Беа отечени крајниците, малку е подобро сега за сега и нема тт, јаде, пие, ама пак некако не ми е тоа весело куче кое си беше, не трчка толку, не скока... или пораснал па затоа не прави веќе така? Ептен си скокаше, трчаше кога и да бевме до него, сега само така некако тажно си се гали..
Веројатно тоа му прави проблем постојано, внимавај на крајниците и ушите. Сега е малку исплашен веројатно, може и уште има некои болки затоа е таков, остави го некој ден ќе се врати на старо весело расположение.
Сега оти е болен бара повеќе гушкање и негување. Потоа ќе му се врати енергијата. Чим го нашле проблемот ќе го биде малиот.
Како да го научам кученцето да седи во бокс без да лае и квичи? Поточно како да му олеснам е прашањето. Има скоро 3 месеци, скоро е одделено од мајката, го пуштам по неколку саати дневно да се истрча, си играм со него, се, ама кога ќе го затворам цивка само, ми е жал да го слушам а мора да се навикне. Имате ли некаков совет? Колку време ќе му треба?
Отворен ни е дворот, и може да избега (да залута), и во моменти кога нема кој да го пази, најдобро е во бокс да биде. Голем простор има, убава куќарка со легло, играчки, храна, вода, не е дека му фали нешто. Плус поголем период од денот е со мене или домашниве, ама кога ќе дојде време таму да си седи, почнува да цивка
Вероватно е осамено :/ Знам дека боксот е најдобра опција, со оглед на тоа дека е најбезбедно за него, ама му фали вашето друштво. За почеток можеби е најдобро да поседиш со него додека да се привикни да си седи во боксот, па после тоа ќе го оставаш само.
Верувам дека не му фали ништо внатре. Само не сака да биде затворен, како и ние што не сакаме да не стават во бокс. Јас би го заградила дворот доколку имаш можност. Така сите би биле среќни Доколку се мора надвор во бокс е тежок процес. Треба постепено да се внесува преку игра на пола саат, па на саат итн. Не може да се очекува од одма да седи внатре 5 саати или да спие таму уплашено е, плус без мајка уште не е навикнато на вас. Ако е мала раса греота е да не спие внатре во куќата со вас. Доколку е голема раса постепено со игра и грицки на неколку минути на ден и вие да бидете со него да не се плаши само.
Благодарам девојки @FreeMind @Annora . Денес подобро поминавме, послушен беше. Инаку ќе е голем раст и нема да може внатре. Но се трудам највеќе што можам да сум со него. Денес си спиеше во боксот преку ден без проблем, кога беше буден шеткавме надвор или седев јас со него. Полека полека ќе се навикне. Ви благодарам
И дома би го правело истото. Само остави го ќе му помине фазата. Не му се враќај секој пат да го мазиш зашто ќе знае дека со квичење ќе добива работи. Сепак треба уште од старт да се одреди распоред на играње, јадење и спиење. За помалку да квичи, учи го нови трикови, дресирај го, обрни внимание и на неговата ментална стимулација, после една сесија ќе нема енергија да пушти звук. Стави му и играчки во боксот. Со тек на време ќе се научи дека тоа му е безбедното место. А, што викаат слонодно во двор да трча, премногу хорор приказни имало, секој минувач би можел отров да фрли затоа во двор ако трча строго под надзор. Боксот ти е најбезбедна опција во секој случај.
Фала ти многу @Papillon.Papi Практикувам баш се од ова што напиша и ситуацијата е многу подобра. Малку е разгален па знае да цивка некогаш за надвор, ама не е страшно И според мене боксот беше најбезбедна опција. Фала тии
Која е цената на стерилизација на кучка, и кога е најдобра возраст за тоа? Мојата е 3ипол месеци се мислам да не е уште мала.
Не сум сигурна ама се мислам околу 3000 ден.(ако грешам нека ме поправи некој) Инаку 3 месеци малечко ми изгледа, прашај на ветеринар
Знае ли некој каде шишаат мачки убаво? Мојава е многу бесна за чешлање, војна ми е по дома и никако асално да ја средам сака да ме убие
Зависи колку пари сакаш да дадеш. Моето куче на 3 месеци јадеше 30 гр на ден, а сега 80гр, па ми се исплати да давам квалитетна ( а воедно и поскапа) храна. Конкретно му давам Farmina N&D. Поевтина, а добра е Bosch. Оние што се продаваат во маркетите, од типот на Pedigre не би ти препорачала...
На долг рок, поскапата храна доаѓа поефтино затоа што помалку се дава. Од брендовите кај нас, за најквалитетни важат Farmina N&D, Orijen, Bosch, Acana, Leonardo, Hills, веројатно и некои други. Во принцип храните по маркетите се најлоши, купувај рефус од пет шоп.
Дечки денес треба да ми донесат маче. Мачето е најдено во јули месец и вдомено и мислам дека има околу 3-4 месеци оти кога го најдоа не беше скроз мало. Е сега само ампула му имаат ставено затоа што до сега беше во куќа со голем двор. Кога јас да отидам да ја вакцинирам против беснило оти не е ништо вакцинирана и што друго треба оти прв пат чувам мачка и не знам што како треба. Исто така највеќе ме загрижува менструацијата кога им иде ќе приметам ли мислам ќе и капе или не и дали им се менува однесувањето затоа што уште сега е хиперактивна. И пошто ќе живее во стан од денес сакам да ја стерилизирам и исто кога се изведува тоа,на која возраст ? Оти имам слушнато дека побудалуваат ако не се а се затворени дома. Не сакам да ја мачам така.