Здраво луѓенца , незнам дали ова спаѓа за во оваа тема ама незнаев каде да го поставам. Сакам да прашам дали имате искуства со носење на кучиња од мк во друга држава (конкретно за во германија ми треба) ? И ако има некој да ми пише како иде тоа Фала однапред
Имам мачка стара околу година и 7 месеци. Прв пат се породи августов со 2 мачиња. Прашањето ми е дали има специфичности некои околу второ забременување да ја приметам дали е можеби во рана бременост бидејќи сакав да ја стерилизирам сега на почеток на февруари пред да има шанси пак да забремени? :/
И да забременила ќе ја извадат матката сосе мачињата при стелиризација. Тешко се забележува рана бременост кај нив.
Здраво луѓе, Имам кучка пинчер, се спари со куче уличар кое е со поголем раст од неа. Страв ни е дека бременоста ќе и биде ризична, но исто така ни е страв дека абортусот може да е ризичен затоа што таа се спари на 17ти јануари (да не е доцна за тој чекор). Дали некој/а знае добра клиника за кучиња во Скопје или било каде во Македонија, каде што би ја прегледале и би ни дале добар совет за што да направиме?
Здраво, лично искуство немам, ама знам дека животното треба да е исчистено од паразити и проверено од болести, да има чип, и да има пасош. Подетални информации може да добиеш кај било кој ветеринар, каде и може да ги средиш документите кои ти се потребни за транспорт. Инаку во зависност од големината на миленичето (тежина -килограми), треба да се консултираш со авио компаниите за тоа каков е нивниот третман за транспорт. (до колку патуваш со авион) Поздравче
Здраво, сакам да прашам дали некој има искуство со стерилизација на куче? Ми кажаа дека по зафатот 2 недели кучток не можело да се движи.
Моето куче беше оперирано од тумор на гради и плус ја стерилизираа, па после еден ден се движеше нормално.
Вечерва приметив дека на мачето (6 месеци) му тече проѕирна течност од двете уши, со непријатен мирис. Веќе не сака да си игра, но има апетит. Се крие од мене цел ден денес. На ветеринар сега не можам да го носам, доцна е, не работат, па пишувам да прашам да не знае некој/а од вас како можам во домашни услови да му помогнам?
Draga Viki denes bas prasav isto ama nemam odgovor. Mi rekoa za kapki Timolol ama go citam upastvoto pisuva deka e za glaukom pa me strav da mu stavam od kapkite. Dali ti go imas tretirano so nekoi kapki? Pozdrav
Obavezno vakcina protiv besnilo, jas ziveam vo Wiena i sekogas patuvam so kutreto zatoa znam i normalno pasos i redovnite vakcini da gi ima primeno pozz
Сакаме да го стерилизираме кучето, 8 годишна е. Е сега, ни кажаа дека има ризици поради староста. Дали некој од тука се нафатил на таа возраст да го однесе кучето на операција и дали може да ме упатите повеќе кои би биле ризиците?
Дечки да ми препорачате каде да го кастрирам кучето? И да не знае некој како се движат цените за куче околу 30кг?
Здраво Сакам да прашам што може да му е тоа на кучето како црно , не го боли кога го допирам , се наога под тестисите . Инаку кучето има 8 месеци и е хиперактивно , јаде и пие ! Тоа е црно околу 1 цм е големо Многу сум загрижена што може да биде ?