Каде да најдам чешал за мачки од тие правоаголнестите? Исто така, пред месец дена ми се породи мачката, се спари со некоја улична од надвор. Летово имаше мачиња од мачорот што ми е дома и тие испаднаа сосема океј (психички) знаеа да каснат, гребнат по малце ама воопшто не беа агресивни. Овие сега касаат превише, гребат дупки прават и многу многу се агресивни. Btw таткото од надвор многу сака да се гали и е мил. Не знам што е со маливе..чаре некое?
Не сум експерт ама мислам дека нема врска што е уличен мачорот. Како и луѓето,животните имаат различни карактери. Мојот мачор е мирен и мил,а е од улица (вдомен возрасен) и постојано е надвор и внатре, додека пак на дечко ми од мала е дома, никогаш надвор,а е страшно агресивна
Да да, и јас тоа викам. Него мачорот уличен е мил а мачињата од него од раѓање се преагресивни. Летоска истата мачка што ги роди овие се спари со мачорот што ми е дома и тие беа ептен милички. Тоа ми беше чудно. И ме интересираше дали има начин да ги потсмирам некако?
Луѓе исчезнат ми е пикинејзерот од 28 февруари. Машко околу 1 г стар. Незнам веќе кај да се жалам. Можно е некој да го украл и да го продал во друг град. Ако случајно некој го видел или слушнал нешто нека ми пише. Инаку исчезнат од Радовиш. Се извинувам незнаев каде да го пишам ова.
Ајде сега пак да ве замолам за помош. Синоќа кученцето ми фати дијареа и цвилеше.Го однесов на ветеринар имаше температура 39.Му даде сируп и инексија,се смири.Од утрово цвилеше пак,му дадов 1/4 парацетамол.Гризи низ леглото,му купив и играчка,веројатно зашто го чешаат непцата.Сега се смири некако,ама загрижена сум.Дали некој се соочил со слично искуство?
Луѓее, мачорчето денес два пати ми поврати. Јадено е салама од сабајле, ја поврати неа, после то неколку часа беше надвор. Кога го прибрав дома беше онака мех, не баш весело и поврати уште еднаш, овој пат водичка, немаше храна. Што можи да му е? Дали можам да му дадам некој лек и дали да му дадам стандард храна што го хранам да видам дали ќе јаде?
Здраво на сите. Би сакала да прашам дали некоја од вас се соочила со бактерија на кожа на лабрадор? Ветеринарот и стави инекција но сеуште не поминува..... ме интересира искуства. Ви благодарам, секој одговор би ми бил од помош.
Луѓе, има ли некој искуство со болви од маче во домот? Како да се справам со нив? Ми спомнаа некој спреј имало да се набави од ветеринарна аптека.
Има прашак, неопитроид се вика али не е нешто многу ефикасен. Го прашиш мачорот со него, чекаш некои 10тина минути и почнуваш да го чистиш од болвите. Полесни се за убивање тогаш, не можат да бегаат ко опијанети се. Исто има и ампула против болви, околу 400ден е и го штити од болви и крлежи околу 2/3 мес. Јас му ставив еднаш ампула али не беше ич ефикасна, а на секој два месеци по толку пари да давам не ми се исплаќа. Се чистиме со прашакот ние. Со маки, ама тоа е. Едит, од тој прашакот се става и на местата од домот кај што има болви. Така ми кажаа во аптека.
Мачето мислам дека е чисто од болви, ама по некое време пак и се јавуваат. Веројатно дома има болви, па тие и се враќаат пак на крзното. Изгледа треба да ставам од прашокот низ дома а? А си чула за тој спрејот Frontliner или така нешто се викаше? Ефикасен е?
Да не излегува мачето од дома па така да фаќа болви? Бидејќи болвите од мачка не можат да преживеат надвор. Имало периоди кога мачорот мој имал болви па сме биле во процес на чистење, али болва не сум видела во домот. Иначе немам слушнато за спрејот, прашај си во аптека ќе ти кажат најточно.
Имаме папагалче тигрица мала, пред некој ден забележав дека му паднале поголем број пердуви ама не малечки од тие како памук туку баш поголемки. Прво мислев дека се од опашката ама излезе дека се од крилцата. Денес му отворив кафез да се излета, и кога излезе приметив дека не може да лета, не паѓа не се тетерави ама ќе проба ќе се издигне едно 10цм и се спушта веднаш. Видов дека крилцата му се како подкусени. До сега не се случило, си летал нормално и многу брзо. Може да е нешто посериозно или му е период кога менува пердуви се митари па ќе се врати во нормала?? Инаку друго ништо невообичаено немам приметено, јаде, пие вода, си џавка гласно по цел ден
Девојки имам маченца од мачката месец и недела дена стари. Ги омачи дома и дома си ги чував внатре и денеска ги пуштив со се мачката надвор само што влегов внатре едното маче го фатил мачор и го носеше среќа го збркавме и го пушти сега е исплашено ама мислам не е повредено се движи ама како пијано . Не може да стои здраво на нозе. Му дадов млекце пиеше, премногу е исплашено, Незнам шо да направам? Ве молам за помош?
Дечки, против болви што да дадам на мачињата привремено дур да им купам асални ампули? Да е колку толку ефикасно а да не е прескапо.