Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. marta993

    marta993 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2017
    Пораки:
    1.572
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите.. Со дечко ми пред еден месец земавме женско едномесечно маче мешанка ангорка, што значи сега има два месеци отприлика.. Ја играме нон стоп, ја мазиме, и пружаме љубов буквално како дете мало, се и е дозволено.. Се случува особено сабајле а и на крајот од денот да ја "фатат будалите", да трча од еден крај до друг со најголема брзина притоа да дише брзо како куче со јазикот изваден.. Скока на се можно, од двосед на фотелја, прозор, маси итн... Знам дека е мала и игрива ама понекогаш мислам дека нешто не е во ред.. Планираме да ја однесеме секако и на ветеринар, но си реков да пишам и овде може некој долгогодишен сопственик на мачиња ќе ми помогне и ќе ме посоветува за понатаму :)

    П.с еве ја фатена на дело хахаха:D
     

    Прикачени фајлови:

  2. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.502
    Пол:
    Женски
    Дали ја чувате мачката само внатре? Можеби нема доволно простор, мачките се многу енергични особено во тој период. И јас го имав истиот проблем, го играв мачорот по 1-2 сати на ден, а притоа имаше доста играчки на располагање но не му беше доволно. Едно време почна малку да биде и понервозен од вообичаено се додека не почнав да го ставам во двор по неколку сати на ден и како нов е. Ја троши цела енергија и што е најважно воопшто не му е досадно.
     
  3. marta993

    marta993 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2017
    Пораки:
    1.572
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Да па во стан сме... Имаме и тераса ама некогаш само излегува страв ми е да не падне меѓу решетките, ама пак не е тоа тоа.. Оф леле, до тоа е сигурно.. значи ќе треба да ја шетаме како кученце надвор :D фала многу на одговорот
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.870
    Допаѓања:
    171.119
    Пол:
    Женски
    Ете ние бевме денес, по пат ми се помоча в кола од страв, а таму пак мирна, мирна. Докторот зема ја држи да му извај тоа чудото, оваа преди ли преди. Колку прст тоа сувото беше големо. Па сега уште капки да ѝ ставам за скроз да оздрави. Му ставаше и инјекции, таа битно си предеше и за тоа, без анестезија ѝ го извадија. Е на бегање која мака ја видовме, тоа приказна за ФМЌ после, битно тука да пишам дека лошото помина сега уште капки. Ако имате совет како ефикасно да ја држам за да не промаршвам окото би било добредојдено.
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BarbaraMorii

    BarbaraMorii Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    1.652
    Пол:
    Женски
    Каде можам да пријавам насилство за животни? Постои ли во Мк воопшто тоа?Кај комшиите има мало кутренце ми личи на шарпланинец или мешанче е...Луге секој ден слушам како квиче....Децата што е нивно не се дома по цел ден и изгледа баба им го тепа им кажавме на децата што го чуваат и ок само демек ќе и кажале на баба им...Утрето ден пак иста песна неможам да го слушам...Прегладнато е дехидрирано на оваа време ни вода ни храна.Го храниме со мајка ми секоја ден и вода му даваме..Ама луѓе греота е...Неможам да го слушам како квичи и кога му давам вода абе како лудо пие...Незнам шо да правам..Неможеш да земеш туѓо куче...Незнам стварно....А кога и кажавме на жената уште будала се праи вика не го тепам јас така си лае оно... а се слуша дека болно квиче...И нонстоп вика по него.
     
  6. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Ако е мало, особено ако е женско, ќе квицка додека да се навикне.
    Мојата кучка, сега веќе 4 месеци, имаше 2 кога ја зедовме, квицкаше некои 2-3 недели. Имаше јадење, вода, ја избањавме, се игравме со неа, ама во истиот момент кога ќе остане сама почнуваше да квицка.
    Првите денови на смени седевме со неа, толку жално квицкање јас немам слушнато. Комшивка која чува кучиња ни дојде на врата да праша дали е наше кучето. И објаснивме дека е мало, женско и таа кажа дека со тек на време ќе се навикне.

    Едно е ако е прегладнето и дехидрирано, ама малите кучиња квицкаат.
     
  7. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Девојки имам 7 годишно пекинезерче. Му се појавија и на двете очиња веднаш под очињата, црни мали дамки. Го приметувам се почесто, кога се затрчува за накај врата ја истура чинијата храна што е пред него. Да не слепее? Што мислите? Утре на вет го носам.



    Tear stains are dark brown or reddish marks that appear beneath a dog's eyes. The stains are often accompanied by discharge, but not always. They are typically more visible in dogs that have white or lightly colored fur. ... The reddish stains appear when porphyrin, a pigment found in tears, accumulates under the eyes.
    ova veli google
     
  8. BarbaraMorii

    BarbaraMorii Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    1.652
    Пол:
    Женски
    Да ама оно наеднаш заквицкува силно баш како од тепање.Знам како е да плаче затоа што е само а како е да квичи од болка..плус и гладно и жедно е.... незнам шо да кажам..
     
  9. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Во нашата држава закон за заштита за животни како таков не постои во пракса.
    Нема кај да се обратиш верувај ми а нема ни кој да помогне во една ваква ситуација.
    Единствено во невладиниве организации да пријавиш, меѓутоа не верувам дека може и они нешто да сторат.

    Јас пред неколку години имав една ваква слична ситуација. Соседите чуваа кутре на пола метар ланец без вода без ништо, го лазеа муви и паразити, плачеше од тоа колку крлежи има.
    Трпев, гледав, ги опоменував. Ги прашав да го земам кучето зашто ќе му најдам дом.
    Одбиваа.
    Со изговор дека функцијата му било да ги брани од крадци и да им најавува со лаење кога ќе дојде некој и ради тоа морале некогаш да го удрат за да има страв кучето.

    Си трпев јас така уште некој ден. Станав едно утро, знаев кога одат на работа. Луѓето воопшто немаа ни ограда во двор, влегов го одврзав кучето, на врат му ставив ремче кое штити од крлежи и го пуштив.
    Верувате ли луѓе дека избега кучето и никогаш не се врати. Подоцна го гледав во долното мало, живееше пуштено до една пекара го хранеа тука, стана среќно кученце.

    Ова во родниот ми град беше, па сега не знам навистина што станало со кучето.
    Со соседите логично после тоа се скаравме и не зборуваме ни ден денес.
    А што па луѓе за муабет изгубив.
    Тоа не се ни луѓе туку крвници.
     
    На BarbaraMorii му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BarbaraMorii

    BarbaraMorii Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    1.652
    Пол:
    Женски
    Така е.....Греота..Ццц овде учичните кучиња ги третираат како инсекти да се апсолутно убиј го и ко ништо да не било....Страмота и греота е ова..Мислев дека сепак постои некој закон некој санкции за таквите луѓе...Ама во оваа бедна држава нема правда
     
    На manja666 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Обрати се во Анима Мунди, пиши им порака. Детално објасни што се случува, во вакви случаи можат да проверат што се случува и доколку кучето е малтретирано дури и да им го одземат на сопствениците. Во полиција не би те советувала да се јавиш, затоа што нема да преземат апсолутно ништо....можат само да ти се изнасмеат...за жал
     
    На BarbaraMorii му/ѝ се допаѓа ова.
  12. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Земав две двомесечни маченца. Ако сакате да ми кажете од нега до храна што се треба да направам бидејќи стартувам одново со бебиња и изгубив осет како идеше затоа што мојот мачор почина пред месец дена на 9 години.
    Фала ви однапред
    @Papillon.Papi те тагнав како најинформирана околу работиве, секад си ми помогнала со точен совет па се надевам и сега. <3
     
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.870
    Допаѓања:
    171.119
    Пол:
    Женски
    Нели ја носев мачката на ветеринар за чеклас, ама има и инфекција. Ми даде ветеринарот капки и отокот ѝ се повлечи, но имаше едно како делче пред окото кое го имаше и кога ја носев на ветеринар, но ветеринарот не прокоментира ништо сем дека од капките постепено ќе ѝ се „поправа“ окото и дека ќе биди во ред и дека не е страшно. Ми рече после 3-4 дена ќе видам поголеми резултати и да не паничам и вистина еве Четвртокот бев и денес окото го држи сосем отворено, нема веќе оток, нема гнојче или било каков исцедок или пак крв па дури и однесувањето ѝ е подобрено, прво беше подепресивна сега е весела и си трчка и се радва, преди, но има како нешто пред окото. Ми рече да не и давам повеќе од 5-6 дена капки, а и читав упатство пишува не повеќе од толку дена. Па се думам дали Понеделник да ја носам пак на ветеринар ако го има тоа во окото или да терам до крај на терапијата па ако не се повлечи тогаш да ја носам пак? :| Не дека ќе смени ден разлика до крај на терапија ама си паничам де ... касно е редно е да попаничам малку. :lol:
    upload_2017-8-13_2-16-35.png
    Нешто вака е, кога сакам да ја сликам ми ги затвора двете очи, мислам веќе трауми ѝ направив.
    Пробвам да не читам ништо до Пон, ама си се тешам дека ако беше нешто сериозно ќе ми речеше ветеринарот зошто знам дека го имаше уште кога ја однесов и претпоставувам терапијата која ми ја даде се однесува и на чудово.
    Ако успеам да ја сликам ќе ставам какво ѝ беше окото пред да одиме на ветеринар и колку е подобрена, но ова чудово ептен ми мати онака, ја гледам среќна и добра е, ставам капки и има подобрување од ден на ден, ама шубе ми е ... :| Искрено и не изгледа како да ѝ смета. Кога имаше мака и се чешаше, се гледаше дека има нелагодност, нели затвораше око, а сега е како да го нема ова и затоа мислам дека ќе се повлечи, но ми се матат мисли да не е нешто сериозно безразлика што не ѝ смета.



    @srcence1607 ќе ги чуваш внатре или надвор мачињата? Прво здрави и живи да се, многу да си се сакате. :hug: Сега топлите денови гледај обавезно да им ставаш многу вода да си имаат, денски можеби да не се расположени, но нека не те загрижува тоа - до жешкото е. Во врска со храна, јас на малите им земам рефус храна за мали мачиња, но без проблем ја јадат и таа за големи дури и имам забележано дека и неа ја преферираат повеќе (имам и големи мачки, па се прикрадуваат кон храната). Млеко ако некогаш се решам да им турам, кое за разлика од големите мачки, малите го обожуваат, им го растворам со вода, а често им турам и јогурт, јогуртот го обожуваат. Некогаш ги частам со готова храна која е за мали мачиња и соодветно над една година за големите мачки. Често знам да ги частам риби, онака си ги делиме една мене, по една за нив.
    Во врска со нега, гледај да ги вакцинираш и советувај се колку апче за глисти да им дајш, ќе ти кажат дали во пет шоп или на ветеринар према возраста и тежината колкав дел од апчето треба да им дадеш. Нема потреба од чешлање на толку мали мачиња, сеуште не се митарат, „нови“ се, ама пак моите обожуваат да ги чешлам, се тепаат кое прво да дојди до мене кога ќе ме видат со чешел в раце. Ако ги чуваш дома земи им играчки со кои ќе се занимаваат, нешто на кое што можат да гребат исто така и меко креветче. Ако ги чуваш надвор можиш да направиш куќарка, како што е во мојот случај, долу постели ја со слама па со нешто меко прекриено со ќебенце или нешто полетно за периодов, важно е да им е топло во зима.
    Малите мачиња сакаат да си играат многу, па гали ги, играј со нив. Додуша штом се две и нема да им е досадно.
    Ако ми притекни нешто ќе ти пишам, ова е само како ми изгледа просечен ден со малите. :wasntme:
    Се најдобро. :l:
     
    На srcence1607 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.358
    Пол:
    Машки
    На srcence1607 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    Денес кучево ми скрати живот некоја година..Внук ми беше излезен да го шета со уште едно куче-женка.Го врати дома,се напи вода,среќен задоволен разигран и го забележав дека главата наназад ја зафрла и како настрана да ја носеше ко одеше.Устата му се тресеше и се лигавеше секогаш кога му правеше така главчето..Се јавив кај ветеринар и ми рече дека можеби му е од хормоните или пак е затруен..Од тогаш не се повтори ама сега седам и очи не тргам од него..Ветеринарот ми рече ако во наредниот саат појави нешто итно да го носам.Игрив е,расположен за галење,до мене лежи моментално спие.
    Си велам да не го удрил главчето,да не нешто не му е во ред со очите,да не има некои напади,не знам што да му правам,кажете искуство.На ветеринар го носиме на неколку месеци и беше пред некој месец за да прими вакцина.
    Секогаш ми велат дека е перфектно здраво куче и не знам што да мислам..
     
  16. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Ми личи на епилепсија.
     
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    Луѓе мене некој ми го одврзува кученцето. Не ми е страв дека ќе избега, тоа си сврти едно кругче низ улицата и се врати, ама врзано е за негово добро. На главна улица живеам и не сакам по пат да ми шета, да не го удри некој автомобил, не дај Боже, или некои скитници да го нападнат, а премногу ги има. Ептен се изнервирав, и тоа неколку пати веќе. Ај да речеш да го мачиме, да квичи, да е жално, а синџирот му е за жица врзан, си трчка наоколу, баба ми водата секој пола саат- саат му ја менува, да не му биде топла :lol: сите си играме со него, редовно е нахрането. Ептен без осет... И кој ќе одговара после ако му се случи нешто? :@
     
  18. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    ;(;(
    Ќе го носам на ветеринар прво одење Битола..

    Премногу се возбуди вчера,женка со него,јас си дојдов од одмор, не можевме да го смириме пола саат.
    Оф душа ме боли ;(
     
  19. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Направете му бокс и катанец на боксот.
     
  20. Bloom19

    Bloom19 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2015
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.604
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае за колку време треба мачка да се породи откако ќе и пукне водењакот? Веќе поминаа 2 саати, а не сум приметила контракции од кога и пукна.


    И ако може за секој случај да ми дадете број од ветеринари, мојот 2 месеци си го лади на одмор и е недостапен.