Однеси ја на ветеринар, жално е да се мачи така, а и животот и е во ризик. Тешко дека можеш сама да и помогнеш.
Број на некој вет во близина на Ѓорче П? Имаше еден во Ѓорче 2 карши неговата ординација имаше како црквиче мало, мислам Зоран се викаше ама не сум сигурна. Итно ми треба ветеринар, незнам дали мачката ќе издржи до утре!!!!!!!!
@Papillon.Papi тука прв пат прочитав дека се дава апче за прочистување од глисти пред секоја вакцина, ветеринарот не кажа ништо, а на мојата кучка и остана уште вакцина против беснило да прими.
Женски имам ново маче и сега тоа е негде 2 месеци ама денес си го зедов и не знае уште каде е, се адаптира полека полека, ама ми се покака на тепих, дома го чувам иначе. Му наместив и земја, и храна и вода и легло.Мирно си спие, јаде се, ама ете уште не се е навикнало да кака во тоа што му ставив.Не знам што да правам, неможам да чистам по тепих на секое, сегде ми се покака дури и проливче имаше. Како да го привикнам?
Стави го внатре во песокот да истражи убаво, неколку пати така. Сигурно ќе почне да копа и ќе си се научи само.
Го ставив ама излегува.Како да го сетам дека сака да кака? Малку песок има, ама доволно е мислам. Мирно си спие сега а преѓеска се разбуди и бараше место и го ставив да кака и се покака тука ама го држев само бегаше, после тоа на тепих ми се покака го кренав и пролив имаше. Утре имам работа само ќе биди дома и има лом да ми направи уште не знае да кака у садот, офф.
Каков песок користиш? Ако е многу крупен може му е нелагодно на шепите па затоа го избегнува. Пробај тоа што го има искакано стави го во песокта и закопај го па пушти го мачето тука, може ќе му текне за што служи и нема да ти прави проблеми.
Кога ќе почне да се вртка, одма стави го во песокот, ќе се научи, малку треба да се стрпиш. Може има тенкосеритис ако му даваш млеко. Помешај му го со малку вода.
Не млеко не му давам бидејќи кравјото не е добро за мало маче. Му давам купечка храна и салама сецкана на ситно со лебче и вода. Пробав го ставив ама излегуваше од садот, не се разбирам ногу каква песок треба земав од надвор ваљда не му одговара .
Мене ветеринар ми забрани да давам кравјо млеко на мачки, биле нетолерантни на лактоза, не ги најадувало и проблем со стомакот имале - пролив и со множење на глисти. Ако веќе дава млеко нека дава козјо.
Ќе побарам утре.Фала ви. Од кај што го земав речеа ми да го врнам ако не се е привикнало.Ја сакам да го чувам ама утре не сам дома цел ден и сеа како да се привикне има лом да ми направи а не е оно криво ама ајде.
Земање маче е голема одговорност и не се препорачува доколку првите неколку дена не си постојано со него додека се привикне плус, пред да го земеш требеше да се информираш кои работи ти се неопходни пример пластично за песок, песок, ампула и апче, лопатка за песок, садови за вода и храна, гребалка, креветче и најважно играчки за да го социјализираш и да не ти гребе и гризе други работи.
Имам јас се и креветче, сад со песок,храна се му спремив знам јас отприлика што треба. Ќе видам како ќе биди деновиве, пробувам да го навикнам да кака в песок.Утре ќе му правиме ново место ќе видам како ќе биди. Отприлика колку пати на ден да го ранам? И зошто не ми пие вода?
Пак јас. Маченцево сегде ми се измоча, не можам ни да го сетам кога му се моча. Исто и ми секака по тепих, а ко не го изнесев на балкон тука ќе се покакаше а имам ставено и земја и се, кога го земав оно ми рекоја научено е , ама трт научено или средината му е друга сега и не бива. Како да го навикнам ? А оно онака мирно си е си спие.