Takva sum be I has zaradi toa ic ne se sakam.Koga ke podrazmislam malce poke svakam deka e glupost.Ama pusti mozok moj....I prethodno toa sto go imav pred ova mi umre....Na drugoto mu dadov antibiotik...nozinjata ladni mu Bea kako na coek.Srce malo Sega e podobro I nozinjata potopli....fala na odgovorot
Имам 7ипол годишен малтезер мешавина со териер,пред една седмица почнаа да му излегуваат рани по ушите од внатрешната страна, не се големи но крварат и го боли.Што да правам????
Да не е можеби шуга? Мачорот мој имаше раничка кај ушите и кренав паника да не е тоа, па се информирав за шугата и знам дека првично се појавува во областа на ушите и ако не се реагира, се шири. Носи го на ветеринар, може и да не е тоа ама провери.
Не е шуга не се такви раните мислам. Инаку каде да го однесам кој ветеринар е добар,и колку чини преглед?
Јас имам мачор 11 месеци , пред пет дена остана надвор цела вечер и сабајлето целото било исчашено не можело да шета ни јаде ни пие го однесовме на рентген, пршлените му биле набиени и го однесовме кај приватен ветеринар, па таму дури почна да крвари кај уфцето тоа целото уво скинато ни даде маст неќеше одма да го шие денес дури лак опашот приметивме и таму кожичката отпарана и плус другото уво,секој ден по нешто ново откриваме, денес повраќаше 2 пати никако да се опорави
Кај мене мачорот не е во ред. Се понаша чудно, не сака никој да го гали да го допира. Си наоѓа места кај што се крие и не сака да излезе од таму..Кога го викам да јаде не доаѓа.. Го немаше 2 дена го најдов во дворот на соседите скриен едвај го донесов дома не го пуштав никако надвор и се опорави, но вчера пак избега надвор и денес пак е ист..Го зедов дома но се крие позади кревет под стол..Хелпп
Животинчето ми изгледа, по ова што кажуваш, исплашено. Направи да се почувствува пак сигурно во својата околина и сакано. Ти пуштам среќичка.
За оние што чувате мачка. На колку време му се дава апчиња против глисти и за нормален мачор од 1година и неколку месеци, колкава количина на апче му се дава? Знам коа беше мало 1/4на му давав, сеа претпоставувам половина доволно ќе биде? И уште нешто. Мачоров мој излегува и надвор, не е цело време дома. Претходно беше навикнат да врши нужда во кутија со песок на балкун, сеа можеби има 2/3 месеци каде само исклучително надвор си врши нужда. Има периоди(пример кога врни, кога е искапен) да биде скоро цел ден дома без да излезе надвор, и во тоа време издржува да не оди воопшто по нужда и покрај тоа што си јаде и пие нормално. Чудно ми е како цел ден издржува без да се искака/помочка, а сигурна сум дека дома не врши таква потреба, ќе осетевме, мочката на мачките смрди на километри мислам. Има простор за грижа?
Апчето се дава 1/2 на пример ако денес му дадеш после другата половина после 2 недели значи втората среда.После 3 месеца истата постапка
Ние ја земавме на 35дена, веќе јадеше. Индивидуално е и тоа. Пробај дади му. Убаво е да се до мајката бар до кај 40тина дена.
На 3 недели почнуваат да јадат, од мајка им може да се одвојат на 7-8 недели минимум. Идеално е да се чуваат со мајка им до 10-12 недели.
Лежи еве го уште згрчен, ми дава само за главчето да го чешкам на мешето никако..Ми ржи и ме гребе..Утре ќе го носам на ветеринар да видам дали има некој проблем, изгледа не е само исплашен.. Психата ме отепа цело време го проверувам дали дише..Многу ми е страв ептен сум приврзана за него
Апчињата против глисти се за 10 кг, така да се дозираат според тежината на мачката, обично се дава пола апче. Кога го земав мачорот, му дадов апче против глисти, веднаш и по три недели, ама од тогаш наваму заборавив, па по пет месеци ми фати глисти. Едвај му дадов апче, добар е сега. Да не знаете добра финта за давање апчиња на мачки? И друго, не сум го однела никогаш на ветеринар, ги носите ли редовно? Примаат вакцини? Колку се движат цените кај ветеринар, за преглед, вакцина и сл.? И некоја препорака за Аеродром/Н.Лисиче.
Да прашам нешто ве молам за одговор од некој што се разбира од однесување на мачки. Си лежев на кревет и го викнав мачорот да се погалиме (10 месеци има) и откако го погалив потоа се качи на стомак кај мене јас мислев ќе легни како и секогаш. Но тој не легна, наеднаш како да се вознемири. Ми правеше на стомак со шепите она што обично го прават мачките што им е останато од кога цицале млеко. Сакав да го погалам се тргаше и мјаукаше вознемирено. Како да сакаше да ме касни. Никогаш претходно не се однесувал вака, многу ме зачуди и загрижи. Секогаш мирно се гали а сега како дух да виде над мене. Неколку пати така направи па слезе. Сега си лежи на земја ништо не прави. Знае некој што е ова и дали треба да се грижам?