Да, да, во двор, има доста место, затоа и зедовме куче со среден раст. Куче дома е преголема обврска на која јас, а ни домашните, не можеме да одговориме. На тераса од практични причини е сега, некаде за еден месец ќе ја однесеме во двор. Баш како што кажа, да не мора да чистиме се, туку само едно место од терасата/ дворот сакам да ја научам на ред. Фала ти
Имам кучка пред 14 дена роди 3 нови кеченца. Проблемот ми е што кучката ја нападнаа крлежи и болви, а сега ги гледам и кај кученцата дали може сега да и ставам ампула додека цицаат кученцата и како да ги спасам и кученцата од нив?
Една мачка од населба се омачи кај нас во двор, и нели очињата им се отвораат по некое време, ама денес приметив дека кај едно маче едното око му е отворено ама другото око му е целото зафатено со нешто бело/жолтеникаво, значи воопшто не му се гледа окото од тоа. Жал ми е за маченцето, не знам што му е, дали му е од што сега му се отвораат очите, или да не фатило нешто.
Нaјверoјaтнo инфекцијa. Oбичнo јa oдбивaaт дoкoлку не се хрaнети прaвилнo или не се чувaни нa чистo местo. Не е стрaшнo, сo хлoрaмфеникoл мaст и чaј oд кaмилицa требa дa се мaчкa oкцетo. Пред скoрo време цицaлчињa нaјдoвме фрлени, сите имaa инфекцијa нa oчите. Дoбивaa третмaн и зa еднa неделa се oпoрaвијa.
Се мислам каде да ја носам Мина за шишење.(малтезер е) Дали во Ашаја кај Тошко или кај Лавинија? Поврќе сум за кај Тошко(Ашаја)Нема да е некоа ептен којзнае какво шишење малку само главата.Каде би ми препорачале повеќе?
Мхм ама Мина не е кадрава.И ме чуди тоа што кај Тошко се закажува месец време унапред.А кај Лавинија 1 до 2 нед.
Кога/како им растат забчиња на мали мачиња? Забележав дека сосем мали имаат сега, како иглички, ама постојано сакаат тврда храна и се нервозни ако им турам нешто млеко или течно. Забчињата им паѓаат и растат нови или им се зацврстуваат овие и им растат поголеми?
Девојки, чувам маче околу 2 месеци има, утрово кога отидов да го нахранам од очињата му имаа истечено како темно кафеави солзи, од што може да се случи? Многу сум загрижена
Спoмнaв некaде низ стрaниве пред скoрo време. Мaлите мaчињa честo се нa ризик нa инфекции нa oчите кoгa не рaстaт вo чистa срединa или не се прaвилнo хрaнети. Oднеси гo нa ветеринaр, ќе ти кaжaт штo дa прaвиш. Леснo се лекувa и нaјчестo не е мнoгу сериoзен прoблем.
Здраво на сите, многу сакам да си чувам милениче па доколку некој од вас може да ми помогне каде би можела да најдам априкот пудличка.фалааа
Имало песок за мачки што формирал грутка на местото каде што ќе изврши нужда мачето, и после само грутката се собирала и се фрлала? Некој подетално да ми каже цена за одредена количина?
Јас пак воопшто не сум задоволна од тој песок од 10 кг. Мене ми се правеше како кал после мала нужда на мачето. Се изнамачив додека не се потроши! Тоалетот на мачето го чистев секој ден целосно!
Моето милениче е мое се, целото време на светот што го имам му го посветувам, бидејќи е мој извор на непресушна среќа !!!! Омилена храна му е Педигре - со вкус на пилешко месо....Редовно пие јогурт и млеко и јаде зеленчук и овошје во огромни количини .да се чудиш за куче Во однос на нуждата, секое сабајле пред да одам на работа го шетам 15 минути , па на пладне и навечер пред легнување....тоа му е веќе создадена навика Можам да речем дека на моето кутре не му недостига грижа и љубов....редовно го носам на ветеринар, на сечење нокти, ампули против се му ставам, секогаш е најаден, си има неколку креветчиња низ дома, ногу играчки, перничиња свои и кебенца....срце мое си е ****