Дефинитивно ќе сакам да ги видам и мајката и таткото на мојата идна маза пред да се одлучам, сепак несакам да ја земам од било каде, несакам да бидам жртва на трговци со педигриња кои чуваат кучиња само за профит, без да им дадат никаква љубов. Боже какви луѓе
Ама види, кога веќе купуваш куче зошто да не ти биде кучето со педигре? Тоа е родовник, така имаш документ за него и неговите предци, со тоа можеш да го носиш на изложби, да добиеш оценка од судија на педигрето, да го продолжиш потомството на твоето куче со педигрето. Тоа за фалсификатите е можно, има такви измамници, но ќе си провериш и ќе се распрашаш за се за да не дојде до такво нешто. Се прават ненормални бизниси со кучиња и педигриња и такви работи. Признавам, сакам кучиња, ги чувам од љубов и со љубов, но малечките ги продавам, им вадам педигре, на некој начин и заработувам од тоа, сепак кога некој ќе купи куче значи дека има услови и да го чува како што треба, додека ако на некого му го дадеш така може и да го занемарува и да не се грижи квалитетно за него (секако дека постојат голем број на исклучоци). Исто така реално е голем трошок да се чува куче, па повторно тие пари што ги заработувам ги инвестирам во кучето и му ја пружам најдобрата грижа
Се зависи од тоа како ќе се договориш. Вака сега да ви кажам. Секој што е искусен и одговорен одгледувач кога ќе се родат кутрињата одгледувачот е должен на сите кутриња во леглото да им извади педигре. Педигрето да се извади не е воопшто скапо, вадење на педигре кошта 600 денари (10 евра). Јас кога би имала легло доколку некој човек нема доволно пари да ми плати за кутре со педигре јас би му го поклонила педигрето бидејќи ниту ќе се обогатам ниту пак ќе се осиромашам за 600 денари Е сега има и такви одгледувачи (од незнам кои причини) што доколку некој сака да го земе кутрето без педигре (нели за да помине поевтино) одгледувачите не им вадат педигре на тие кутриња и доаѓа до многу глупа ситуација што од исто легло некои кутриња имаат педигре а некои пак немаат. Доколку одгледувачите на Бак го чуваат педигрето негово можеш да им се јавиш и да го побараш да ти го дадат.
Луѓе денеска како ни тргнал муабетот на оваа тема баш гледам само денеска на темава имаме напишано 5 и пол страници (од пола 39 страна до 45 сме стигнати денеска)
Ваква е ситуацијата со Бак. Мајка му е најдена во Карпош 4 пред зградата во која живее дечкото од кој го купив Бак. Ја земал типот кучката, имала само 6 месеци ја чувал дома и ги барал сопствениците. Ги нашол после 2 месеци исто од Карпош 4 и отишол кај нив да им ја врати. Они неможеле да ја чуваат и му рекле ние намерно ја пуштивме, за да ја земе некој. Типот им рекол ок јас ке ја чувам дајте ми го барем педигрето, му рекле ако го сакаш педигрето плати го 200 евра. Типот ги молел, некеле ни да чујат без пари да му го дадат, ги отерал кај што не треба и тоа е тоа. Татко му на Бак има педигре, ист е ко Бак. Кучката е стара 5 години, 3 пати до сега имала кученца, сите се стварно преубави. Еве зошто Бак нема педигре. Како сега и каде да ги најдам тие што го имаат педигрето од кучката?? И не разбирам ако чини педигрето 10 евра зошто го продаваат за 200 ???????
А зашто тие луѓе уопште се дрзнале да чуваат куче, кај го оставиле на улица уште барале пари за педигрето, не ми се верува какви луѓе
Мислам дека рече дека им се родило бебе па неможеле и куче и бебе во мал стан, затоа морале да го пуштат. А кучката-мајка му на Бак е срцка, мн е мила. Има 5 години и уште сака да си игра со топки и шишиња. Како ли да ги најдам сега тие луѓе????? Штом него не му го дале педигрето зарем мене ке ми го дадат?? Не верувам. Доберманке би можела ти тука да помогнеш а? да им одиме заедно на врата??? Јас ке се распрашам каде точно живеат, ако се уште таму после 5 години...
Па кога знаеле каква им е дома ситуацијата зашто го земале тоа куче???? да чуваш душичка дома 6 месеци и да ја оставиш туку така, тоа е како прво огромна траума за самото куче, одеднаш да се најде само на улица, имала среќа што ја здомил дечково, а кај ја здомил и се решил да ја чува(браво за него) па да не му го дадат педигрето и пари да бараат ми е многу нечовечки, мое мислење е дека не би ти го дале туку така чим не му го дале него после 5 години, ама вреди да пробаш
Е тоа се тие луѓе за кои ви зборам, сакаат само да заработуваат од кучињата и се тотално неодговорни. Ние одговорните кучкари и одгледувачи, таквите луѓе како во горниов пример ги нарекуваме КРТОВИ и се бориме што повеќе да се намалат таквите Кртови. Е сега незнам што да ти кажам baby.90 , тие што биле првите сопственици на мајката на Бак којзнае дали сеуште го чуваат нејзиното педигре. Тие тогаш штом не му го дале педигрето на дечкото што ја нашол кучката, на тебе уште помали се шансите да ти го дадат. Единствен начин да дојдеш до педигрето е да го прашаш дечкото што е сега сопственик на мајката на Бак да ти даде телефон и адреса од првите сопственици што ја испуштиле кучката и ти да исконтактираш со нив и доколку сеуште го чуваат педигрето да одиш и да го купиш.
Прво и основно ретко внесување во собата заради влакната што ги остава мачката, па после секое нејзино легнување на креветот каде што и јас лежам треба да поминувам со правосмукалка. Потоа еднаш во три/четири месеци капење на животичето во мојот случај мачето со шампон, а потоа го сушам со фен. А знам некогаш да му ги исчистам ушите со чепкалки. Секој ден по два/три пати менување на водата и никако оставање на храната да се засуши. Обично му давам коски да јаде, риби или нешто што се наоѓа дома, не купувам посебна храна за него. Кога беше помало му давав да пие млеко, и сега му давам ама не толку често. Редовно менување на песокот каде што извршува нужда.
Добив на поклон зајаче...мислам уште не е пристигнато, за 2 дена ќе биде крај мене.Е сега не знаам со што да го хранам,хигиена,дали вода да му давам,да го бањам. Дали некоја од вас има искуство со зајачиња за да ми ги објасни работиве
моето куче доби менструација прв пат на 10 месеци а ми рекоа дека на 6тиот месец нормално е да добие...... дали можи некој дам и кажи што знае колку дена му трај периодот и дали ако му ставам инекција за да не се пари нема и да има менструација???
Доберман сакам да купам фурминатор, видов на пазар 3 дека ги продаваат за 1200 ден. се јавив прашав, по нарачки ги носеле, огринал биле се тоа. Ама кај хари се по 2-3000 заедно со некоја тешност незнам шо.... И сеа незнам што да правам, да не не се оргинал овие од 1200 или Хари ко Хари си претерува По што да познаам?
Во пет шоп ќе купиш храна за зајчиња/глодари (составена е од семиња, сончоглед,јачмен,пченка и сл.) . Хигиена ќе му одржуваш со тоа што редовно ќе ја мењаш пилевината на секои 3/4 дена. Вода ќе му даваш од посебни поилки за глодари, тоа се стаклени/пластични шишенца и се лепат за стаклото / или се закачуваат за кафезот доколку го чуваш во кафез, и зајчето ќе си пие од поилката, во секој пет шоп можеш да најдеш поилки. Избегнувај да го бањаш бидејќи ќе му правиш стрес и може да умре од преголем стрес.
Нема врска тоа дека кучето мора да добие на точно 6 месеци. Од 6 месеци па се до 12/13 месеци е нормален период да добие прва менструација, па така да твоето штом добило на 10 месеци е сосема ОК. Трае околу 20 дена, и доколку ставиш инекција, инекцијата ќе спречи да остане кучката бремена.
Тој Хари е како Мелита ист лопов, цените до небо му се високи. Јас уште одамна пред 6 години кога Пудличката ми беше малечка отидов до кај Хари (тогаш пред 6 години не бев толку упатена околу кучињата како што сум денес) и отидов да купам тањирче за кучето со 2 прегради (еден дел за вода а другиот дел за храна) и го платив тањирчето 390 денари. И после некој период поминувам од кај Фауна и влегов да разгледам што како има внатре и гледам исто такво тањирче за само 90 денари , значи кај Хари истото тањирче 300 денари поскапо . Такада немој за џабе да ги фрлаш парите, куписи го тој фурминатор за 1.200. А Хари, нормално дур има овци ќе ги стрижи и ќе им наплаќа на луѓето дупло / тродупло од нормалната цена.
-имав рипка но ми избега додека и ја менував водата ми влезе во таа дупката на водникот. -имав и хрчак но заборавив дека го имам па умре од глад. РИП и на двајцата, животните се осудени на пропаст со мене. Инаку би сакала да имам маче, баш ме интерисира од што ке умре?
И ова треба да биде смешно или?!? Како прво не личи дека го напишал човек од 20 години, туку некое дете од 5 години. А како второ, ако не се грижиш за животните, подобро не земај милениче, за да не ги мачиш.
Јас чував како помала кутре. Но дедо ми го мразеше и ми го однесол и го пуштил. Никогаш не му простив. Чував и желче, ама тревно, си го чував во двор и ми беше срце додека не стана огромно и една ноќ си го фатило патот во боЉе живот. Се надевам дека е добро сеуште. Чував папагали, и тоа скоро секогаш сум имала папагал. едниот ми беше нимфа, таман го научив да гукне еден збор ми се разболе и му немаше лек. И последниот папагал ми почина пред некој ден, уште е непрежален. наредната недела ми е роденден, и ќе си добијам џуџесто зајче. Ќе си ужива со мене ќе се мази по цел ден. Инаку не ми е мрза. Сакам животни, сакам да ги галам, да ги мазам, не ме мрзи секој ден вода да им носам, храна да им дотурам ... сакам кога се весели и сакам кога ми се радуваат. И не можам да ги сфатам луѓето кои мразат животни. Добро и јас мразам влечуги ама дека ми е страв Инаку Доберман, секоја чест, ве читам и гледам сите имаат познавања, но мислам дека колку ти што сакаш животни никој тука толку не е посветен. Плус и спремна да помогнеш секогаш. Стварно искрено секоја чест.