Ја имам 2 лабрадори. Мажјак и Женка, и кога и да шетаме на трева си ја јадат. Сум прашала неколку ветеринари,и ми имаат кажано дека тоа е за подобра дигестија. Ништо страшно
Луѓе дај ве молам помагајте. Имам мачка која се породи и мачињата се скоро 2 месеци, но фатиле болви. Ги прксам со неопитроид, но тоа не ми е трајно решение. Дали може да ми кажете нешто да ставам што ќе ги убие болвите и јајцата од болвите зашто уште некој ден треба да ги дадам?
Ампула Можеш да земеш од оние за 10 кила што се и да ја поделиш, по неколку капки на маче. Ама треба да знаеш убаво на кое место да ја нанесеш. Или однеси ги на вет, таму нека им стаат. Мене не ми земале пари за апликација, туку само за самата ампула. од 350 до 600 се движат, зависи од фирма, килажа итн.
Овие две мачиња ги подарувам. Стари се 1 ипол. Доколку е некој заинтересиран слободно нека ми пише. Двете се машки.
@QweenSM да, премногу. Премногу се мири, мирни и буквално разбираат онака, стварно многу многу убава раса на кучиња. Кога идам кај баба ми постјано сум со кучињата, вујко ми „одгледува“. И да, им треба потребна дресура, знам ова најмалото кученце шо реши вујко ми да го задржи мн по „разгалено“ е од мајка му и татко му и потешко му оди дресурата ама за другите било мн полесно. @e.... @IceCube во пет шопот каде одам 250 ден е и ми кажа како се аплицира точно ама чисто од страв да не згрешам решив да почекам уште малку и зедов само неопитроид и сега веќе сами почнаа да се чистат, скоро три месеци ќе прат наскоро (за некој ден) и тоа многу темелно, јас само јајцата ги чистам со чешле. Јас неможам да не споделам оваа среќа - мама си најде деца, а децата си најдоа мама шо вистински ги сака, за разлика од другите две шо ги префрлаја како топка ... сепак уште ми е жал за малото маче. Успеав на дневна светлина да се пикнам и да го најдам ама ... беше прекасно. Ова беше вечерта кога цимолеше мачката и пробваше скоро три месечно маче да го крени и да го скрие на таван, и баш денес ја забележав, збунета е зошто малите со толку стари. Преѓе ги виде како вршат потреба и онака истрча и оди мириса таму ги гледа и се враќа кај мене цела прашалници. Ваљда се чуди како пред некој ден се омачи со едно маче, а сега има две кои трчаат, гледаат и копаат наоколу. Ова е како си ги наоѓам секое сабајле. And the daily nap. Па откако си добија уште една мајка, другата престана сосем да не посетува сем кога е време за јадење. Прв пат се осеќам како малите да ми се на сигурно зошто со неодговорни мајки крај ми немаше пролетва ама штом Кралицата моја презема знам дека се е под контрола.
@Papillon.Papi дали имаш претстава колкави би пораснале кутрињава едно девојче се заинтересира да ги земе ама ако се многу големи не и одговарале за во стан. Јас немам претстава знам само дека не се расни вајда, а и пол не можам да и препознаам. Мала помош акп знаеш
Среден рaст, гoлем нaјмнoгу. Сaмo штo не мoжaм oвa сo сигурнoст дa ти гo кaжaм зaштo немaм предмет зa спoредбa. Акo се пoгoлеми oд твoјaтa рaкa гoлем рaст ќе бидaт. А, нa женките пoлoвиoт oргaн им е пoблиску дo aнусoт, дoдекa нa мaшките им е нa aбдoменoт.
Па не беа поголеми ги држев во дланка малку поголеми од неа. Може да се среден моето беше толкаво кога го зедов. Тогаш се женки и двете според ова. Како и да е ги зеде и двете многу им се израдува ќе ги чувала во двор имала и куќа и не и било толкав проблем, ама ако сакале децата и дома ќе ги зела. Многу ми олесна. Фала ти @Papillon.Papi
Ми треба совет од вас. На мачињата на сите посебно им ставив ампула, се надевам ја ставив на кожата, но после некое време се примети и крзното одозгора дека е мокро. Дали тоа значи дека ампулата не ми е ставена добро и колку време треба за да се уништат болвите?
@IceCube мокро од вода или ...? Зошто кога прашвав јас за ампула (во пет шопот) покрај инструкциите ми кажа дека еден ден не смеј да се гали на тој дел од мачето и три дена никаков допир со вода. Подетално не знам само кажвам вака ако ти е од помош.
Ампулата се става на задниот дел од вратот, под помеѓу ушите. На тој дел се трга крзното за капката да допре доректно на кожата. Секако, потоа дел од таа капка доспева и до самото крзно, па затоа на тоа место изгледа како да е „мокро“ или поточно „мрсно“, ама тоа не е никаков проблем, само не го допирај тој дел, и не се обидувај да го избришеш. Ако си сигурна дека мачката има болви подобро е неколку часа да ја држиш надвор зошто дел од болвите умираат, ама дел искокнуваат, па можно е да ти се наполни куќата со болви ако ја чуваш внатре. Инаку ампулата своето дејство го покажува многу брзо, веднаш се распространува по кожата.
Ја ставив на вратот, дпре до кожата и се надевам дека ќе делува. Се уште не видов дека болвите умираат, но моажам само да ги видам како некои од нив шетаат.
Епа се чешаат, нормално, сега болвите се повознемирени и порашетани, и поради тоа се чешаат. Нека ги надвор нека си седат, да не ти наполнат дома, а болвите дел ќе изумрат дел ќе искокнат.
Трикoв вo сaбoтa пoчнaвме сериoзнo дa гo учиме (oслaбе и немa прoблеми сo флексибилнoст сегa). Вo сaбoтa 5 минути, вчерa уште 10 и скoрo се нaучи. Истo тaкa еве резултaти oд сирoвa исхрaнa+мнoгу трчaње и скoкaње Вo пaркoт зa кучињa успеa дa ги пoмине сите препреки сo кoи пoрaнo имaше мaки, имa мнoгу пoвеќе енергијa и мнoгу пoбрзo трчa. Сегa е здрaвo и среќнo куче.
Вдомив вчера едно маче, околу 4-5 месеци има, џинџерче со плави очиња, го најдов на улица ептен питомо и го однесов дома т.е го оставив во двор му дадов јадење, млекце и сабајлево се будам црна мачка ми се моташе по двор и кога излегов да го проверам моево, мачкава тргна накај мене мислам да ме нападне..се гледаше дека е непријателски настроена према мене. Не знам што да правам, да му е родител на мачево не верувам а и далеку сум од местото кај што го зедов, совет некој?