Да може и аналгин, нели апче против болка.Извини што сега ти вракам малку покасно, тек се вклучив, можеби веќе сте завршиле работа. Како е кучето денес, бевте ли на ветеринар?
Здраво, сакам да ве прашам дали за куче доволно е да се ставаат ампули против болви или потребно е и каивче? Дали ако се стават двете може да биде штетно или не?
Беше ли на вет, го остави така два дена да семачи? Ако не може да се оправи можат да го успијат или почина веќе?
Доволно е само ампула против болви и крлежи, јас само тоа и ставив на кучката моја и немам видено ниту болви ниту крлежи. Ампулата има дејство од околу 5-6 месеци, ама вработениот таму рекол дека после 4 месеци може да се стави повторно.
Кучето си се оправува си јаде нормално,си шетка по малку во денот,си прима терапија како што ни препорача вет.Но има страв било кој да му се приближи тој се треси,грчи,и вриска кога ќе се тргнеме се ослободува.
Моето од како го удрија сега има страв несака никој да му се приближи,не е агресивно ама се плаши,се грчи,и вриска само што ќе го допреш.
Дали знаете што може да е со папагал тирица кој ги има следниве симптоми: груба кожа, паднати пердуви, отечен клун, тешко дишење. Мои комшии дечиња имаат папагал и не е добар овие денови тие многу се загрижени, а реално за вет немаат баш средства. Како можам да им помогнам?
Советувајте ме. Мачорот вчера вечерта поврати два пати и беше премногу омалаксан. Тој ден претежно беше дома така што отруен не е, ја повраќаше паштетата што му ја дадовме (а од истата постојано му даваме ја обожава и не е до неа сигурна сум). Откако се смири пиеше премногу вода, жеден беше. Храна каснуваше по малку, виршли и тоа не ги дојадуваше. Така е и денес. Омалаксан си е по малку, се гали, доаѓа по скутови ама не е бесен како шо знае да си биде. Исто намален му е апетитот. На што можи да се должи ова, како да му помогнам? Не ми изгледа сеуште некако озбилна ситуацијата да го носам на ветеринар, бидејки со трауми големи одиме до таму и се враќаме дома.
Имавме трудна маалска кучка многу мала, два дена е повлечена во дупка во земјата и во меѓувреме се породила, јас колку што можам да видам едно малечко е и за жал мртво. Има куќарка ама не знам зошто не е породена таму. Лежи до кутрето цело време, не сака ниту да јаде ни вода да пие само жално гледа, страв ми е да бркнам да го извадам, ржи. Не знам што да правам и не знам дали е починато уште во стомакот или нешто се случило, некој совет. Страв ми е да не малакса од тага и од нејадење.
Никој не знае некој совет? Не знам што да правам со кучката во непристапна дупка е со две мали, тие се живи и цицаат ж, а таа јаде ама не излегува од дупката само подава глава надвор. Многу ми е страв дека и е ладно и тесно или дека нејзе не и е добро. Има ли некој искуство... по колку дена ќе почне да излегува? Ако излезе надвор ќе можам и кутренцата да ги извадам и да ги сместам на посигурно и поудобно место.
Обично не јадат по пораѓај, може цел ден и фазла да помине, разбирливо, премногу се возбудени. Исто, не се секирај за кученцата, ако е мртво едното таа сама ќе го оттурне по некое време. А за живите ќе се грижи, знаат кучките како.
Пиша по групите за заштита на животни, можеби некој имал такво искуство? И животните може да патат од депресија, посебно кога се работи за нивните малечки...ова за жал ми изгледа на таков случај, чувствува дека нешто не е во ред и се обидува да го заштити малото Би ти кажала да пробаш со храна надвор од дупката, ама нема поента кога веќе одбива да јаде...очигледно е дека тагува. Во секој случај не пробувај да се приближиш или да пробаш да и го тргнеш кученцето, сигурно ќе изреагира многу агресивно зошто ќе те смета за опасност. Доколку си во можност пиши по групите може некој со слично искуство ќе може да ти даде поконкретен совет.
Денес јадеше убаво, излезе надвор со главата и дозволи да ја галам. Малите цивкаат, мртвите ги фрлив. Исто наполнив две шишенца со топла вода и ги ставив во дупката и одма се залепи за нив убаво и дојде топло. На мајка ми дозволува да брка во дупката, мене не, ама нејзе ја знае оти мајка ми ја храни повеќе од година. Сеа за сеа мислам дека е добро, ќе и ставам топла вода колку да и е млак просторот. Фала на одоговорите.
Мелено месо за повеќе млеко. Идеално би било сирово со јогурт, ама можеш и да го свариш со ориз. Најдобро комбинација од сето тоа-сирово мелено (говедско), варен ориз и јогурт.
Фала Папи, па и тоа и давам да ти кажам, а и давам и од кучешката на моето куче оти неам толку време за готвење, а она си бара бар 3пати дневно јаде. Кажи ми само реално што мислиш дали ќе преживеат на вакви температури? Јас многу би сакала да ја сместам дома, ама моето куче не е пријателско кон други животни, а посебно кон кучки, а на друго место нема каде, никој не сака да помогне.
Од кој град си ? Немате друштво за заштита на животни, да се напише пост, да се сподели, да видат повеќе луѓе. Така поголеми шанси ќе има.