http://www.fva.gov.mk/images/Табела_веб_микрочипови_NOVA.pdf Еве овде можиш да видиш по градови кои ветеринарни друштва ставаат бесплатен микрочип. Инаку да, како што кажаа и погоре, заедно со микрочипот задолжителна е и вакцина против беснило која кошта околу 600 денари.
Здраво. Кој има искуство со бременост кај Лабрадор(општо кај секакво куче, со акцент на лабрадор) би сакала да ми сподели совети околу исхрана и сл. Нашата ја спаривме месецов на 7ми, очекуваме дека ќе се фати и дека ќе остане бремена па сакаме да се спремаме за принова До сега ја храневме со сува храна или со зготвено месо, пилешко, џигер, по некоја коска телешка или свинска, мешавина со малку ориз и зеленчук. Јаде околу една чинија дневно, нормална чинија за храна за миленици, знам дека треба да и се смени исхраната во количина со тек на време, по интернет има доста текстови околу тоа ама би сакала и лично искуство да слушнам. Инаку е висока и има 2-3 кг вишок според стандардот колку треба да тежат ама нормално си е активна и не и пречат во движење, трачање и слично.
Дали има некој ветеринар на форумов или некој студент на ветерина со добри познавања, да не ве давам овде на темава сите. Сакам во ЛП мислење за дијагнозата, кучето треба да се оперира наскоро, но двајца ветеринари ми нудат потполно различен третман, не знам кого да слушам и дали да одиме на трето мислење, се ќе објаснам во ЛП, нека ми пише некој ве молам.
Da prasam kade niz sk ima poeftin pesok za macki vrekjicka od 5 kg ? Da ne e skapo mn a da ne e kako zemja ko sho ima u tinex
Давате ли нешто посебно за крзното.? Периодов се митари многу освен чешлање дали има нешто испробано за зајакнување и нега на крзното. сакам да свети ххее. Каков шампон да земам? црнкиња е
Омега 3 масти, можеш да додаваш лососово масло во исхраната, или 3 сирови јајца во неделата (секако ќе намалиш количина на храна кога ќе даваш јајца). Претпоставувам за куче станува збор, најдобро искуство имам со шампионите на Ботаника. Јас го користам нивниот шампон од Showline линијата, наменет за оштровлакнести раси. Не знам каков тип на влакно има твоето, но For Ever Bath е погоден за било каков тип на влакно. Цената изгледа висока, но јас веќе цела година го користам шампонот барем еднаш месечно (кога имаме изложба неделно) и уште е полно шишето. Треба да се разредува во вода со даден размер (можеш да ги прашаш увозниците за повеќе детали) така да логично, споро се троши. Еве линк од производот: https://www.facebook.com/marketplac...share_deep_link&referral_code=shops_pdp_share И еве резултати кај мојата.
Фала ти многу за препоракава да да за куче се работи лабрадор е . Ќе разгледам уште еднаш фала. А фурминатор е подобро да земам или со чешел и ракавица да продолжам само?
Фурминаторот може да биде добар за лабрадори, но јас би користела четка со природно влакно неколку пати неделно зардно со сликер четка и гребло со ротирачки забци за вадење на подвлакното. Можеш после секое бањање да го мачкаш крзното со маст од невен, одлични резултати видов кај мојата.
Нашиот лабрадор многу се чеша, посебно на делот над опашката и општо кога ја фаќам во тој дел и по рбетот одма реагира, тргнува да се чеша, она агресивно чешање со заби. Ја бањав со шамон за болви ии стави неопетроид и сега и ампула и ставив иако последен пат пред два месеци и ставав. Жал ме фаќа да ја гледам дека не е на раат. Ветеринарот ми вика ништо не и е, јас си мислам да не е алергија на нешто. Ја храниме со пилешко, свинско и ориз. Повремено сува храна ама ја менувам така да не верувам да е од неа оти не користам еден тип па да речам од тоа е .Имате ли идеја од што може ова да биде?
@Papillon.Papi , можеш ли да ми препорачаш квалитетна, сува храна за мачки? До сега купував Хусе,ама веќе не можам да ја најдам.
Оријен можеш да најдеш во Луна Пет шоп во Аеродром. Немам многу искуство со дехидрати за мачки, но Оријен по состав е супер. Мојот мачор е на сирова исхрана уште од прв ден кај мене, да не можев со сирова да го хранам најверојатно Оријен ќе ја одберев.
Дали би знаел некој да ми одговори дали после стерилизација е нормално да има крварење кај кучето? Мојата кучка е стерилизирана пред неколку месеци, но еве денес забележувам мало крварење исто како што и беше во циклус претходно. Кога ќе ја шетам пробува многу пати да се измокри меѓутоа не изглегува ништо, како да добива нагон ама нема мокрача.
Фала. Скроз се сечат? А дали помагаат оние трупчиња со јаже намотано околу нив као мачката од нив да се навикне да ги тегне ноктите?
Има едни на спрат дури што се ..колешка од Охрид го нарача околу 2000 ден мислам беше и се спаси со тоа. мачката ем си има свое место ем од него си тегне нокти зашто баш таков матријал е. Јас на мојата и сечам нокти до пред живец.. ако сакаш линк за ова да ја прашам ќе ти пратам.
Купи си од тие специјлните за гребење. Види во пет шоп има. Не знам како им е името, јас ги викам гребалчиња. Мада кај нас не помогна. Имаме техники од нокти на мачка на платно и на ѕид. Може ти ќе имаш среќа. Друга опција ти е сечење нокти. (Ако излегува надвор, не препорачувам) И ќе ти клиза после по паркет кога ќе фаќа кривини. И не се сечат скроз. Има специјални ноктарици за мачки. Јас мојата ја носев на ветеринар за истото, оти многу беше мирна и не можев сама. На оваа сега не и ги сечам. Изгледа дека просто уживам да се нервирам во нејзината умешност за уметност.