Некој фрлил отров во дворот и лабрадорот ни се затрови, реагиравме одма и се што требаше се направи. Таа пие вода, оди, дури лае малку и мава со опашот, ама пак поврати вода со крв во неа. Многу сум потресена и гневна, мислам дека ќе убијам некој. Дали имате искуства со тровање, знаете ли за каков отров се работи штом повраќа крв и има крв во столица, дали знаете колави се шансите за преживување штом сеа одма покажува знаци дека е подобра, што да превземеме за да не останат последици? Ве молам за совет.
Пред колку време било тоа? Дајте и многу активен јаглен, тој го впива отровот, и носете ја на дежурен ветеринар.
Напафкај ги убаво со прашок Неопитроид, најмногу 100 денари е и го има по аптеките. Откако ќе напафкаш едно маче со прашок, замотај го во крпа и држи го пола саат така, веројатно ќе заспие. За тоа време прашокот ќе ги убие болвите и само ќе го исчеткаш потоа. На маче смее да му се става ампула само ако е над 2 кг/3 месеци.
Frontline Combo е ампула, му се накапува на мачето на тилот, за да не може да се излиже. Се става на 4-6 недели Јас сум презадоволна, веќе една година ги користам и мачорот не фатил ни болви ни крлежи, а цело време шета надвор.
Се е направено, веднаш дојде вет за 5-10мин и даде се што треба, пред 4 часа некаде се случи, сеа спие мирно.
Немам искуство со отрови, ама претпоставувам дека ако се отруло кучето досега ќе умрело. Веројатно сте го спасиле на време.
Душички Моево прасе има 5 кг а само неколку месеци е постаро од твоите Frontline Combo е 350-400 денари.
Може да ми препорачате: 1.квалитетна храна за кучиња ( 3 месеци, мал раст)? Ројал канин не ми ја јаде. Купив од ветеринарната аптека некоја, околу 250 ден кило и се дави во неа. Исто и Педигре ја сака, ама не знам колку се квалитетни... 2.Шампон за бело влакно ( по можност добро да избелува), но да не е Trixie ( не сум сигурна за квалитетот...) 3. Сретство за чистење и избелување на делот околу очите. 4. Дали освен калциум да давам други витамини? Фала многу
Киселина. Малку ќе смрди мачето ама кога немаш ништо друго, а тоа е цело со болви се наоѓа. Ги пијани и болвите се отпуштаат сами, се собираат. Неопитроидот не беше скап кога го земав ама не се сеќавам на точна цена. Ама со ампули е најефикасно.
Квалитетната храна се препознава по составот, односно од првите пет состојки барем две да се месо. Исхраната во првата година мора да биде квалитетна бидејќи тоа е најважен период за раст и развој. Како најквалитетни храни кај нас би ги издвоила Orijen, Acana, Farmina N&D, Mongе, Hills, Leonardo и Bosch. Royal Canin е ок, ама малку е преценета. Храните кои ги има по маркетите се со послаб квалитет, со додадени бои и вештачки вкусови, и затоа се попримамливи за животните. За другите прашања немам одговор
1. Farmina N&D според мене е одлична, Ориџин може да биде прејака за мало кутре, така да би ти препорачала Акана. Brit Carnilove е исто така добра храна во пет шоп Астра Т. Ц. Бисер на приземје можеш да ја најдеш. 2. Од лично искуство со фирмата ти препорачувам BotaniQa мислам дека формулата се викаше White me up. 98% од состојките се природни, не е мешан со вода, нема парабен, алкохол и други штетни состојки. На фб имаат страна BotaniQa Makedonija, пиши им во порака, ќе ти препорачаат неколку шампони за кутрето. Не се продаваат по пет шоповите така да ќе нарачаш достава. 3. Не знам каде можеш да најдеш средство, но ова зависи и до храната и хранилката (освен ако има инвертирани трепки што поттикнуваат повеќе солзење). Избегнувај пластика, керамички хранилки се најпрепорачливи. 4. Не се потребни повеќе витамини ако ја храниш со квалитетен дехидрат.
Здраво. Сакам да прашам што се случува со моите риби, на главата имаат како некое внатрешно крварење. Едната рибка има сосем малку, но другата многу. Од што може да му е тоа? Дали треба некако да ги лекувам?
Ве молам за помош... Кучето има парвовироза,бевме на ветеринар му дал антибиотик и уште нешто друго.Но,бидејќи не сака да јаде,што да му давам? Многу ми е жал да го гледам така.Знам дека вирусот е опасен,ќе мора да прима терапија.Но како да го хранам?
Најдов мало маче фрлено и го земав.Го искапив и му дадов млеко.Но, има изгледа неколку дена откако е родено многу мјаука и плачи, уште нема прогледано и се обидува да оди но нема рамнотежа, многу мјаука неможев да го чувам дома и го оставив надвор го ставив во крпа и нешто топло, но вчера врнеше и тоа целото накиснало пак го зедов дома и го реанимирав бидејќи беше премрзнато и не даваше знаци на живот после почна да мрда и му дадов млеко и го стоплив сега е добро но пак мјаука и плачи и не знам што да правам сега, жал ми е плачев кога го видов така, но неможам дома да го чувам нема никој, не сум ни дома претежно.Жал ми е да го фрлам, можеби и не требаше да го земам ама тоа е немам таква душа да го оставам. Сега што да правам? Него му треба мајка и затоа си мјаука ама мн е неподносливо цело време мјаука и неможам да го оставам дома му направив легло ама излегува од него не ни знае каде оди.
Кучето го каснало пчела на ноџето,само се лиже друго ништо не и е,има месро за паника да превземеме нешто?
Обавезно стимулирај го пред и после секое хранење за да оди во вц, малите мачина не можат сами. Отвори на јутјуб Kittenlady и гледај ги нејзините видеа како да се грижиш за него.
Мачката вчера роди 3 мачиња и у меѓувреме уште едно значи вкупно 4 вчера. Денеска околу 12 попладне доби контракции ама неможеше да роди никако. Еве веќе е вечер и уште неможе да роди. Мачето е мртво бидејќи излезена му е пола шепа и како модро е. Мачката се мачи цел ден неможе да го роди. Пробав да го извлечам кога ќе добие контракции ама неможам никако, мислам дека е заглавено. Прв пат раѓа иначе. Ја изнесов надвор бидејќи си бара природа можеби преку ноќ ќе го исфрли. Колку пари би ми земале на ветеринар од прилика? Многу се нервирам...! Незнам што да правам веќе, не бев во можност да ја носам на вет денеска.