Она си е супер, си игра многу е немирна стално трчка и нормално мочка и кака, ама не пие вода или ја не сум ја видела како пие.И давав и со шприц и ќе пробам сега пак.
Најверојатно пие кога не ја гледаш. Да дознаеш дали е дихидрирана, фати ја за кожата на вратот и нежно сврти ја на една страна и пушти. Ако се врати во првобитната форма за пократко од една ипол секунда, значи дека не е дехидрирано мачето (ветеринар ми го кажа ова кога едната моја мачка беше дехидрирана).
@SV1911 да не знаеш дали истото и за кучиња важи? Добра информација е да се знае, поготово сега како што следуваат топли денови.
Цената за груминг ќе зависи од негата на крзното, хигиената, одржувањето на ноктите и реактивноста/социјализираноста на кучето. Дека е мал раст не би се додало тука на цена. Скоро секој грумер одредува цена според оваа шема. Јас платив 500 денари за бањање, чешлање и сечење нокти на мопс така да не очекувај да најдеш нешто поефтино за долговлакнесто куче.
Луѓе како се справувате со влакната од домашните миленици, дали ги чешлате редовно, користите ролни за влакна?? Јас имам маче и куче и ги чувам во стан. По 3 пати во денот метам и бришам... насекаде има влакна не знам како да се справам со нив
Сликер четка за мачката, кучето ако има кратко влакно користи фурминатор, за долго исто така сликер четка. И не само поминување, туку по ред, го одвојуваш влакното и почнуваш од коренот нанадвор.
Здраво на сите… Моето куче веќе два дена (кива или кашла) и има нагон за повраќање. Мислам дека има заглавена коска. Плс хелпп
Која е процедурата за патување во странство со куче? Конкретно за Грција ме интересира. Кутрето ми има пасош со внесени 2 вакцини ( колку што има примено). Доволно е тоа? Го разгледувам пасошот сега, доста секции има, па сум малку збунета... Задолжително е да е ваквинирано од беснило и да има микро чип?
https://www.veterinarnabolnica.com.mk/index.php/2012-02-20-22-28-11/11-2013-07-09-16-57-30 Види овде пишува.
Фала ти на советот. Имам сликер четка ама ретко ја употребував. Кучето е со кратко влакно и уште денес ке купам фурминатор.
Здраво,Приметив на грбот на кучето како рани мали од кои течеше малце крв и гној. Бевме на ветеринар и испадна аналните жлезди биле исполнети и ветеринарката едната ја стисна, а другата не можеше. Сега два дена подоцна кожата е малку смирена, но мислам дека сеуште има проблем. Има ли некој слично искуство да сподели или да ми препорачате кој ветеринар работи утре Фала ви многу
Прашањево не ми е за тука ама не знам кај да пишам Во напуштен двор во комшии се окучила некоја кучка и го оставило малечкото само, ја нема да се врати 2 дена Цивка цело време, слепо е сеуште и едвај се движи по тревата,претпоставувам е гладно со денови и многу зелени муви околу него се собираат, а нема рани по телото. Не можам да влезам да го земам. Моите сакаат да го фрлат да не се мачело ама јас не дозволувам премногу ми е жал Ќе преживее ли без мајка? Имам големо куче кане корсо не знам како ќе се однесува со малово ако го земам на тераса да го чувам И како ќе го хранам, со шприц? Само да не го гледам да се мачи сакам..
Искрено многу повеќе од тоа треба за да одгледаш кутре. На тераса ќе смрзне, ќе треба да купуваш лампа за греење или електрична перничка. Евентуално да менуваш шишиња врела вода на секои 2 часа. Плус секои 2 часа треба прехрана со млеко во прав со специјална формула за новородени кутриња, или на крај краева да се советуваш со ветеринар како сама да направиш млеко за мали кутриња. Ме чуди како преживеало цели два дена... Ако не можеш да му помогнеш на било каков начин, барем скрати му ги маките...
Кои ампули се најефикасни против болви за кучиња и мачки? Од колку мл да купам ако едното куче ми е околу 15 кг а другото 20 кг.
Јас редовно зимам ампули Fypryst. Како што можеш да видиш на сликата подолу, различни се во зависност од тежината, а за кучиња од 10-20 кг. се ампулите во зелена паковка.
Има на секое пакување за колку кг е наменета ампулата. Нема нешто како "најдобра ампула" за секое куче или мачка зашто ниедно нема ист тип на кожа. Моето куче на пример фаќаше крлежи кога му стававме фиприст, доби алергиска реакција на скалибор огрлица и на адвантикс ампула, додека други кучиња имаат други реакции, позитивни или негативни. Ради проблемите со кожата прекинав со такви третмани и му давам нексгард,апче што се џвака и немаме проблеми.