Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. happynessss

    happynessss Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    18

    Можеш и со препарат против крлежи, ги има по продавнициве за миленици, инаку сега овој период има најмногу крлежи по парков, проверувајте се после секое шетање
     
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Ние си купивме пинцета специјална, во моментов земи чупалица твоја. И во местото кај што е крлежот и претпоставувам има раничка зашто крлежот цица крв, со чупалицата глеј да го извадиш целиот. Знам гадно е ама мора. А и мора целиот да е ако го оставиш пола може пак проблеми да прави. И потоа згазни го уништи го. Со тоа што раничката ќе помине по некое време. И обавезно купи му ампула против крлежи. Моево фати годинава 2-3 мислевме рано е март за ампула, му ги извадивме одма, сеа заздравени му се. А откако му ја ставивме апмулата видовме неколку умртвени му стојат до кожата. Така да добро е што му реагира ампулата, слушнав на некои не реагирала ама затоа и има каивче како околувратник кое е против крлежи.
    И провери го убаво кај главата, вратчето, на шепите да не има други крлежи, како пајачиња се тие, а кога ќе цицаат крв се зголемуваат, како дебелки бубачки се.


    препаратот е за превенција, а ако веќе навлегол крлежот мора да се отстрани и извади.
     
  3. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Знам јасно ми е морам да му купам ампула, само сега како да му го извадам незнам. Се трга го боли кога ке го пипнам. Сигурно сега го фатил додека трчаше низ трева. лелеее што да му правам незнам.....
    КЕ тегнам сега со пинцета, прочитав на форуумов со дезодоранс да му прснам, така и направив, го гушел и ке искочи сам. Ај одам да пробам со чупалица се надевам ке ми успее, нема да биде ко минатиот пат.
     
  4. happynessss

    happynessss Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    18

    Со зејтинот кога ќе се упие му се затнува дишењето на крлежот и ги собира пипците, јас што имам зборено и со луѓе у парк само овој начин ми го имаат кажано, мене ми има успеано, ако не најдеш друг начин пробај пак со зејтинов, се надевам ќе успееш
     
  5. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Пробав и ги извадив сите пипци. Додека го чепкав најдов уште еден среќа не беше влезен под кожа одма го тргнав.
    Приметив некое топче кај муцката, го стиснав само крв и малку ко гној течеше, незнам па тоа сега што му е.
    Туку ако знаете број од диме од капиштец и каде се наоѓа точно во капиштец, пишете ми ве молам да го носам одма, ампула да купам и да види што е тоа топчето.
     
  6. happynessss

    happynessss Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    18
    Супер што си успеала да му го извадиш крлежот, тоа топче може да му било некоја раничка, провери убаво да не најдеш уште некој крлеж, како што кажав во овој период ги има премногу,
    Диме ветеринарот :) се наоѓа позади домот за сираци, има улица угорница право по неа ќе идеш, во куќа е, иначе какво куче имаш ?
     
  7. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    baby.90 има куче од расата Златен ретривер :)

    Инаку најдобро е крлежот да се вади со зејтин, и секогаш кога го вадите крлежот вадете го во насока спротивна од вртењето на сказалката на часовникот (на лево вртете го крлежот) :!: .
    На овој начин кога го вадите во насока спротивна на часовникот, крлежот многу полесно излегува и шансите да му се скине главата се минимални.
    И серазбира користете ампули од Frontline или Protector.
     
  8. happynessss

    happynessss Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    18
    Сакам и јас да купам Бел ретривер, само ме плаши тоа што ми имаат кажано дека се премногу тврдоглави, инаку биле вистински срциња, многу емотивни
     
  9. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    ^ Па не се којзнае колку тврдоглави Златните ретривери, има многу потврдоглави раси од нив.
    Најбитно е да се поставиш како Алфа (лидер) а откога ќе станеш Алфа се е многу полесно :)
     
  10. happynessss

    happynessss Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    18
    Знае ли некој да ми каже која цена се движат сега ретриверите, а искрено се надевам дека ќе успеам да се поставам како Алфа, само да не се случи обратно, незнам да бидам строга со нешто толку мило :$
     
  11. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    ^ Нема стандардна цена за нитуедна раса секоја раса може да кошта од 50 - 100 евра па се до 500 -700 евра (во Македонија), а во странство и до 1.500 евра .
     
  12. happynessss

    happynessss Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    18
    Од 200 до 300 евра е ок, а тоа 700/1500 евра, па стварно е премногу, фала Доберман на одговорот
     
  13. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Баш сега најдов бели ретриверчиња за тебе, види ги линковите.

    http://www.pazar3.mk/Listing/Detail/Index/499346?searchID=1077380&Idx=1

    http://www.pazar3.mk/Listing/Detail/Index/473131?searchID=1077380&Idx=3

    Тоа 1.500 евра за куче е во странство, јас досега во Македонија не сум сретнала да се продава куче по цена од 1.500 евра.
    Во Македонија највисока цена е околу 700 - 800 евра за куче, а просечна цена е од 200 до 400 евра.
     
  14. happynessss

    happynessss Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    18
    Доберман премногу сум ти благодарна, срциња се, се надевам дека ќе ве израдувам со ново бебуле набрзо
     
  15. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Ништо, нема проблем баш ми е мило што ти помогнав ;)
    Баш ми е мило што се одлучи за оваа прекрасна раса :)
     
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Доберман ај нид сам хелп.
    На лабрадорот му имав ставено ампула портив болви и крлежи пред една недела, претходно немаше фатено ни болви ни крлежи, е сега викендов го носев во Дојран и пливаше во езерото, се буташе по треви грмушки и чуда и закачи болви, т.е. не се чешаше многу но му приметив ранички, на ветринар го однесов го проверија и имаше болви, го избањаа го средија со се да нема веќе болви, пак му ставија ампула и ми препорачаа да купам каивче против болви и крлежи, наводно има сигурна заштита од 4 месеци, јас знам дека ампулите се многу подобри од овие каивчиња но незнам што да правам, што би препорачала, незнам какви ампули му ставија против болви, сакам да ми кажеш кои се најдобри, или што да преземам, некако не ми е веродостојно каивчето :^)
     
  17. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Цурки кај и да е планирам да отидам да видам еден малтезер. Шансите да го земам се 80-85% (значи големи се :) ) Тој мислам дека има 6 или 7 месеци. Но, сакам да прашам како треба да постапувам со него? Како да се грижам за него? Ќе го чувам дома, во куќа, ама ако може некој да ми поткаже нешто како со него... :$ Прв пат се среќавам со оваа раса на куче, а притоа треба сама да се грижам за него...
     
  18. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    @ mims-89 , да ти кажам јас немам позитивно искуство со каивчињата, неколку пати и имам ставено каивче на мојата Пудла и закачи крлежи, а со ампула никогаш не ми се случило да закачи крлежи, па затоа секогаш препорачувам ампула.
    Најдобри ампули се Frontline и Protector.
    И ампулата треба да биде за куче од 30 килограми бидејќи Лабрадор ретриверите имаат просечна тежина од 28 до 32 килограми.
     
  19. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Еве да се пофалам, Бак има ампула конечно, сега доагам од ветеринар. Му ставија Фронтлајн како што ми кажа Доберман :)
    Имаше ранички од клежот кој го извадив и топчето исто му било од крлеж, купив Хидроциклин ко што ми кажаа на ветеринар и го намачкав.
    Инаку за на пазар 3 ретриверите со машничката, се машки 250 евра а женските се 300. За тие од Охрид незнам.
    Хепинес ако земеш ретриверче нема да зажалиш. Само мораш да бидеш строга, јас многу му попуштам и на глава ми се качува. Последно што направи кога го оставив сам дома на саат време, ми го земал индексот од масичката и го изел ќошот :) Си доби ќотече, ама џабе веќе кога индексот ми е изеден.
    Премногу се итри и се хиперактивни, нон стоп сака и прави нешто, на моменти може и да полудиш од него. Ама неможе да се спореди целата нивна палавост со галењето кога ке станам од спиење. Одма скока на кревет, легнува и се мази. Срциња се.
     
  20. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Незнам зошто си се одлучила да земеш Малтезер од 6/7 месеци :?:
    Сепак тој Малтезер веќе си има створено свои навики, сепак не е толку мал и ќе треба да ги прашаш луѓето од каде што ќе го земеш кои му се неговите навики.
    Јас да сум на твое место би си зела малечко 2 месечно (до максимум 3 месечно) кутренце, бидејќи ти ќе бидеш таа која што ќе го научиш на основните работи и ти ќе го социјализираш со другите кучиња.
    А вака 6/7 месечен незнаеш како е социјализиран и каков му е карактерот, али твоја одлука е :)