Уфф Јави се најдобро во ветеринарна амбуланта, имаат дежурна служба. Тие ќе ти кажат дали можеш да превземеш нешто.
Кучето е инаку добро, весело е, гледам дека веќе е исчистено. Јас уште во вторникот сабајлето му ја ставив и сега читам дека не требало цела.
А епа добро, поминале 2 дена, среќа е се добро. Јас мислев сега си ја ставила па затоа ти дадов број Во овој случај, чим до сега е се во ред, мислам нема потреба за грижа. Сепак внимавај за следен пат. Исто така и за апченцата за глисти, цело апче е за куче од 10кг. За моите малечки вет ми кажа да им дадам по четвртина пример и слично. Ако треба уште нешто, тука сме да размениме мислења. Секое добро.
Да и мене за апчето ми кажаа една четвртина само, а за ампулата ми кажа само каде треба да ја ставам а количина не ми спомна, не знам зашо.
Чува некој игуана? Ми треба совет околу здравјето. Нашиве ветеринари поим немаат за рептили, а денес приметивме дека не е како што треба. Не јаде и е омалаксана.
Каде би можела да најдам ваков кафез? Ми треба за мало кученце. Само по потреба кога излегувам до некаде, ми се виде како ок решение. Ако некој има друга идеја, споделете
Како им давате апчиња за глисти на вашите животни? Јас пр на моиве мачиња директно во грло,ама имам улични полни со глисти и многу ми е жал а диви се,дали ке успее ако им ставам/здробам во храна или така само ке се стопи апчето?
Дечки, имам маче, околу 2.5 месеци е. Приметувам денеска кашла. Иначе весело е, јаде нормално. Друга ствар е што е многу исплашено откако го земавме, и сеуште бега од нас, а ако пробаме да го фатиме ‘ржи. Мислев да го носам на ветеринар, кога малку ќе се опушти, за да не му правам дополнителни трауми, па прашањето ми е дали има нешто што можам јас сама му дадам за кашлањето или неопходно е да го фатам и да го однесам на вет.?
Moјот мачор пред некое време кашлаше ептен лошо, дури како да почнуваше да се гуши од напорот. Го однесов на вет, рече инфекција на дишните патишта и му препиша 3 инекции. Од првата веќе се опорави и престана кашлањето. Инаку јас да прашам што да му сменам во исхраната, ептен е пробирливо и не ми се свиѓа се едно исто јаде. Виршли паштети салами, куповна храна за мачки не сака воопшто. И многу слабо е периодов, го носев на проверки се е во ред, а никогаш послабо не е било :/
Не ризикувајте, опасно е мало маче да кашла/кива. И мојот беше болен кога го земав, го однесов на вет, го ставија под терапија и сега е спремен за вакцина. Не знам дали ќе ти е опција, но моето мачорче јаде мелено говедско/свинско со пилешки срца, џигери, слезинки, бубрези, и еднаш два пати неделно по едно пилешко крилце. Сѐ живо, не готвено.
@lovestoneddd @Papillon.Papi Фала на сугестиите. Ништо тогаш, ќе го носам на вет. Денеска не можам. Ветеринарите тука работат до 2, а мм е до 4 на раб. Ама утре обавезно, оти мм ќе е слободен. Валда нема да се влоши до утре.
@Papillon.Papi тебе ќе те тагнам. Не можев да чекам до денеска, па уште вчера попладне, најдовме отворена клиника и го однесовме на ветеринар. Прими инекција, туку освен тоа му дадоа и ампула за глисти оти ветеринарот рече дека имало многу. Е денеска е подобро не кашла, ама многу мјаука како да е во болки. Дали може да е тоа реакција од ампулата?
Јас ќе ти одговорам ако не е проблем. Да, од ампулата е. Глистите при умирање се грчат и испуштаат некои киселини, мачето затоа реагира. Кога мојов мачор имаше глисти, се криеше цел ден откако му го дадов апчето. Ако оди по нужда во песок, провери и промени му го песокот утре, би требало да ги исфрли дотогаш. И уште еден совет, биди поупорна со спитомување на мачето, навикни го да трча по тебе кога ќе огладне, да ти заспива во скут ... Сега му се гради карактерот и ако не го спитомиш, може да остане дивтарче.
Фала многу на одговор. Сум немала ваков проблем никогаш па не знаев. Поради празници денеска и утре ништо нема да работи немам ни каде да се јавам. Предходно онака знаеше да мјаукне, ама денеска доста често и му се чувствува болка. Стомачето му е големо и тврдо се надевам ќе му помине за брзо. Гревче. Иначе на наша радост има доста прогрес за многу кратко време, се надевам ќе се опушти скроз околу нас.
И мојот беше дифтар, уште од прв ден ми зари заб до коска, неколку недели ме болеше прстот. Пун беше глисти, имаше инфекција на очите, по неколку влакна имаше и ребрата му се броеа... Не видов промени кога му дадов апче против глисти, трчаше и скокаше како нормално маче. За стомакот можеш да му дадеш апче активен јаглен, дефинитивно ќе му помогне. На Нуби давав и кефир на почетокот, сега поретко. Спојлер Тогаш Сега Исхраната направи големи промени врз квалитетот на неговото крзно.