Нормално е, сепак е рана.Внимавај само да не ја лиже премногу раната, барем мене така ме опомена ветеринарот. Во секој случај ништо страшно, мојот ја лижеше првите денови па ништо не се случи. Исто така не е препорачливо да се качува на високи површини првата недела, а и самиот кога ќе проба можно е да почне да цивка зошто ќе има мала болка. Како и да е најтешкото помина, за два три дена ќе стане и трча како ништо да не било Гушки до Марли
Кога се консултирав со ветеринари пред да одлучам, ми кажаа дека тоа не прави апсолуто никаква разлика. Сепак доколку не се спари никогаш кучето, подобро е да се кастрира/стерилизира како превенција од понатамошни посериозни заболувања. Сепак, универзално правило не постои, секој со свое мислење и искуство
И се лижи и по скали трча ко ништо да не било. Не можам да го смирам. Се наспа цел ден и сега шета низ двор беља прави. Бесно кучееееее неумно хаха. Утре ќе го однесам пак на ветеринар ако му крвари уште вака.. Не е многу ама си течи константно ме плаши. Гушки и од насссс
Здраво Феминки, морам да ве прашам за совети, кучето инаку Златен Ретривер 4 години и 10 месеци денес го имаше вторниот епилептичен напад. Пред месец ипол имаше напад и бидејки не знаевме што е и како е го однесовме на Факултетот за ветеринарна медицина, таму ни кажаа да го следиме и секако доколку има повторно напад најубаво би било да го снимиме нападот за да се знае каков е. Секако сакав да ве замолам доколку се соочувате со истава болест со ваши миленици да ме советувате. Благодарам
Можеби не е за тука прашањево, ама може ќе се најде некој да помогне. Од вчера кутрето не сака ништо да јаде. Ама баш ништо, не ја ни погледнува храната. Се молиме и се ама џабе. Вчера пиеше и вода денес ништо. Се плашам некој да не го има отруено. На ветеринар тек после ако работат ќе можам да го однесам. А до тогаш ќе се мрднам мислам. А се гали како и обично само што не сака да јаде. Како да му помогнам?
Нема простор за паника доколку е весело и не покажува други симптоми, овие што ги опиша не се последица на труење. Можеби моментално го прочистува организмот, моето повремено така прави, јаде трева/зелен зеленчук и повраќа, потоа е во ред. Доколку продолжи да не јаде може да е некоја стомачен вирус и ќе треба да прима терапија од ветеринар. Се надевам дека денес е подобро, доколку можеш пиши како е.
Здраво девојки и момци, јас и брат ми вдомивме куче, па да прашам некои основни работи. Со каков шампон да го бањаме, секако за миленици ама има некоја марка да ми препорачате или небитно?Водата на која температура да е? Еднаш или два пати да ставиме шампон? После тоа со крпа и фен да го сушиме? Колку често да го бањаме? Ќе полни два месеци за некој ден. Какво млеко да му даваме? Млекото од фрижидер или треба да е потопло? Нешто друго освен млеко и вода? Фала однапред.
За шампон марка не ми текнува баш, ама ќе прашаш да е за јуниор кучиња, значи за младенче, тие не се агресивни, дали еднаш или 2 пати ќе видите од потреба. Ако после плакнењето водата е чиста нема потреба 2 пат. Исто ако кучето е црно има посебни шампони за црни кучиња. Ако го чуваш дома и дома ти е топло, само истријго убаво со пешкир, можеш и да го фенираш, ама најбитно е шепите да се суви, меѓу прстите. Водата да не е многу жешка, од прилика да е малку потопла од млака, температура не знам да ти кажам точна. И да се пази да не влезе вода во уши. Околу млекото, дека уште е младо, ќе го разредуваш со малку вода. Да биде на некоја собна температура. И во поголемите маркети имаш храна за кучиња различна за секоја возраст. Допрва ќе му се мењаат забите, па ќе бара да гризе ствари. Обувките чувај на недостапно место и купи му играчки за гризење и јаже за тегнење. Толку ми текнува во моментов. Па пушти сликче кога ќе можеш да го видиме
Е фала многу. Бело е, со една кафеаво/црна точка на грбот и има кратка длака. Мешавинче од мајка пит-бул и татко мешавина, изгледа некој швалер се погодил. Многу е мило, мафта со опашката и сака да се мази. Инаку не е нечисто, само на едно место мислам дека од кал се има измачкано, па сакам да го избањаме да биде баш чисто и тогаш ќе пуштам слика. Дома не е баш најтопло, уште не се загреани собите, па сепак ќе го исушам со фен. Утре одам во шопинг по ремче против болви, шампон и играчки за гризење.
@Rebecca_R млеко не му давај, кисело можеш и јогурт. Јас моето го бањам цело време со бекутан, од него најубаво му е крзното и не му предизвикува рекација. Од посебен шампон за него му излегоа рани и се чешаше многу, па почнавме со бекутан.
ни она на варење не? А јас сум гледала мнооогу клипови кај што им даваат млеко, баш ме збуни сега. Е супер штом може со бекутан, уште сега ќе излезам да купам, вака ќе морав да чекам до утре. Фала ти
@Rebecca_R ако користиш посебен шампон, ќе треба да го раствориш со вода. Шампонот не смее директно на крзното. Млеко никако, ептен кога ќе има проблеми со поголема нужда за да потпомогне. Само кисело млеко Сеа зависи ти како ќе го храниш, со домашна храна, кучешка или мешано.
Млекото обавезно да е разредено со вода, зошто не секое куче има проблем со млекото, или од она за варење ама несварено препорачуваат. Иначе ако сака јогурт уште боље. Ах да, забораив и обавезно апче за глисти. Да биде и тоа раат и ти. Во зависност од тежината на кутрето толку ќе му дадеш. И убава забава по дома од сеа натака.
Планирам мешано, т.е. прво да проверам која е цената на кучешка храна, ама сепак и месо и коски ќе му давам. До кога да му давам само млеко? Од кога да почнам со месо и леб? Утре татко ми ќе разговара со ветеринар, тој дел со вакници и глисти е негова обврска. Колку јогурт би требало да испие? И ако не сака јогурт, млеко да купам од кеса и неварено да му го дадам?
Уште сега можеш малку лебче во млекото или јогуртот да ставиш нема да му биде ништо. Другарка моја во Данска така ги растеше кучињата со такво млеко и тогаш ми беше чудно се додека не видов дека и кај нас ветеринарите го препорачуваат истото. Зошто фактички и тоа од мајката такво пиело, неварено. Дека е мало ќе му даваш 4-5 пати на ден да јаде ама по малку. Зошто сеа уште нема осет колку е доволно, а некои кучиња се и полакоми од другите и ако ставиш повеќе може да се прејаде па да си има мака после. Тоа малку би било од прилика оние обични пластики од крем, проѕирни што се, епа помалку од половината од такво пластично. Пола од половината некаде. Ама ти сама ќе си видиш како му одговара и ќе си знаеш. Со време ќе ја зголемуваш дозата, а ќе ги намалуваш оброците. И многу е битно од малечко иако не може да се одолее на тој поглед, да не му се дава храна додека вие јадете, а тоа тажно ве гледа. Зошто после нема да можете маса да поставите, цело време ќе ви се врти околу вас. Или кој и да земе да јаде, нема да може да јаде на раат. Јас со последното куче го немав тој проблем ниту со мачкава. Сега храна знае да стои насекаде и не се десило да скокне по неа или да ме гледа додека јадам и да бара и таа.
Нема да го чуваме внатре, имам покриена тераса, сега за сега е таму а после тоа во двор. Внатре има теписони низ цела куќа, а куче кое се храни со мешана храна мириса на кучешко, па колку и да го сакам, мирисот е неподнослив. А и не е од малите раси, после одреден период секако ќе мора во двор, па тој премин може да биде тежок доколку се навикне внатре.
Пак јас! Дај кажете што да направам за да престане да квицка. Додека е со луѓе е супер, ама кога ќе ја оставиме сама не престанува. Има вода, има јадење, ја избањав, ја исушив, не прави проблем што има каивче ама неуморно квицка.
Па реално на куче му треба место да трча и двор е секогаш најдобро решение. За да се навикне, ќе ја оставате почесто сама на тераса. Прво на кратко 10-15 мин па ќе се вратите. Ова кога ќе бидете без обавеза па ќе имате време да посветите за лекции. За да и дадете до знаење дека секогаш ќе се враќате назад кај неа, и да не и биде тешко кога ќе заминете. И многу играчки. Кога ќе биде разиграна нема ни да примети дека ве нема. И додека се мали после игра брзо се уморуваат и спијат почесто. Па пред некое подолго изглагање ќе ја играте повеќе. Сите кутриња плачат дур се мали, евентуално ќе се навикне.
Не не, има место, мислев на каивче околу вратот. Има многу простор за трчање, има и играчки. Таа квицка и кога е врзана на ланеци кога не е, значи квицка бидејќи не нема нас. Денес прво баба ми се играла со неа, штом си отишла почнала да квицка. Брат ми бил со неа, си отишол истото. Јас бев, ја бањав, штом си заминав пак наново квицкање. Се надевам побрзо ќе се навикне, од една страна не можам постојано со неа, од друга греота е така да квицка. Ама мора да се навикне. Е имам дилема за тоа како да ја научам дека треба да мочка во песокот?
Да да те сфатив, за тоа зборев и јас. Кога ќе имаш време, ќе отидеш да поиграш со неа, па намерно ќе ја оставиш сама на 10-15 минути, па ќе се вратиш назад кај неа. И тоа ќе го повториш неколку пати. За да добие до знаење дека не останува сама за стално, туку секогаш ќе се враќате кај неа. Е сеа за тоа треба да си имаш слободно време. Ама како и да е.. квичењето нема да трае подолго од 2 недели во најлош случај. Не се грижи, мало е сега, ама ќе се навикне. Трпение само. Коментарот за дворот ми беше во смисла чим кучето ќе расте поголемко и за него подобро е кога има простор да се истрчува повеќе отколку на пример затворено во стан. Чим имаш услови супер Едит.. за песок не знам што да ти кажам. Тоа повеќе е за мачки. Кучињата немаат инстинкт да запретуваат измет, па затоа нивниот измет го глеаме по улици. Ти можеш да ја научиш на пример, кога ќе видиш дека бара место за да изврши физиолошки потреби, да ја кренеш и пренесеш на одредено место и така таа само таму ќе се научи и ти нема да треба цел двор да го чистиш, туку само едно место што ќе биде наменето за истото. Ова од мое лично искуство.