Мислам дека 350 денари беше вреќа од 5 кила за SaniCat. Мене тој бренд ми одговараше најмногу, не мирисаше и не се згрутчуваше и залепуваше на кутијата.
Мачката ми има скоро 7 години ама сега во последно време моча насекаде, по ѕидови, во секој можен ќош, по кревети значи буквално секаде. Не знам што е проблемот, се има случено ова кај вас?
Да не е настината или да има некои проблеми со бубрезите? Чувате и друго милениче, да не имала некој стрес?
Чуваме и други миленичиња да, ама никогаш не се десило ова. Имаме женка мачка, еднаш се спарија лани летоска после тоа веќе не и сега пак пробува овој да и се качи ама ништо. Потребно ли е да се носи на ветеринар?
Имам проблем со мојот мачор(1година), несака да јаде околу 2 месеца. Го носев на ветеринар се е во ред. Редовно му давам апчиња за глисти. Од храна му дававме виршли, јадеше некој период сега не. Храна за мачиња јаде ама малку. Кашкавал млеко чајни исто нејке. Го чуваме дома. Кога го пуштаме надвор јаде трева. Го гледаше друг ветеринар, било период на парење па затоа не јаде. Го носев и на трет лекар повторно апчиња за глисти. Дали можете да ме советувате што да правам со мачето? Весело е трча рипа гребе само не јаде
Штом е весело и активно, добро е, не се грижи. Сувата храна е покалорична и затоа ти изгледа дека јаде малку. За мачките е нормално како што затоплува времето да им се намали апетитот. Башка, ако намирисал мачка, му удриле хормоните во глава и не му е јадењето во паметот Причина за паника има ако е млитав, малаксан, повраќа или има пролив. Другото си е нормално. Гледај секогаш да има свежа вода и најдобро е да му оставиш сува храна па да си јаде кога сака. Тревата ја јаде за полесно да ги исфрли влакната, периодов се митарат и го вадат зимското крзно.
Знае ли некој после колку часа од стерилизацијата им се дава храна и водичка на милениците? И ако да, каква храна? Ветеринарот ни кажа вечер и утре да дадеме малку јогуртче, а на web страници читав дека можело да им се дава вода и храна која секојдневно ја јадат. Никогаш претходно не сме давале јогурт и не знам како ќе го прифати, а жал ми е да ја оставам гладна. Други совети ако имате за после стерилизација, би ви била бескрајно благодарна.
Храна дури по 24h и само течна, цврста храна никако, а вода можи одма да му даваш, но не вервам дека ќе сака да јади и да пие ден-два, а за јогурт јас не ѝ давав на мојата само малце водичка со шприц
Помош имам малтазерка и многу чудно се понаша последните денови ме гледа и испушта чудни звуци како да плаче сака да се крие на темно и реагира на секакви звуци се вознемирува и има зголемена потреба од мето внимание исто така лигаве ги мечињата нема циклус стара е 13 г и никогаш не е парена ама мислам дека од хормоните или пак не дај боже беснило има ли некој такво искуство
Не е стелиризирана така? Провери дали ѝ тече млеко од дојките. Ако и тече има лажна бременост. Однеси ја на ветеринар да ја стават под терапија (со инексии се третира).
Јас недела дена немам спиено ради моево кутре. Во сабота да го подигнам квикна и поврати бела жолта пена. Јас испаничив и одма го носев на ветеринар. Утврдија дека има воспалени крајници, анални жлезди и ушен канал, беше на антибиотик инекции до четврток, имаше и запек не јадеше ама вода пиеше и не беше дехидриран. Цело време квичкаше и стенкаше и очигледно имаше стомачни болки, ама не поврати повеќе од 2-3 пати цела недела. Во среда со лаксатив му се стабилизира столицата, ама почна да дихидрира и 2 дена му ставаа инфузија со гликоза. Во петок почна да си јаде нормално и весел си е скоро како порано, проблемов е после инфузијата тој почна да пие многу вода и да моча, 4-5 канчиња од 250мл, и преку 10тина пати мочање и она ептен многу урина, со нормална боја, без крв. Ветеринарот ми вели дека е нормално од инфузијата со гликоза шеќерот малку му се покачил, ама немаат тука никаква опрема подетална за да испитаат крв, урина и сл. Јас веќе се загрижувам да не има проблем со дијабетис или бубрези, не знам кај да се обратам, не знам дали стварно е само повремено од инфузијата. Ве молам за некој совет.
Имам маче старо 1 месец и најверојатно има запек некаква помош? Или да го носам на ветеринар? Благодарам однапред.
Од кога?Со што го храниш? Ти предлагам во некоја течна храна (конзерва, лепче со јогурт) да додадеш една лажица маслиново масло, би требало да се олесни потоа.
Вчера го земав вчера само млеко денес му дадов и цврста храна на интернет читав нетребало нсгло да се прави промрна со храната видов дека можело да се реши со Лакситив
Не му давај млеко, некои мачиња се осетливи на лактоза и можно е баш млекото да му направило проблеми, а од млеко може и глисти да фати. Наместо млеко давај му јогурт, а најдобро е да го навикнеш на сува храна за мачиња, за почеток натопена во вода. Маслиновото масло има лаксативно дејство а природно е, затоа ти го препорачав. Секогаш нека има водичка во некој сад. Кога ќе има мачето шест недели дај му четвртинка апче против глисти, околу 30-50 денари е по пет шоповите.