Фала Доберман. Инаку за ретриверчињата со машничка да ви кажам, се мои комшии, преслатки се од преубави родители и одлично се грижат за нив и ги чуваат, нема да зажалиш ако ги земеш.
Е фала богу конечно почнаа да ги ценат женските кучиња На запад уште пред 20 години женските се побарани и поскапи од мажјаците, а во Македонија е обратно. Во МК луѓето не се доволно запознаени околу кучињата и мислат ако земат женско ќе си имаат проблеми со парење и сл. ствари, а забораваат дека со мажјакот треба секогаш да бидат на штрек додека се шетаат дали ќе помине некоја женка со циклус па мажјакот ќе збрлави или дали ќе дојде друг мажјак па да се здават. Браво за луѓево што ги продаваат ретриверчињава, дури женските се поскапи за 50 евра од машките, се познава дека се луѓе со искуство и познавање за кучињата
Дефинитивно ќе земам, само е прашање на недели, ако не и денови, женски фала ви многу, бејби јас само стравувам затоа што немам срце да бидам строга спрема нешто толку мило, а како што кажа и Доберман ќе треба јас да бидам Алфа и доминантна, само незнам како ќе го постигнам тоа, а инаку дефинитивно изборот ќе биде женско кутре и ќе биде најголема маза, тоа галење што го опиша бејби и те како ми треба секој ден, од едно прекрасно мило суштество, дефинитивно ќе бидеме неразделни, само незнам што ќе правам кога ќе треба да идам на работа, има ли сега некој хотел за кучиња или нешто слично како дневен престој
Многу ми е мило што го извадивте крлежот од Бак, кажи ми го најде ли Диме и колку кошта сега ампула против болви и крлежи ?
Има, јас знам во Зоовет центар дека имаат хотел за миленици, тоа е карши универзална кај Броз кафе. Сигурни има и на други места
Мх мх мерации Златен ретривер женско ти посакува што побрзо да си земеш кутренце и да си уживаш во прекрасните моменти со кученцето. Ампулите Frontline за 10 килограми куче се околу 400 денари. Инаку во врска со хотел за кучиња, јас наскоро ќе почнам да правам хотел за кучиња имам и тема за хотелот, еве ја http://forum.femina.mk/dom/hotel-za-domasni-milenici-t5515/
Јас воопшто не сум задоволна од Зоовет центар. Ја оставив мојата Пудла кај нив 2 дена и кога ја земав беше прегладнета, воопшто не и давале храна и прљава беше имаше во крзното ситни парчиња од сено (којзнае каде ја чувале). И кога го прашав Хари кај ја чувале ми вика НЕЗНАМ . Како може да каже дека незнае каде ми пресојувало кучето
Не бев кај Диме, отидов прво во Налетовски, таму го носам од кога го земав. Има една докторка во Налетовски, супер е, девојката е злато, знаеше и совети колку сакаш, додека докторот кој исто така работи таму е крш. Мислев ако е он на смена да одам одма кај Диме ама среќа докторката беше таму. Ампулата ја платив 550 денари од 20-40 кг мислам беше. Бак има 25-26 кг голем е машала. Инаку @Happyness би ти препорачала јас машко кутре, ретриверче, имам во комшии женка, премногу е агресивна, се фрла на се живо ако не го знае. Додека машкиве немаат гајле, Бак лае кога доага некој во двор а не го знае, ама кога ке му се приближи се гали и скока. Женките несмееш да им се приближиш. Ако земеш женка може да ми биде снашка?? Бак е без девојка сеуште мора да му најдеме
Бак е стварно премногу убав и е прав мангуп, инаку не го делам истото мислење со тебе дека женките се поагресивни, дефинитивно се многу поприврзани(така имам читано), а за снашка за Бак може да се договориме, ептен е мангуп
Хаахахха Бак е срце, ама само кога он сака, не јас. Моите ми викаат дека си игра мајтап со мене, а јас сирота како да му викам и да го карам, види го каков е Ајде ако земеш кученце ке се дружиме. Сакаш со или без педигре ретриверче??
Полот на кучето нема никаква врска со агресивноста, и машкото и женското можат да бидат агресивни. Има разлика помеѓу „агресивност“ и „бранење на територија“. Јас досега не сум сретнала агресивен Златен ретривер, а таа женка што велиш дека е агресивна и се фрлала на се живо и диво можеби така е дресирана да си го чува дворот или пак можеби газдите не и обрнуваат внимание па затоа е таква нервозна, но тоа не значи дека сите женски се такви. Бак е уште мал и му немаат удрено хормоните во глава, почекај да видиш што е агресивност кога ќе наполни 1 година, да видиш како ќе се однесува кон другите мажјаци. Со правилна дресура и социјализација нема да има никакви проблеми.
Искрено педигрето не ми игра некоја голема улога, само ми дава некоја сигурност да знам од каде потекнува, а најбитно ми е да си даваме несебично љубов секој ден
Многу зависи од начинот на кој е чувано кучето и колку внимание и љубов добива, обично кога ќе ги остават кучињата сами затворени или на ланец стануваат агресивни
Кучкава е нон стоп во двор сама, не игра никој со неа, можеби затоа е таква, незнам. Бак гледам што почесто да го дружам со кучиња секакви, и расни и лингурчиња. Прееска го носев кај другарка има лабрадор она се изнатрчаа, си играа. Може е и до тоа. Хепинес Бак нема педигре, има ама не го земав кратко кажано. ако има кучето може и да не го земеш педигрето, со педигре чини пр. 300 евра без педигре 100 евра. Како мислиш ти така. ПОсле муабетот со Мелита дека прави фалс педигрињи ни на тоа веке не верувам. За тие од Охрид незнам, а за другите кученца ја знам мајката, сигурно имаат педигре оригинал.
Да да, те читав дека се жалеше од Хари и од Зоовет, јас го немам оставено до сега во хотел па ни во нивниот, меѓудругото сум задоволна од Зоовет центар, барем до сега. Јас си барам женка со педигре и оценка за парење, жолт лабрадор ретривер, ако има некој на форумов заинтересиран замолувам да ме контактира, исто ако имате и познаник кој би бил заинтересиран.
Зар таква разлика за едно парче хартија, има и такви опции кај одгледувачите ? Знам дека порано не тргуваа така со педигриња, имавме дома и претходно кучиња и се имам дружено во парк со други луѓе што имаа кучиња, но немаше случаи поевтино да продаваат ако несакаш да го земеш педигрето
Да токму тоа што кучката е постојано сама и не и се обрнува никакво внимание затоа она така агресивно се однесува, а доколку сопствениците би и посветувале внимание она со сигурност ви гарантирам дека ќе се промени и нема да биде нервозна и агресвна. Затоа е битно на кучето да му се обрнува внимание и да се социјализира. Инаку во врска со педигрињата, да точно е тоа дека се прават фалсификати и дека може да го земеш кучето со помала цена доколку нема педигре, но тоа го прават само несовесни и неодговорни одгледувачи. Инаку ние кучкарите што сме упатени ги знаеме кои се тие луѓе и ги избегнуваме максимално. Искусните кучкари купуваат кучиња само од добро проверени одгледувачници кои што се 100% сигурни и легални.
Доберманке да те прашам, ако кучето има педигре, а јас немам праи да платам за педигрето, дали може само кучето да го платам, а за педигре не, кога ке имам пари да го земам??? Мислам дека и такви договори има ама не сум сигурна затоа прашувам.