Зошто би било штетно? Ветеринари го препорачуваат. Неопетроит е прашок ,јас ја посолувам мачката и исчешлам после да се разнесе добро,но не ставај на главата, они неможат да се отрујат ,но да не и влегува прав во очите.
Прaшoкoт се стaвa нa мaли мaчињa/кучињa кoгa не се вo вoзрaст зa aмпулa или oгрлицa. Неoпитрoидoт не е oтрoвен зa тoплoкрвни живoтни.
Не знаев кај да го поставам прашањево ама итно ми е. Вака, само што дојдов на работа на едно врапче му падна новородено пилче, се врткаше околу него и одлета, не се врати да го земе. Од пусти жал и грев си го посвоив, го ставив во едно пакетче му наредив салфетки за да му е меко и го покрив да му е топло. Е сега незнам што да му дам за јадење, вода немам со што да му ставам вклун. Мм рече ќе го земел, ама он е до 7 на работа, ми е страв да не ми умре до тогаш Совет некој?
@Papillon.Papi не можам да го однесам на вет. На работа сум до вечер. @Tinushka Не може ли со црви со нешто да го нахранам? Зошто да не би прифатило?
Епа не е питомо ,се плаши ,незнае да јаде ако е стварно мало. Јас еднаш фатив големо ,исто диво го чував у кафез ,до вечер умре...
Ве молам за помош!!!! Пред една година на нашето куче му дијагностицираа лишманија или лајшманија како и да се вика, одговорот од ветеринарот беше или еутанизација или некој лек од Грција. Лекот го купивме 200 евра. Го дававме и сите симптоми се повлекоа тие ранички на кожата, слабост, перутење, слабост во коски и мускули. Но мушичкава несела паразити кои остануваат во крвта на животното, кое може да стане преносител на болеста. Имаме уште две кучиња дома едното е од пред две години а другото го зедовме сега пред неполн месец. Многу читав на интернет и неможам никако да разберам дали може болеста да се пренеси од куче на човек и од куче на куче и на кој начин. Разговарав со ветеринари и ниту еден од нив не ми кажа точно, едни велат дека можи а други дека не е можно затоа што само мушичка е преносите. Бевме за вакцинација на новото кученце и матичниот ветеринар страшно не искара, единствено решение е еутанизација, душата не боли ја чуваме 6 години и разбира повеќе од човек, ВЕ МОЛАМ ЗА НЕКОЕ ИСКУСТВО ИЛИ ЗНАЕЊЕ.
Имам кученце мини пинч стара е 7 недели ја имам скоро една недела и стварно незнам како да се понашам со неа.. не ми е прво куче ама многу е немирна не сум видела до сега вакво куче.. ве молам некој нека ми кажи како да се справам се можно гризи моча насекаде знам дека е многу мала и не разбира ама мора да има некој начин за да почни да разбира.. ве молам совет
Здраво, имам 4 мачиња стари околу 2 2,5 месеци, мајката ги напушти и сега јас се грижам за нив, до пред некој ден немаше никакви проблеми сега веке трет ден едното од мачињата одбива да јаде т.е јаде многу малце и цело време лежи со некој ладен поглед во една точка и одвреме на време ке се помести негде низ дворот. Го однесов на ветеринар но тој ми рече дека мачето е добро и да му купам мелено јунешко месо и да му давам да јаде по 5 супени лажички дневно. Но мачево јаде едвај 1 до 2 дневно и секогаш кога и да му ставам некакво јадење пред него прво го мириса а потоа како да се грчи со устата и одбива да јаде.Доколку имате некаков совет би бил добредојден, бидејки едно маче претходно умре и не би сакал и на ова да му се случи истото. Ви благодарам.
Тоа дефинитивно, нема врска со мајката ,може да си јаде самостојно. Може е дехидрирано многу е топло ,секогаш нека имаат свежа вода.
Имам германски овчар, ради жешкото имаше напад се трешеше и имаше пена на устата. Некое решение за разладување или како треба да го поднесува жешкото. Го избањав со млака вода има тешко дишење, сега е малку смирен. Некој да ми помогне ве молам.
Ако го чувате надвор...нема многу што да му правитр. Во ладовина нека седи, секогаш, секогаш свежа вода и од време на време ско пуштате црево или сл.ќе се разладува.
Јoгурт, уште пoдoбрo кефир, зaмрзнaт вo чaшки. Стaви мoркoв/пилешки бaтaк (сирoв) вo чaшкaтa сo јoгурт или кефир и зaмрзни ги зaеднo. Мoжеш дa дoдaдеш јaбoлкoв oцет.
@navyforever дали си сигурна дека е од жешкото да не случајно е затруен, обично тресење и пења од устата, дезориентираност се најчести симтоми при труење.