Како прво ова требаше да биде шега, во смисла дека ако земам маче неможе да умре од горенаведеното. Жално е што некој премногу сериозно сфака некои работи. И како второ, не треба ти да ми кажеш дека не треба да зимам миленичиња ЈАС тоа многу добро си го знам, живеам во стан како прво па немам ни услов. А рипката и хрчакот ги имав многу одамна. Не суди според едно мислење дали е напишано од 20 или од 5 годишно дете, не за друго може некој друг да увредиш, до мене не стигаат такви работи..
Епа ако требало да биде шега, тогаш многу ти е невкусна шегата. И да, воопшто не е смешна. А немав намера да те навредам, незнам зошто си се почувствувала навредена . И не те правам јас дете од 5 години, мислењето кое си го напишала остава таков впечаток, за жал.
Па искрено изгледа ти не ги сваќаш сериозно работите. Си чувала 2 животни кои поради твоја негрижа умреле и двете. И да не ги сваќаме серизоно работите и да се смееме треба? Миленичето е огромна одговорност сеедно дал е риба, желче, хрчак, папагалче, мачка, куче. Сите тие се живи суштества и жалосно е што се смееш на начинот на кој умреле. Одговорност огромна е миленичето. Не е тоа играчка па кога сакаш ја играш, кога сакаш си ја милуваш, кога ти е досадно ја забаталуваш. Таа си бара одговорност, си бара нега, треба да се грижиш за него храниш, бањаш, менуваш вода постојано, не е битна само љубовта кон него. Искрено не е за секој да чува милениче.
Фала за убавите зборови Инаку мене ми е задоволство да ви помагам и да ви давам совати, а уште помило ми е што ме прашувате за совети и што се грижите за вашите миленичиња
^^ Ништо Доберман. Не е тешко да се каже нешто што е вистина. Инаку јас да прашам, дали стварно тие џуџестите зајачиња ПРЕМНОГУ смрдат, и исто толку прават ѓубре и се немирни. Значи на кој и да кажав, само негативни мислења добивам. Сакам да имам бе, невозможно е да се толку лоши. Плус требало не знам којзнае колку грижа за нив да се води. Е што е толку комлицирано? Ај ако некој знае, нека ме почасти еден детализиран долг пост и ќе му бидам благодарна.
^ Нема врска тоа што ти го кажувале луѓето дека смрделе и дека биле комплицирани за чување Јас ги имам чувано скоро сите можни животни што можат да се чуват и имам чувано џуџесто зајче а после кога ми умре џуџестото зајче си замав морско прасе и немаше никаква разлика помеѓу нив. Значи ако некогаш си чувала морско прасе, исто ќе биде и со џуџестото зајче. Како што прочитав наредната недела ти е роденден и ќе си добиела за подарок џуџесто зајче Треба да си набавиш кафез или терариум и во него да ставиш пилевина. Пилевина можеш да најдеш во секој пет шоп. Ќе го храниш со специјална храна за зајчиња / глодари (составена е од семиња, јачмен,сончоглед,пченка.... и сл.) и исто така можеш и овошје и зеленчук да му даваш (јаболко, морков, марула, краставица....) Вода не му ставај во тањирче бидејќи ќе ја истури, вода ќе му даваш од посебна поилка (во пет шоп се продаваат) и ќе ја закачиш за стаклото (доколку го чуваш во терариум) или за оградата на кафезот и зајчето само ќе си пие вода. Пилевината ќе ја менуваш на 2/3 дена, нормално ако не ја менуваш често ќе се усмрди, но со редовни промени нема да осетиш ни М од миризба. Ова беше општо што треба да го знаеш околу чувањето на џуџесто зајче, ако нешто те интересира подетално, слободно прашај ме И не ги слушај тие што ти зборат лошо за зајчињата бидејќи сигурно тие никогаш не чувале зајче и тоа што го зборат е од рекла-казала муабети, а не од лично искуство.
^ jaс имам чувано зајаче, е сега не од џуџестите туку нормално големко. И од сите животни што сум ги чувала стварно мирисаше најмногу. Многу му мириса изметот, многу! Што е нормално во кафезот седи и таму си врши измет, не го шеташ за да кака А за хигиената секогаш внимававме, ама мириса! Се надевам и верувам дека џуџестово е полесно за одгледување. Јас никогаш повеќе не би чувала зајак, никогаш! Сакавме дома да го чуваме но од толку што мирисаше го префрливме во двор на покриено место си беше супер заштитен и таму го чувавме заедно со братучедите.
^ Незнам, јас немам чувано од „нормалните„ зајчиња, али овие џуџестиве не мирисаат доколку редовно се менува пилевина на 2/3 дена, а летно време дури и секојдневно треба да се менува пилевина бидејќи од топлото време поголеми се шансите да замириса. Али како што реков, со редовно одржување на хигиената нема да има никакви проблеми.
Доберман малтезерчето мое има 3 месеци. Му купувам храна за малечки кучина, скоро сите видови сум ги зела али не сака да ги јаде :/ Лебче, млеко таква работа не сака али дај му бел ориз (незачинет) и највесело е, ептен со ќејф го јаде . Добро е да јаде ориз? како да го навикнам да јаде специјална храна зошто имам читано дека е подобро да јаде таква ?
Многу е добро да јаде варен ориз незачинет, исто можеш да му го комбинираш со риба ама без коски како панга или ослич исто сварена, пилешко бело месо варено... немој да му даваш моркови и зеленчук или овошје со таа боја бидејќи е бело, можеш и јаболка да му даваш да јаде со лушпа. А за да го научиш да ја јаде сувата кучешка храна треба да му ставиш во тањирче и да ја оставиш така и да не му даваш ништо друго додека не ја изеде, тоа може да трае и цел ден или два д ане јаде ништо, ама ќе почне да ја јаде, нема ништо да му биде, ќе огладне и ќе мора да ја изеде. Или зимај и од твоја рака давај му да јаде. Според мене домашната храна е поубаво да ја јаде доколку е специјално подготвена за него одколку оваа купечката, бидејќи е сепак вештачка. Но мора и тоа да јаде, неможе само на ориз да е, мора во текот на денот да јаде и таква храна затоа што таа иако не содржи голем процент на месо содржи протеини кои им се потребни. Немој да му даваш леб, кучињата не треба да јадат леб. Можеш по малце и ретко да му даваш, меѓутоа кога му даваш леб гледај тоа да биде само корката и да биде сув лебот.
Има едни као пелени гаќички се купуваат од пет шоповите, ќе си побараш во зависност од големината на кучето
Имаше некој веќе пишано за тоа, дека и ставале на кучката гакички детски малечки со улошка на нив обична. Ако ти е поефтино пробај и така
А зашто не е добар лебот за кучињата? А плус ако некад му дадеме сув да е. Зашто сув? Ова прв пат го слушам не сум запознаена. Моево многу сака лепче. Има традиција секој ден штом дојде мајка ми од работа му дава лепче од фурна и си обожава да јаде, дури и ја чека пред врата знае кое време ќе дојде. И штом му речеме ,,Рики лепче" одма се залетува накај мајка ми и седнува пред неа спремно лепче да јаде Плус со секој оброк му дробиме и малку лепче. Ќе го посипеме со вода и како чорбичка му е секоја храна.
Јас би ти го кажала истото што ти го кажа погоре mims-89 Кучето е најдобро да јаде и домашна храна и кучешка, значи не е добро да го храниш само со домашна или само со кучешка, најдобро е да му комбинираш. Инаку бидејќи твоето малтезерче е бела боја, треба да избегнуваш да му даваш морков, кајсии и слични продукти што содржат висок процент на каротин, бидејќи влакното на кутрето ќе стане портокалово (ова важи за сите бели кучиња). Најлесно да го научиш да јаде кучешка храна е преку игра или преку награда. На пример доколку знае кутрето да „Седи„ ти ќе му кажеш да седне и кога ќе седне како награда ќе му даваш по неколку зрнца од храната и така со тек на време ќе ја засака храната и без проблеми ќе си јаде.
Па не дека лебот не е добар за кучињата, али се препорачува поретко да се дава, бидејќи свежиот леб (средината од лебот) често знае да се залепи за цревата и да го отежни варењето. И затоа се препорачува да се дава сув леб (наропен со вода, јогурт, супа и сл.) , бидејќи сувиот леб многу ретко се лепи на цревата.
Денеска кога си идев од училиште со другарка ми најдовме три мали кученца ставени во најлонска кеса и фрлени во контењер. Ама едното беше умрено и така мали не можевме да ги оставиме, сеуште непрогледани и двете што останале живи ги зедовме, ама ниту моите родители не не пуштаа да ги задржиме ниту од другарка ми. Ми викаа да ги оставиме каде што ги најдовме зашто ќе немало да преживеат без мајка им да не ги мачиме, ама сакавме да се обидиме барем, можеби има шанси. И сега се кај другарка ми зад куќа во едно куќарче и пробавме да ги нахраниме со шприц зашто само тоа го најдовме што барем малку би ни помогнало ама баш не ни успева. Сега не знам што да правиме со што да ги храниме, со кравjo млеко не требало, зашто добивале дијареа. Да не ни вршеа притисок од дома ќе беше полесно ама.... Ве молам за совет.
Значи какви ненормални луѓе постојат на планетава Добро бе имаат ли тие луѓе памет така да ги фрлаат кутрињата во контењер Можете (уствари МОРАТЕ) да ги храните кутрињата со кравјо млеко. Да, точно е тоа дека од кравјото млеко кучињата добиваат дијареа, али тоа важи за кучиња што се постари од 2 месеци. Инаку вакви бебиња непрогледани морате да ги храните со кравјо млеко од шприц. Давајте им млеко на секои 2/3 часа (мора да стнувате и навечер да ги храните) и млекото нека биде млако. Во 250 милилитри млеко додадете и една жива жолчка од јајце за да биде млекото похранливо. Јас ќе се обидам да ви помогнам да најдете кучка што има легло. Јас се знам со многу луѓе што имаат кучиња па ќе се распрашам дали некој од нив има моментално легло за да ги ставиме двете кутриња во тоа легло за да има поголеми шанси да преживеат. Сега ќе се распрашам дали има некој моментално легло и ќе ти пишам во ПП дали сум нашла легло. А, и ќе заборавев да го кажам најважното, морате после секое јадење со влажно крпче да ги избришите кутрињата кај газето и кај половите органи за да извршат нужда. Малите кутриња неможат сами да вршат нужда и секогаш кучките ги лижат кутрињата и така вршат нужда, али пошто сега вие ја имате улогата на родител ќе морате со влажно крпче да ги бришите кутрињата.