Прво раѓање и е. 4 роди од кои 2 умреа. Ја оставив сама во собата да се породи и се убив од плачење дали ако останев ќе можев да им помогнам да преживеат. И цело време сум во паника дали овие 2 што останаа се добро, дали се хранат, дали ги гмечи додека се поместува, ама од друга страна страв ми е да не ги одбие ако ги фатам дури иако носам ракавици во нивна близина. Некој совет што да правам, а што не смеам?
Добро е, значи сама све средила. Остави ја сама да ја води инстинктот, сама ќе ја изеде постелката, сама ќе ги исчисти мачињата. Умрените можеш веднаш да ги тргнеш. Тоа е, многу често се случува, не се вознемирувај. И не се секирај, нема да ги згмечи, значи тоа е природен инстинкт така што нема да погреши. Убаво правиш што ги фаќаш само со ракавица, мада јас сум ги местела и без ракавица за побрзо да фатат цицка, па не ги одбила Се надевам ќе наиде некој тука да ти даде уште некој совет, зашто моево искуство е од пред 20 години па сум подзаборавила
Мала помош Пред две недели ми се омачи мачката прво породување се разбира е сега ми треба совет од вас како да им ја спречам онаа гнасната болест штом прогледаат да не им фати гној на очињата.... Секој совет е добредојден
Да седат на стерилно место, храни ги со поквалитетна храна (можеш да побараш низ категоријава, има тема за сирова исхрана). Ако имаш прашања околу одбирање на квалитетна храна пиши во ПП. Храната е битна за имунитетот, а со намален имунитет, и нечиста околина, мачињата се изложени не само на очни инфекции, туку и различни болести.
Луѓе, маченцето на комшијата иди кај мене повремено, цело е замаено, не е диво како што беше, бавно оди, многу спие, пие вода барем и има апетит ама онака како без волја е. Другите мачиња се весели, играат, се диват и во жешкото, ова од најживо маче, ептен опадна. Комшијата по цел ден не е дома, се думам да му кажам зошто не знам дали ќе ја забележи променава. Јас вака како чест гостин што ми е Јосе, како можам да му помогнам?
Имаме мало маченце околу два месеци, вчера додека си играше со ќерка ми се качи на тераса (на мермерот горе) се лизна и падна од 2 спрат. Го носевме на ренген скршеници нема, но сепак има болки и онаа 4тина од аналгин што ја кажа ветеринарката како да не му помага баш ..посѕојано мјаука и едвај оди.
Вчера посвоив малтезерче старо 5 години. Го избањав со бебешки шампон, морав валкано беше, немав за куче.. Денеска чешајки се и гризајки, си направи раничка... таква е како кратерче раскраварена кружна рана.. Дали е можно да е од шампонов, или да не е некоја болест кожна..? Искуства?
Однеси го обавезно на ветеринар. Немам искуство за дали бебешки шампон прави проблем, но јас за моето користев Вета шампон, беше добар и за паразити. Кај нас во Ср го најдов 100мл за 200 денари. Инаку на моето рани на кожата му направи шугата. Беше мало и успевме на време на реагираме и многу брзо се излечи. Колку порано одиш на ветеринар, толку подобро.
"Жешка точка" или hotspot на кожата. Може да се прошири, затоа истрижи го крзното на нула таму, или однеси ја на вет да ја истрижат. Тоа може и од претходно постоело поради нехигиена. На расава ќе и треба секој втор ден темелно челшање (не минување со четката низ крзното туку убаво разделување на крзното и четкање од корен до врв), редовно стрижење (барем 1 месечно) и внимателна исхрана со омега 3 и 6 масти за здравје на кожата. Можеш да додаваш рибино/лососово и кокосово масло во исхраната, и обавезно живо јајце во оброците 2 пати во неделата.
Постојат посебни шампони за бели раси на кучиња и се одлични за малтезери. Можно е од самиот шампон, иако е наменет за бебиња да предизвика реакции, сепак се работи за различна pH на кожа кај луѓето и кучињата. За почеток земи шампон за кучиња, од искуство ти кажувам дека оние наменети за луѓе ја сушат кожата на кучето, се перута, прави иритации, проследени со рани. Има шанси дури и покрај тоа што си го избањала, уште полошо да мириса, затоа што ја имаш уништено примарната бариера на кожата, остај неколку дена, немој да го бањаш и немој веќе да користиш шампони за луѓе. Иако е бебешки и понежен, тоа важи за нас луѓето, но е доста агресивен за кучињата. Убаво е да земеш чешел за кучиња и секој ден да го чешлаш, бидејќи малтезерите немаат крзно туку баш длака, која ако не ја негуваш многу брзо се плетка и после само ножица е спас. Убаво што си го посвоила, но сметам дека токму оваа раса си бара доста нега, во смисла на чешлање, одржување на белината на крзното и редовен груминг. Во секој случај, помалите раси на кучиња живеат подолго и поразлично ја доживуваат староста од поголемите раси.
Ве молам за помош! Мачорот ми се плеткаше низ нозе, и некако се сопнав и несакајќи го шутнав кај газето и тестисите, бидејќи му беше кренат опашот. Избега и се пикна под маса, се излижа на тоа место, но не покажа особени знаци на болка. Постои ли можност да сум му ги повредила тестисите? Ќе се убијам, ве молам кажете ми дека не е опасно
Има некој пикинејзерка за продавање\подарување ? Или било какво куче (женско) ама со ниски раст ? Голем љубител сум на кучиња , дома ми е кучкарница , ги обожавам
Мислам дека нема гајле јас чувам куче и истово се случило мн пати несакајќи да го исшутирам....ама ништо не му е прави беблаци ко луд...сепак од болка избегал и се излижал...и на некој дечко да му го направиш истото ако е во состојба да се лиже би се лижел само да ублажи болка така да уживај
Imam mace staro 6 ipol godini nekade..U poslednive dva dena nekako slabo jade a i ne e nesto mnogu raspolozeno..Mu davam hrana za macki nejke ni da ja pomirisa,mu dadov salama nesto kolku da vidam dali kje saka..Nejkeshe ni toa..Edino malce mleko ispi i tolku,samo lezi stutkano i cat-pat znae malce da stane da smeni pozicija na lezenje..Nesto predlog sto moze da mu e ?
Ако лежи на стомак постојано сигурно има стомачни болки. И тогаш млеко давање никако. Имам спомнато некаде и пак ќе кажам измати живо јајце и зорле стави му да го изеде.