Go odnesov na lekarm dok rece deka ne e zatruen so hrana, ama stomaceto go boli u tesko dise. Mu stavi infuzija ama go gledam uste mlitavo e. Nejke ni da jade ni da pie
Не знам дали е соодветна темата, сакам да прашам за златната рипка. Дали некој знае од што константно е на површина на водата во куглата и со устата како да зема воздух? Постојано тоа го прави, а е чиста водата, ја менуваме на 2 дена, јадење и даваме еднаш дневно и не е ладна водата на собна температура ја чуваме. Навистина немам идеја каков проблем има рипката-ама мислам дека се мачи.
Долу во двор има едно маче веќе 2 недели го ранам. Само дојде, премногу е плашливо, истрауматизирано и ако направам еден чекор кон него тоа одма наоѓа засолниште и се крие. Не дозволува да го погалиш или да му се приближиш. Јадењето го зема само ако го оставиш на земја, од мои раце воопшто не го земаше. Си реков ок, премногу е плашливо кога ќе сака само ќе ми се доближи. И вчера прв пат, ми дозволи да го погалам и целото почна да се накострешува и пренемага, да се витка... Почна самото да се гали од мене и почна да игра, но премногу е возбудено и во еуфорија и произведува звуци до тој степен што ми станува чудно. Дали е ова нормално однесување кај една мачка?
Зошто кутрево мое толку одбива да носи каишка околу врат? Пробувам неколку пати и се убива од квичење, мислиш го колам.
Да си прашаш во земјоделска аптека најубаво. Ние викнавме човек за дератизација ама и три дена не спиевме дома. Во земјоделска можеби имаат нешто не толку отровно.
СПИСОК НА ВЕТЕРИНАРНИ ДРУШТВА КОИ ЌЕ ВРШАТ БЕСПЛАТНО МИКРОЧИПИРАЊЕ НА ДОМАШНИТЕ МИЛЕНИЦИ Во соработка со ветеринарната комора на Република Македонија и ветеринарните друштва, од утре, Агенцијата за храна и ветеринарство почнува со реализација на кампањата за бесплатно микрочипирање на домашните миленици за што се набавени 100 илјади микрочипови. Акцијата, според планираното треба да се спроведе заклучно со 31 март 2019 година, а ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“ , односно до целосно искористување на набавената количина од микрочипови. Во кампањата за бесплатно микрочипирање на домашните миленици вклучени се 143 ветеринарни друштва, со кои Агенцијата за храна и ветеринарство склучи договори за реализирање на оваа активност.
Дали има стресори, како гласни звуци? На површина можи да зема вода и ако е под стрес рипката, исто ако нема доволно кислород, шо ншо не би требало да е случај зошто му менваш вода, дур реално и доста често.
@theowndemon нема некои звуци, освен што шлапка со устата ја отвара и затвара, како да зема воздух. Уште прави така постојано, прашав и од кај што ја купивме, наводно прејадена била ама се сомневам, сосем малку еднаш во денот и даваме храна. Сега планирам поголема кугла да земам, имаме средна големина,па да видам да не е мал просторот.
Совет што би можело да му биде на кутрево наше... имавме куче кое беше старо 8год, но со месеци се испомачи и не открија што му е, кучето ни умре минатата година... чекавме неколку месеци за да земеме ново (така ни рекоа), дезинфекција направивме, боксот му го фрливме. Во Декември земавме боксерче, кучево нема ни 1 год, а веќе два месеци крева температура 40+, ништо не сака да јаде, пие, се му испитаа, се е добро, а леукоцитите му беа 35 (ова пред месец крвна слика последен пат). 5,6 дена после лекарства е добро рипа, скока, трча, лае, јаде, пие и одеднаш пак ке клапне, ке дигне тт превисока, неможе ни да стане. Го испомачија со инфузии. Првото куче го носевме кај Диме, а ова во Автокоманда, совет некој... некој подобар ветеринар, или што би можело ова да биде, да не е некоја зараза од минатото куче?... Инаку кога не е добар, стои свиткан нагоре, како скифлен цел
Однеси го кај Митко во Куманово 070/211-602 ( работи во државната ветеринарна станица). Он е според мене најискусниот ветеринар иако нема никаква апаратура во тоа просторијата. Мене ми го спаси од парализа иако го носев и кај Марин и кај Диме како најизвикани специјалисти нели ( за марин мислам се најлошо бтњ). Зошто му ја наметнуваш со сила затоа. Како и мало бебе така и кучето бара постепен пристап. Дај му ја да си игра, па да ја душка па пробај стави му ја и дај награда за тоа. Изнеси го на прошетка или играј со топка зависи што сака. Утре пак по малку и така ќе се навикне дека добива нешто убаво ако ја носи.
Мачката ми е смачна, денеска почна многу да мјаука, почна да и тече прозирно црвена течност, устата ја држи отворена. Ветеринарот моментално не е дома, не знам што да правам? Мислење??
Дали проверија крајниците да не му се отечени, анални жлезди и воспалени уши? Моето беше такво пред некој месец, отечени крајници и жлезди, цело време стенкаше и беше свиткано со грбот нагоре.