некое време на местото е доволно. Во врска со хигиената да , премногу се осетливи. Најдобро е песокта да е во леген ,за да може да го измива .
Имам такво специјално за песок, големо, убаво е наместено, го чистам редовно, песокот и одговара, пошо си врши нужда, ама ете некогаш..
Така де, леген, напишав кутија дека некои имаат специјални вециња за мачки, иначе и мојот во леген оди. Во Велес исто правеше проблем околу одењето во вц, легенот беше стар и пукнат доле, тоа додека јас бев во Црна Гора па баба и сестра ми не се замарале многу. После кога го зедов во Црна Гора му купив нов леген и си одеше нормално, ама како копал го излуштил одоздоле и почнал да насобира мирис на мочка легенот. Јас го измив со доместос да се тргне миризбата, ама пак џабе си продолжи да сере на плочките. На крајот му го фрлив тој леген и купив нов, четвртаст и широк да има внатре кај да се врти и да се осеќа комотно, и ете во него си оди Мачешка логика.
Некогаш е до самиот карактер на мачката , претежно женските се такви. Јас имам мачка две години, со многу лоши навики . Ја пуштаме и надвор ,но ете намерно влегува и уринира внатре .. на кревет , на тепих.. Не сака да ја галиш, само таа кога сака доаѓа ,во спротивно те гризнува ,додека не потече крв не пушта. На сите комшии им влегува внатре и им прави бељи. Најново е што почна да се качува на маса Потполно те разбирам ,некогаш не е до условите ,до мачето е
Е затоа и не сакам да ја пуштам надвор, пошо како шо ја опиша таква е и мојава.. Да ја галиш нема шанси. Не ни преде.
Има злобни мачки ,колку сакаш љубов пружи , направи услови и сл. Ни нашата не преде ,ако ја галиш кога не сака ,знае и да нападне .
Абе не е злобна, далеку од тоа. Она уствари е многу мирна и океј. Ама не сака ич никој да ја закача, не преде, не се гали, ќе дојде некогаш ќе ме полиже, ќе заспие до мене и тоа е. А кога ќе станам од седење обавезно скока на мене и ме гризе, и тоа убаво гризе.. Мајка ми фино ја забоде. Ама се е тоа небитно, се привикнавме, колку што никако не можеме на ред да дојдеме со вршењево нужда.
Грешка си ,има злобни мачки. Мачки чувам нон стоп ,од мала . Често згрижувам и од улица и им пружам нега ,храна ,љубов итн. Но мора да разберете дека и тие како луѓето можат да бидат злобни. Само мора да имаш трпение , да беше некој друг мачката до сега ќе завршеше сигурно на улица. Знае да биде навистина лоша , а се умилуква само кога е гладна и пак почнува од почеток.
И мене прв миленик ми беше мачка. Тоа ништо не докажува ниту кажува. Мојата на почеток сѐ живо мразеше, а сега прва ме пречекува кога ќе дојдам дома. Иако немам храна покажува толкава љубов кон мене. Претходно лом ми беа рацете од неа, еднаш и на лице ме изгреба. Едноставно не е до негата што ќе им ја пружиш туку до начинот на кој што се однесуваш со нив. Не им се доближуваш ти, туку тие треба тебе да ти се доближат, не ги креваш во раце ако покажат знак дека не сакаат, не ги бацуваш, не ги гушкаш, едноставно оставаш тие да одлучуваат на почеток. Потоа ќе ти се покорат (или барем ќе мислиш дека ти се покориле) со тоа што ќе дозволуваат да ги гушкаш и да ги креваш во раце. На мојата само да и покажам она што го викаат „дакфејс“ веднаш се бута за да ја бакнам. Кога ќе ја кревам во раце се бута со главчето накај мене да ја гушкам и масира со шепите. Одлично што се грижиш за мачките, но за да имаш блиска врска со животно, треба да му ја разбереш психологијата прво.
Јас имам персијанец и го земав од другар кога имасе година ипол. Маки намачив додека се навикна со мене, едно 6 месеци поминаа додека стекна доверба. Нон стоп беше арогантен повлечен и недопирлив, после тоа почна да се опушта. После тоа јас отидов за Црна Гора кога имаше он 3 години и една година живееше без мене во Велес, ама ме немаше заборавено, потоа си го зедов во Црна Гора кога имаше 4 години и една година живееше таму со мене, многу лесно го прифати селењето, т.е. ко ништо да не се десило. И минатата година, т.е. во октомври се преселив во БиХ и нормално и овде дојде со мене, убаво му е кај и да е него исто му се фаќа само дај му да се клопа Многу е приврзан за мене, стално со мене спиеше ама сега го истерувам од собата зошто поради бременоста лесно спијам и он ме буди нон стоп доаѓа на кревет и се бања сред ноќ, синоќа повраќав а вратата затворена, кога чу дека повраќам ете ти го на врата и гребе да го пуштам да види што се дешава Еднаш така успеа да отвори и да влезе. Чудо се мачкиве, не би го дала за ништо на светов, ни па би го оставила некаде.
Да , таа не е таква само со мене. Таква е и со мм ,поготово мн е љубоморна на бебето многу се плашам да не и направи нешто... Таква е и со гостите , еднаш на еден другар врз палтото изврши нужда . Затоа велам од маче до маче има разлика. Досега како што реков мн мачки имам чувано , до нивното вдомување од кои 4 беа мои. Ниту едно маче не се однесувало така ,плус тоа го земав мало кога имаше 1 м. Јас многу си ја сакам мачката ,затоа и сеуште е кај мене , но знае вистина да биде ужасна . Ве поздрави
Со каква паста ги миете забите на вашите кучиња и од каде ја купувате? На нашиот малтезер му дојде времето за четкање на забите, но не знаеме каква паста да му купиме.
И требa време. Истa беше мaчкaтa нa другaркa ми, нa некoи пoвеќе нa некoи пoмaлку време им требa. Кoлку е стaрa твoјaтa? Кoмпaнијa бaтaк. Пред некoлку (или 1??) стрaн(и/a) збoревме зa четкaње зaби нa кучињa.