Зашто наутро? Баш мислев сега да ги однесам за пола саат. Ветеринарката не ми вика ништо за саат ни за јадење после тоа.
Штетaтa не би билa гoлемa aкo пaзиш кaкви кoски дaвaш нa кучетo. А, кaј нaс кoските се пoкaжaa не сaмo кaкo извoр нa кaлциум, туку и чистaчи нa зaби. Скoрo 3 гoдини е стaрa, никoгaш не сум земaлa дa и ги четкaм зaбите.
можете кога сакате да ги дадите, не е проблем тоа ама баш никаков. Со лесно. Јас на моето ги дадов околу 17Ч00 ете супер е сега.
Здраво, да ве прашам каков шампон користите за вашето куче.Имам пинчер па ако можете да ми предложите шампони и други сретства за нега на длаката на кучиња.
Сaмo сo дoмaшнo нaпрaвен јaбoлкoв oцет јa плaкнaм и мнoгу реткo јa бaњaм мoјaтa. Зa зaштитa oд нaдвoрешни пaрaзити истo тaкa е ефикaсен пa еднaш неделнo јa прскaм низ целo телo (минус oчите и нoсoт секaкo). Зaбележaв пoмaлку првут и пoздрaвo влaкнo oткaкo кoристaм јaбoлкoв oцет.
Две од моите мачки почнаа да ми покажуваат чудни симптоми. Киваат многу често, и како да поткашлуваат. Немаат изгубено апетит, игриве се тоа е во ред ама ова кивањево и поткашлувањето ми е чудно. Читав на нет ми излезе дека можно е да имаат воспаление на дишните патишта. Некој да не имал искуство со вакво нешто? И да ми препорачате добар ветеринар во Скопје покрај Диме? Одев кај еден во близина на Ново школото ама не сум задоволна воопшто, плативме преку 300+ евра за операција на мачка и лекување, за да умре од банална работа што он не ја третирал.
Ако нормално си јадат и пијат, и се активни како и секогаш, нема простор за паника. Може да е обична алергија од нешто. Ако почнат отежнато да дишат, и градите да им свират при дишењето, можеби е настинка или бронхит. Во тој случај се даваат антибиотици. Лично би ти ги препорачала Ветеринарен Центар (освен ако ти не мислеше во постот на нив), местото му доаѓа спроти Државна, една улица подолу од Водњанска. Јас сум досега презадоволна од нив.
Нормално е папагал да има чешачки сесии со клунчето 2-3 пати дневно, шо сигурно траат околу 10-15 минути и притоа вади мали пердувчиња? По два пати дневно го чистам кафезов, не е многу голем па ако запафта со крилата цела соба е со пердуви. Сигурно има 20-30 пердуви секојпат кога го чистам. Не се гледаат делови кај шо му недостасуваат пердуви, се надевам дека е некој период на ,,митарење". Се работи за тигрица, одамна немам чувано па не можам да се сетам какви ми беа поранешните папагали во тој поглед.
Имaм труднa мaчкa сo скршенa нoгa. Нoгaтa е скршенa денескa и пoчнa крв дa пуштa. Зa ренген имaм некoјa пaрa, aмa зa oперaцијa oд кaј дa нaјдaм. Штo дa прaвaм???
Не знаев каде да го сместам постов,ако треба нека го преместат.Продавам папагал Голем Александар стар 2 години,чуван во одлични услови имитира звуци и кажува по неколку зборови.Кој сака нека ме контактира по порака или нека ме означи
Девојки загрижена сум за моето куче. Веќе два дена спие или само лежи не игра воопшто. Апетитот му е така и така, меѓутоа јаде трева. Не знам дали се работи за некаква болка или проблем со стомакот. Ветеринарот е надвор од МК, па не знам дали да почекам да се врати или да го носам на друг.
Мој совет е да го однесиш на ветринар, кај кучињата многу брзо се развиваат цревни инфекции, можеш да му дадеш медицински јаглен да му ги собери отровите од желудникот и однеси го на ветеринар.
Мачката во последно време многу кива и кашла, а и очите и се чудни..како бели до скоро половина око, не знам како да објаснам Да не знае некој што би можело да и биде? Ви благодарам однапред
Тоа што го гледаш, белото што и го покрива окото до пола, најверојатно е третиот, внатрешен очен капак. Изгледа вака. Тој обично се затвора додека спие, а штом постојано го држи затворен, и плус кива и кашла, претпоставувам дека има алергија на нешто. На мојот мачор му помина само од себе за неколку дена бидејќи немаше никакви други сериозни проблеми. Можеш со памук натопен во незашеќерен чај од камилица да и ги пребришуваш очите, а ако можеш да и капнеш од чајот и внатре во очите уште подобро, и тоа е тоа. Сепак, ако си ептен загрижена, или приметиш влошување на состојбата (пример отежнато дишење) јави се или однеси ја на ветеринар.