Луѓе помооош Заприметив дома дека имам болви од мачорот и косата ми порасна. Скоро две го чуваме и прв пат вака ни се дешава. Кажете прво помош како да се оттарасам од болвите дома шо ми се, и потоа најефикасни ампула против болви за мачорот (цена, ефикасност ова она). Досега со прашак неопитрид и со редовно чистење на болвите после капење теравме, ама очигледно не поможило..
Нова сум на форумов и едвај се снајдов.. Вака сакам да прашам нешто за моево маче, веќе нелолку дена има повреда на левата страна над муцката кај образот да кажам, прво му беше надуено а сега му паднаа влакната и има крв.. Несум во можност да го однесам на ветеринар па сакав да прашам тука ве молам одговорете.
Вчера ветеринарот го вакцинираше мачето и потоа го намачка со една плава течност против болви и денес мачето е мн чудно ич не си игра и не е расположено како што беше до вчера и слабо јаде некој совет? Инаку мачето е 3 месеци старо
Здраво имам проблем со мачорот постојано го тепаат улични мачиња. дали знаете како да го решам проблемот? Мачорот е стар една година, најден на улица, растен без мајка и дома. Сега зедов и друго маче 3 месеци и ги ставив во двор да живеат. заедно си играат се е во ред, ама проблемот се другите мачки мачори го тепаат
Здраво луѓе ми треба помош!!! Кога го шетам кучето му стана навика да лае по непознати луѓе што ќе ми се приближат(на одредени не на сите).. Но кога го шета татко ми нема такви проблеми, ми викаат заштитнички став. А не сака да носи маска а и плус не е голема раса. А пред некој ден добро не отера кај што не треба една
Работете со професионален дресер за кучиња. За маска лесно е да се навикне, ама такво однесување мора да биде коригирано што порано.
Здраво каде можам да најдам спреј против болви? Ги имам во собата и ме нервираат како да се решам од нив??? Ми треба некој спреј против болви за во соба. Некој со слично искуство?
Оди во земјоделска аптека, тие ќе ти дадат средство. Ние пред некој ден го прскавме цел стан, тоа е како средство што се раствора во вода и со прскалка прскаш секаде. Не било штетно воопшто. Нека помине одреден период ќе испрскаме пак, ама си велам дај Боже да нема потреба.
Ми треба помош Имам шест месечно лабрадорче кое веќе три дена е омалаксано има крвава столица и повраќа нема воопшто апетит и висока температура. Бевме на ветеринар му дадоа инфузија и инекција за смалување на температурата прими 3 инфузии и воопшто нема подобрување. Што да правиме многу сме загрижени
Имам мачка ја чувам две години и последниве два месеци почна да и паѓа влакното. Мислевме ќе помине ама уште не има влакна насекаде незнам што да правам, што да и купам? Исто и болви видов пред некој ден кога ја бањав
Како цели места без влакна да има? Да не има мачиња случајно? Како и да е од кога роди мојата и почна да дои почна многу да ѝ опаѓа крзното од шо треба. Буквално дупки имаше долж 'рбетот без ич крзно. Па ми дадоа витамини да ѝ давам, и почна да ѝ расти. Сега супер е. Во секој случај советувај се со ветеринар ако ѝ паѓа многу крзното, а не само летно митарење. За болвите имаш и ампули, и други работи за прскање, земи према можностите зошто нешто е поевтино нешто поскапо. Исто така за викенд кога немав од каде да купам за буби, со малку киселина на место паѓаа одма. Само смрди и подобро е со ампула према мене.
Нема мачиња и си има крзно не и паѓа за да и остане голо место ама ме загрижува само се лиже и паѓаат влакна насекаде
Епа лето е, го фрла зимското крзно ко така. На есен има повеќе крзно, на зима нели како лавови се мачките. После на пролет и на лето се митарат и крзното им се ретчи. Само нели, да не му се проретчи со дупки, тогаш е проблем. ^^
Мал проблем. Преѓе маче кое мислам дека е од трите мои беше слезено ама мајката го игнорираше. Тато го стави кај другите зошто се стемнува и долу е опасно. Почна да цифка, а мајката е секогаш горе. Има шанса да одбие само едно маче? И дали ќе биди океј до на утро зошто скалата е нестабилна за ноќно качување па најрано најутро ми е да го земам долу, да го наранам и да му напрам безбедно легло. Горе каде што е, затворен простор е, со пакети, стари ќебиња, широко, безбедно. Ама ако не е со мајката ако го одбива да не му студи? Дур беше долу го наранив прво, ама да не не му е доста... Кога го слушам ми иди да се качам ама знам дека на таква скала не можам ни до пола без да ми се стемни. Тато нема смисла да го будам.
Здраво Јас имам куче сибирски самојад и од вчера приметив дека на устата кај што и беше црно сега станува црвено.. Ве молам помош
Мислам има дежурна служба во амбулантата во Автокоманда. https://www.veterinarnabolnica.com.mk Провери на странава за повеќе инфо