На кутрето почнаа да му паѓаат заби. Доста е нервозно... Како да му олеснам нему, а и на нас? Какви играчки да купам? Земав онакви дентални стапчиња како кожа за да ги грицка, не знам колку ќе помогнат.
Да. Сум вадела крлеж од мачка. Треба со пинцета да го фатиш крлежот и многу бавно со кружни движења да го повлекуваш нагоре додека да излези. Поентата е многу бавно за да не се откине главата од телото, туку да го извадеш целосно. Ако ти е страф, најдобро да ја однесеш на ветеринар. Јас кога ја однесов и го намачкаа со ацетон и само го извлекоа. И искрено незнам како е најдобро, ама еве за мене овој начин без ацетони и слично, делуваше.
мислам остана малку од главата на крлежот внатре, ама мачево ми е како омалаксано и само сака да лежи, ми е страв да не има закачено и некоја бактерија
Во тој случај обавезно однеси го на ветеринар. Не верувам дека сама ќе успееш да го доизвадиш крлежот. Да не направиш полошо. Се надевам ќе се среди.
Дечки, не знам во која тема да пишам па се решив за тука. Вчера кучето на моја другарка мораше да се успие Беше старо ,слепо и болно. Е сега кога била на ветеринар откако го успале и рекле да го земе и да го однесе кај сака. Она го оставила покрај контињер бидејки не знаела што со него ... Кажете ми дали знаете некој ветеринар кој после успивање си ги превзема сите други работи ? Не сакам да помислам , но моето куче е исто старо и за некоја година истово ке ме снајде а да го оставам поред контињер не ми пага на памет Ве молам споделете некој совет и искуство. ..
На трите од пет новородени маченца од очите им се лачи некаква материја, која откако ќе се исуши им ги лепи очињата и им стојат затворени. Пробувам да им ги очистам, ама и после тоа им изгледаат многу лошо, некако воспалени. Инаку се родени во плевна, дома ми велат дека можеби се повредиле некаде низ сеното. Што да правам?
Ве молам за брз одговор хитно ми е.Имам мали кутриња сега веќе ќе прават 3 недели.Мајката едно удави, ноќеска се обидела сите да ги здави ( не е прв пат вакво нешто, 2р пат како се окучува и ги умртвува кученцата) срцето ме боли дали можам да ги тргнам на страна и да им давам кравјо млеко? Бидејќи секој ден нешто им прави.Ноќеска цифкаа кога отидов ги најдов сите во крв.Сега се мачат души.Ве молам за помош како да постапам.Кучката ќе ја фрлам како партал!!
Кучката не е крива, тоа им е инстикнт, веројатно чувствува дека не може да ги исчува или дека нешто не се добри и затоа прави така. Можеш да ги тргнеш и да пробаш да ги затоплуваш и лактовит да им даваш или козјо млеко, кравјо не ама веројатно нема да преживеат оти се мали. А за кучката има решение место фа ја фрлиш како партал стерилизирај ја и да немаш ваков проблем. Онака какво куче е, мирно, агресивно? Колку е стара?
Тури малку киселина или ацетон врз крлежо, се собира и паѓа. Закопај го некаде. Јас во близина имам ливада пример, само длабоко за да не смета на луѓе кои ќе врват. Можи да имаат инфекција на око да. Пробај со чепкалка за уши нежно отвори им окото и види дали ќе "фатиш" нешто. Можеби да имаат и чеклас или дел од сеното да има влезено. Однеси на ветеринар. Штом ова се случва веќе втор пат, најдобро е да ја стерилизираш. Јас искрено се сомневам дека ќе преживеат, ама ако се повредени однеси ги на ветеринар и прашај дали имаат некоја храна за толку малечки, со витамини и се тоа.
Кучето загар старо 2 год околу 20кг беше со температура бевме вчера на ветеринар аналгин инекција прими и некои др витамински. Докторот е на одмор од денес, инекција аналгин ќе му стави медицинска сестра (му има ставамо и пред тоа) но татко ми не се сеќава колкава доза му кажале и дали е ист аналгин како за нас луѓето. Ве молам за брз одговор
Здравоо сакам да прашам дали некој што чува куле се има соочено со проблемот сув нос колку што имам слушнато кучето треба да има влажен нос,а за жал моето има сув..дај боже фа не му е ништо се молам..за една недела ќе одам на ветеринар ама сакам сега да знам,срце ми е ..???
Ве молам за совети и искуства.. Моето куче денес прокрвари големо количество крв преку нос па истече околу 1л крв, ветеринарот вели недостаток на витамини што мене ми звучи малку неверно. Примаше витаминска терапија и против крварење. Кучето е свесно, јаде и е омалаксано од големата загуба на крв. Како да и помогнам, срце ми се кине кога ја гледам ваква а не можам да и помогнам? Ве молам за совет.
Прашајте друг ветеринар за второ мислење. Доколку е навистина поради недостаток од витамини, ќе ви кажат и со што да го храните, ќе ви препорачаат веројатно некои таблетки и слично. Ти биди тука за неа, храни ја, давај и водичка, занимавај ја, не знам повеќе што би можела да направиш.
Имам куче што е комплетно научено да оди по нужда исклучиво надвор и не на бетон, секогаш оди на трева или земја. Сум приметила и дека ако најде песок, мочка и таму. Па се мислев да земам песок за мачки, па да пробам да го научам таму да оди. Наскоро ќе се селам во зграда околу која нема зеленило, а немав многу успех со пелена. Мислење? Не сум чувала мачка и не знам на кој принцип е песокот, ама дали би можело да се користи и за куче?
Здраво,имам мало кученце ,германски овчар 2 месеца,ама ќе се селам од МК,па би сакал да го подарам на некој вистински љубител на кучиња.колку сака некој да го земе нека ми пише ЛП.Благодарам