Можно е да го фатило пубертет, поточно фаза за парење Следи го како ќе се однесува, ако почне да подмочнува по ќошеви и почесто да мјаука, тоа е тоа.
Кучето ми голтна парче од кеса од салама. Дел успеав да му извадам, затоа што од рака ми ја зема саламата, ама едно делче голтна. Има простор за паника ?
Ве молам за совет земав мало куче оставено на улица и сега незнам колку недели има .гледа но како сега да прогледало сини се очките и како да нема зеници со што да го хранам незнам и во окото има кал влезено како да го исчистам ако некој знае .
Дома ми се појавија мравки, со кое средство можам да ги исчистам, а да не им наштетам и на кучето и мачката што ги чувам дома?
Дечкиии ми треба мала помош. Чувам мачор, ден пред да треба да ставам ампула против крлежи,му се закачил крлеж. Ставив ампула, пројдоа 48 часа,а крлежот си седи закачен. Е сега, дали има шанси на голем крлеж да не влијае ампулата, дали е мртов ама седи закчен? Не знам дали е безбедно сама да го вадам доколку е жив затоа што не знам дали има други( полуангорец е,има мнооогу крзно ) или сепак да го носам на ветеринар?
Jac имам вадено крлеж од мачор. На памук натопи чист алкохол или јака ракија/џин/вотка и покри го крлежот. Држи неколку минути и сам ќе се отпушти, веројатно му делува како анестезија алкохолот. Друг совет не знам да ти дадам, знам само дека е опасно ако не ги отпушти сам пипците, ако го корнеш со сила. Ако не успее ова со алкохолот, оди на ветеринар да го извадат. Спојлер Крлежот е голем затоа што е полн со крв.
Моето куче е хаска,му даваме само коски и месо,кучешка храна не,вода му менуваме секој ден,на ветеринар одиме редовно кога треба,често го шетам,го чешламе редовно дека има многу влакна,многу е паметна
@Waka-waka Можеш да пробаш со брашно да ги посипеш или да ги испрскаш со лимон. Исто така кората и сокот од лимонот можеш да ги ставиш на местото каде ти се појавуваат мравките. Ова со лимонот функционира и за други видови бубачки. Друга алтернатива е да се стави пипер (или сол) во дупчињата од каде излегле мравките, па и на самите мравки - делува и со црвен и со црн пипер. Исто така може да се измеша вода и киселина и да се напрскаат мравите со течноста. P. S. Не сум сигурна дали се овие начини за "убивање" на мравките, но дефинитивно ќе си заминат @Yowannty www.akvariumpetshop.mk ; www.petmarket.mk ; www.petcentar.com.mk
Денеска добив куче.Мало е,2 месеци,лабрадор.Има легло,јаде,пие вода(ми направи бељи низ дома ).Било какви совети за негова грижа би ми биле добредојдени П.С. За два дена треба да прими вакцина.Делува многу чисто,ама се плашам од паразити.Како е најдобро да се заштитам?
Против болви и крлежи се купува ампула (мала ампула со проѕирна течност) и му се става на вратот, а после тоа не треба да го бањаш 2-3 дена. Инаку дејството на таа ампула е до 6 месеци, ама јас ставам на 4 месеци. Има и каивче, ама мене апмула ми е подобра опција.
Оди на ветеринар и купи апче за прочистување од глисти. Не памтам точно, но мислам дека се дава 10 дена пред секоја вакцина, најдобро ветеринарот да ти каже.