Кога одгледував мачиња без мајка го имаа проблемов и по препорака на ветеринар додадов парафинско масло. Маслиновото е одлично исто така.
zdravo, dali moze da mi kaze nekoj kako da gi cistam ili banjam nekako so voda ovie ptici? maz mi gi donese sin mi gi obozava jas pojma nemam kako treba da se odrzuvat
Стави му сад со вода сами ќе се бањаат. Кафезот чисти му го редовно, сигурно долниот дел се вади како фиока. Гледај секогаш да има свежа вода и храна. И доколку сте во можност од време на време пуштајте ги да летаат во затворен простор. Нека ви се здрави и живи, прекрасни се. Ако имаш други прашања со задоволство ке ти помогнам.
Како што ти кажа членката погоре, стави им легенче со вода до кафезот и биди упорна. Штом се нови се најверојатно плашливи, прво ќе треба да се преплашат и заинтересираат што е со легенчето, тек тогаш ќе влезат да пробаат, затоа остави го до нив да се навикнат. Моите редовно се тушираа со мајка ми во мијалникот додека миеше садови, качени на лажица со главата под чешма. Значи само дајте им време да се опуштат. Друго, воопшто не е препорачливо да ги ставаш блиску до растенија, може да фатат растителни вошки, па со тоа да се расправаш. И ако имаш љубичици, никако не ги пуштај да се качуваат на саксиите и да ги јадат, отровни се. Кафезот на неколку недели обавезно под туш, со сјај за садови и топла вода измиј го. Дај им простор да летаат и да се ослободат, посебно зошто се две во еден кафез. Колку се послободни, толку повеќе ќе се преплашат и опуштат кон вас. Колку што имате услови, држи го кафезот отворен, зашто колку повеќе се отворени, толку повеќе ќе седат внатре и побрзо ќе се враќаат во кафез зашто нема да имаат чувство дека се заробени. Папагал што е секогаш затворен многу повеќе паничи и не сака да се врати внатре, зашто не знае кога пак ќе го пуштат. Во продавница за животни, имаш витамиски капки што се додаваат во водата и плус калциумови плочки за витамини и острење на клунчето, за да не почне да им се љупи. Не се воопшто скапи. И редовно оставај им овошје/зеленчук (салата, морков, јаболко). Во моментов толку ми текнува. Цел живот сум со папагали, ќе видиш колку за кратко време ќе ги засакаш, неверојатни суштества се.
Ви благодарам многу, зашто јас појма немам никогаш порано не сум имал дома а син ми ги обожава има скоро 4 години и цел ден ги гледа.Досега не сум ги пуштил од кафезот зашто се плашам да ги фатам после со раце или да не избегат хехе.
Ако се плашиш ти, само сети се дека тие се пет пати поуплашени од тебе. Во затворена просторија немаат гајле. Сигурно на почеток нема ни да летаат многу, ќе се привикнуваат на просторот па тек после ќе почнат да истражуваат. Само почекај, не ги пуштај првите две недели, за да се навикнат прво на кафезот и просторот околу нив. Ако ги пуштиш никако после назад на сила и со раце, може да им се направи траума и после никогаш да не се опуштат и да се плашат од луѓе. Единствено приближи им го кафезот како знак да влезат, ако летаат и се плашат остави ги, на почеток ќе е така, ќе видиш сами ке си влезат, не се глупави, ќе огладнат ако ништо друго. Летно време само повлечи завеса преку отворена врата и ќе немаш гајле. На раце ќе ги привикнуваш полека, почни прво да им збориш редовно до кафез за да се навикнат на твоја близина (важи за сите дома, макар за синчето гледам немаш проблем ), па кога ќе се подопуштат, почни да пробуваш на прст да ги вадиш надвор. За да ги навикеш на рака, нуди му на пример јаболко или слично со рака, внатре во кафезот. Само ништо на сила, паметни се и многу памтат. Јас имав препитома нимфа што еднаш се закачи на кука и мајка ми мораше да ја фати со рака за да ја откачи (не дозволуваше целосно да ја држиш во раце а многу сакаше да ја чешкаат) и од тогаш се истрауматизира и не сакаше ни да застане на човек и никогаш пак не се сприпитоми. Ако те интересира нешто слободно прашувај. Тигриците се препаметни и многу, многу љубопитни и дружељубиви. И супер се со деца и гарантирано ќе ве смеат многу. Имаш и еден куп видеа на јутуб за спитомување, ѕирни ги ако имаш време:
Рибите сега се добри, му траеше црвенилото повеќе од една недела, но веќе му помина без никаков лек, затоа не ги однесов во пет шот. Сепак фала ти многу
Здраво дечки. Каде да носам куче на шишање? Гледам има одговори, ама од порано, дајте потазе информација И број ако треба за закажување. Фала!
Не не е ја однесов и и дадоа апчиња на природна база со валеријан за да ја смире нејкаше да и даде хормонални инекции пошто можело да и загнои матката оти била стара и не и иде циклус
Мачоров (стар околу 1 год.) во последно го снемува скоро по цел ден а кога е тука само мјаука гласно што е невообичаено. Најаден е секогаш и се. Ама многу чудно ми се однесува. Што може да му е?
Најверојатно е тоа и моиве ми кажаа имало мачка што се пари а на мачоров му е страв бидејќи има поголеми мачори што го касаат и не го оставаат да се доближи. Дефинитивно ќе размислам за кастрација.
Дечки ја однесе го мачето на ветеринар и оно е сега многу подобро ама не ми пие вода, никако не сака.Еднаш го видов в купатило пиеше па му оставив вода ама пак не сака и му ја менувам стално и не сака. Му давав дури со шприц вода од што не пиеше уопште. Совет некој?Да не имал некој ваков проблем?
Дечки ај кажете ми каде да го однесам моето куче на шишање и да не е премогу скапо највише до 500 денари. И сакав ампула да му ставам но незнам дали пред да го однесам на третман или после тоа да му ја ставам.
После ставање на ампула треба барем 3 дена да нема никаков допир со вода, и да не се гали и слично. Мислам подобро да го однесеш прво на шишање па ампула. А за место не би знаела да ти кажам.
Какво куче имаш? Ампулата се нанесува 48 часа по бањање, потоа не смее да има контакт со вода уште 48 часа (пишува на пакувањето на секоја ампула).
@Водолија Според мене најдобро е да се консултираш со ветеринар. Кучката ти е возрасна и никогаш парена. Со самото тоа може да и се ствара гној околу матката. Пред скоро ја стерилизирав мојата - внатре била полна со гној дека непарена. Не и давај лекарства на своја рака. Ти бара посебно внимание како би ти кажала дека нешто не е во ред, истото го правеше и мојата. Мислам дека најдобро е да ја стерилизираш. Иако не добива веќе, ќе се извади гнојот.
Малите мачиња многу брзо дехидрираат и умираат ако не внесуваат доволно течности. Доколку си во можност однеси го мачето на ветеринар да му дадат глукоза преку инфузија, или пак пробај самата со шприц да даваш вода со електролити. Внимавај да не отиде водата во дишните патишта, ептен е опасно тоа. Пред два дена си пишала, како е сега мачето?