Се сечат пред живецот (лесно се гледа каде завршува кај повеќето мачки). Гребалките помагаат, само ќе треба да го пренасочиш тоа однесување кон нив, на место намештајот. Кетнип спреј е една опција, друга опција е да го скараш убаво ако го чепка намештајот. Исто така има и облоги/капачиња за нокти кои се ставаат на ветеринар. Мачката ги има ноктите, само се покриени со пластични облоги и мислам дека месечно се менуваат.
Здраво, ако може од некој брз совет, земав хаски пред 14дена, беше на 30дена, кученцето се вклопи супер кај мене, почна да си ручка ко лудо, одма приметив глисти и го прочистив, но после недела дена се тргна обратно, гром од ведро небо, почна да повраќа и пролив(без крв) не мнигу често во првите 6 дена откако се разболе, одма бев на ветеринар и тој почна демек многу мало сум го одвоил од мајката, било слабокрвно(а си беше буцкаст) , крајниците му били големи, глистите му нанале штета, и го боцнасо антибиотик и витамини и секој ден се до денес 8ми ден, и рече ампули железо да му дадам за крвта, но веднаш ги поврати. Кучето си јадеше и беше свежо се до 6тиот ден, кога колегата на ветеринарот му боцна железо, и кучето почна нагло да повраќа и дијареа, изгуби апетит, со шприц му давам вода и јадење, само да не дехидрира, му реков да му земат крв да видиме да не е паровироза, неможеа да му погодат вена, демек пукала, ми го измалтретираа кучето, и гарантират они небило паровирозо, незнаејки што да правам, отидов на друг ветеринар за совет, таа ми кажа небило паровироза, ако било тоа до сега ќе било мртво, туку дека си оптеретило кутрето желудникот од многу храна после мајката и добило гастритис, и ми даде едни апчиња со јаглен, и другите нешто како ранитидин, и да не му давам храна 24ч апчињата да делуват, кутрето се стопи на пола, почна да малаксува, несака ни да јаде, веќе 1недела го мушат со инекции, од тие апчиња со јаглен пивраќањето и дијареата се црна боја-лигави нема крв но многу смрди. Пивне вода и легне. Душа нема во него 2 дена му ставаа инфузиха со шприц. Некој да е имал искуство со happy end па да помогне со совет?
Не знам што да ти кажам освен да побараш мислење од друг ветеринар... Макар што во право бил кога ти кажал дека е премало, кутрињата треба да се одвојат од мајка им на 8 недели минимум, некои одговорни одгледувачи ги задржуваат и до 10-12 недели.
И моето беше во слична состојба кога го зедов. Постојано имаше течна столица и повраќаше одвреме навреме. Веројатно имаше проблеми со желудникот. Внимавав на исхрана тие денови, му давав оризова вода, пробав со линекс за деца меѓутоа немаше баш голема промена и на крај му се среди со црн јаглен. Не се сеќавам точно колку денови му давав, ама за помалку од недела беше океј, без никакви додатни апчиња, инекции и слично. Најдобро консултирај се за исхрана што можеш да му даваш овие денови бидејќи не се сеќавам, па ќе биде подобро
Срце ми се кине, ми умре пред 2часа. А денес го носев кај еден многу професионален ветеринар, имав голема надеж, но кутрето немаше сила да издржи.
Дали некој чува игуана? Нашава не сака да јаде веќе неколку дена, има топлина и светлина, ја потопував во вода, цело време и ставам свежа храна и нема промена. Вчера само малку банана и дадов ја изеде ама не смеам повеќе. Онака па за чудо многу е раздвижена невообичаено за неа. Дали некок има искуство?
Sakam da prasam pasosot sto go davaat so cipot dali moze da se koristi nadvor evropa? Ako nemoze togas kade da se obratam za info?
Хируршки зафат за отстранување на репродуктивните органи на мачката. Ако е младо маче ќе и ги отстранат јајниците, а ако е постара од 5 месеци се отстранува и матката. Со што се губи желбата и способноста за репродукција. Операцијата трае скоро час. Јас и мачката и мачорот ги стерилизирав. За мачката малце закаснив, беше многу напалена и неколку пати уринираше во домот, па поучена од неа мачорот си го кастрирав на време. И двете мачки се супер.
Абе мене овај ветеринарот ми реќе дека во амбулантата кај него прави стерилизација.. И ме замисли искрено. Нема услови таму за хируршки зафат. Ми е страв сега да не мисли да и' шиба некои хормони.. Фала ти на одговорот, ќе го прашам која му е процедурата.
Па... Обично таму (во ветеринарните амбуланти) се оперираат животните... Ако мислиш дека немаат соодветни услови, посети друг ветеринар кој има.
Поздрав, Ај едно прашање, може некој се разбира... пред 3 дена кучето се протна низ ограда и падна од тераса висока скоро 2,5метри, си го повреди задното лево ноџе... 3 дена куца, ама нај интересното нешто е тоа што воопшто не квичеше.. реков набиено му е... пробав да му го допрам ноџето, ме оставаше, му го мрдав по малце, не ми изгледаше на скршено, ама денес заприметив, многу му е потечено... (ветеринар не можам да најдам кај нас..) некој да ми каже, што би можело да биде? или што да превземам? Благодарам.
Дали на мојата мачка смеам да и дадам да јаде благо? Многу сака да јаде благо посебно наполитанки, ама не знам дали смеат мачките да јадат благо. Една другарка ми кажа дека и кажал ветеринар на куче никако благо затоа што ќе ослепело. Не знам дали исто важи и за мачките.
Се грижам за миленикот како член од семејство,не ми е јасно за луѓе кои купуваат домашни милиничиња и ги оставаат на милост и немилост,па човеку зашто побогу си го купил?За моја среќа имам папагал кој е многу отпореен и здрав,има многу преживеано,тоа си знае сиротото,но јако е како неговата господарка мојата маленкост а тоа сум јас.Да живее,да е вечно во век и векови Амин!!!