Мене ми зари нокт од прв ден. Ама не се откажувам. Цела ноќ и еве уште мјаука. Дефинитивно има уште глисти во изметот, видов сабајлево кога чистев.. не знам до кога би ги исфрлало.. Активен јаглен од истиот што го користиме и ние, така? И колку од него? Цело е во ред или да го дозирам по килажа? Денеска празник ништо не е отворено, ама валда ќе најдам некоја дежурна аптека.
A мртви се глистите? Исфрлањето може да трае и цела недела. По три недели треба да се повтори третманот против глисти, а потоа на секои три месеци превентивно. Јас не ти препорачувам активен јаглен сега, ќе се смири мачето и без него. Немој никако да му даваш обично кравјо млеко бидејќи некои мачки не толерираат лактоза ( ги фаќа пролив, грчеви). Јас на мачорот му давам јогурт понекогаш, или млеко без лактоза, чисто за десерт одвреме навреме.
Дечки, совет како да го научам кучето да оди право кога го шетам без да трга на сите страни? Некој да сподели лично искуство? Сум гледала многу и видеа и сум читала на интернет, но буквално ништо не функционира. Има една година. Кога е дома слуша наредби без проблем, воопшто не тера инает, не е агресивно, се ме разбира, значи супер е.. Ама штом го извадам надвор, се однесува скроз поинаку. Толку многу се радува што буквално ништо не слуша и само трча. Ни наредби, ништо. И пробав секако ама упорно влечи и трга и стварно ми е проблем. А неможам ни да помислам да го пуштам само некаде на отворено да се натрча бидејќи мислам дека ќе ми избега. Совет како да влијаам на него и покрај тоа што ме игнорира кога му зборувам ?
Па не расчепкав внатре искрено, оти се гледаа надворешно бели точки во изметот, не мрдаа. Тоа го знам од други мачки што сум чувала, само што ниедна мачка претходно не реагирала вака. Претпоставувам мртви се, оти колку што можев од око да видам не мрдаше ништо. Иначе знам за млекото, никогаш не давам млеко на мачка. Утрово мјаука многу, не знам што да му праам... ептен ми е жал. А не дава да го земам во раце. Ми се чини денеска уште подиво е, се крие и плаче. Па одиме на рати да му праиме друштво и тогаш се смирува по малку.. Последниве 2 часа многу мјаука.. А апчето е дадено во Понеделник нешто пред 19:00 попладне. Мислам дека помина доволно време од тогаш за да се смири...
Душа мила, очигледно е во големи болки Носи го пак на ветеринар, не сакам да ти пишувам глупости ама едно маче ми почина од глисти.. Колку ме јадеше совеста што не го однесов пак откако прими апче, мислев нормална реакција е тоа.. Исто беше многу мало, е сега глистите ги исфрлаат преку измет и повраќање нели. Душичево се испостави дека имало запек а у исто време не можело да ги исповраќа пошто беше истоштено и имало многу во себе. После сменив ветеринар и лом се направив со тогашниот. Пиши во темава што ќе направиш обавезно
Се согласувам со @lovestoneddd , ако не се потсмирило однеси го пак на ветеринар за да не го мислиш. Јас мислев вчера си му го дала апчето. Сепак, тоа што ги исфрла глистите и тоа што се мртви е добар знак. Ако му се врати апетитот и почне да си јаде и пие нормално, значи се опоравува.
Девојки помош. Имам мачор и од денот одкако го зедов, а еве веќе 2 години навближуваат, не престанавме да имаме проблеми со болвите. Све е испробано, ампули, прашак, средство за прскање, редовно капење за полесно да го исчистиме, и секој втор ден требенње на болвите, али џабе бе. Полн е. Дај кажувајте некои стварно ефикасни испробани ампули, нешто било што. Страв ми е и дома да не се наполниме како што ни се деси еднаш одамна..
Јас Frontline Combo му ставам, на секои 4-6 недели, и никогаш сум немала проблем со болви, а шета и внатре и надвор мачорот, во контакт е со комшиски и улични мачки. Ампулата се нанесува на тилот на мачката, за да не може да ја излиже. Три-четири дена претходно и по нанесувањето на ампулата, мачето не смее да се бања, ниту да е во контакт со вода (да не наврне и сл.). Ако на се ова внимаваш, би требало да нема проблеми со болви. Посоветувајте со ветеринарот во тој случај.
Да да, таква му ставивме последно. 400денари фрлени во вода за ништо. Излегоја на површина неколку умрени болви колку да не е без ич и толку од заштитата. @LollySky прашав во еден пет шоп за неа, 600 денари беше и така останав. Мн скапа ми се виде за месец и пол заштита Ама па ако нема никакво фајде и ако продолжи вака да се полни ќе ја купам, па тоа е.
@christinnn , jac ја купувам 375 денари во пет шопот во Сити Мол во подрумот, а во Фауна Центар во Аеродром е 400 денари, ценава од 600 денари е превисока
@lovestoneddd имам ист случај преживеано. Никако не можев да го добијам ветеринарот кој само ме мафташе де денеска де утре и по телефон поставуваше дијагнози, уствари според него ништо не и беше на мачката. Тогаш само него го знаев, башка пријател на татко ми, и сите животни претходно кучиња сме ги носеле кај него. Кога конечно реши да ја прегледа, мачето умре 15 минути пред закажаниот термин. Не знаев дека се работи за глисти, дознав кога ги поврати точно пред да умре. И трауми имам од тогаш. Затоа за таа мачка што ја чував после неа, што сега е кај мајка ми, сменив ветеринар, срцка e и многу професионален. Имаше глисти, ја прочистивме, и одвреме на време пак превентивно. Ама ниеднаш немаше вакви реакции. @LollySky Веќе некое време е смирено. Нема мјаукање, а си шета нормално навака натака. Валда кризното помина. Нус појава беше тоа што му беше отечено стомачето плус болките. Сега е смирено. Апетит не изгуби скроз, си јадеше по малку и пиеше вода цело време. Ќе го следам денеска, ако има потреба ќе одиме на вет, ако не, ќе одиме нормално како што ни кажа за некои 2 недели. Благодарам многу на сите за советите и грижата.
Колку што се сеќавам ветеринарот ми имаше кажано во таков случај да му дадам активен јаглен, вероватно во поголема количина за да поврати и да го исфрли отровот Незнам дали имаш во моментот дома, јас секогаш чувам баш од таа причина, меѓутоа најдобро што побрзо да ја однесиш на ветеринар ! Неможеш да знаеш колку силен е отровот, така да немој да губиш време, оди одма !!! Се надевам ќе се спаси.
Однесете го веднаш на ветеринар. Што и да е ке знае како стручно да постапи не само да се погодува дали е отров или нешто друго.
Kako da se iscisti domot od bolvi sovet ve molam?sredstvo za prskanje no da ne e toksicno imam malo dete,a bolvive mi se cini sekade gi ima.