Се чувствува на допир како топче или само местото е потемно? Не е баш јасна сликата... Најдобро да го однесеш на ветеринар, ако се сомневаш во било што. Не верувам дека е нешто сериозно, ама сепак.
Ако има само боја, веројатно не е ништо. И моето има потемни делови на истото место и прашав ветеринар, рече дека се работи за пигментација на кожата. Сепак, нај сигурно е една проверка. Нема за што
Здраво девојки, сакам да се посоветувам со вас. Ќе се консултирам и со нашиот матичен ветеринар. Станува збор за 8 годишно пекинезерче, сакаме да го кастрираме. Што мислите воопшто за кастрацијата, кои се нејзините предности а кои нејзините недостатоци? Дали возраста на кучето би претставувала проблем? Поздрав и благодарам многу.
Кастрацијата може да биде ризична за стари миленици.Игра улога и здравјето на кучето. Сепак,ветеринарот најдобро ќе ти каже.
Нас ни кажаа дека е ризично и може да не се разбуди од анестезија, плус кај пекинезерите заради сплесканата уста би имало проблем при дишење за време на анестезијата и операцијата..
Јас имам три кучиња . Два мажјаци и една женка. Е сега, женката е од расата Турски Кангал и веќе има 11 месеци , но сеуште немаше добиено менструација ( на ветеринар ни кажаа дека на 9 месеци треба да има прва менструација и да пазиме да не се пари бидејќи ќе прекине со раст ) . Да прашам да не се случува тој процес покасно кај Кангалите?
Нашиот лабрадор прва менструација доби на 1 година, и после тоа секоја година исто само еднаш годишно, роди здрави бебиња дури 8 така да мислам дека не е ништо стршно.
Фала ти за одговорот . Највеќе ми беше дека шарпланинецот е година ипол и веќе сака да се пари , па ако женкава добие , овој наш палавко ќе ја пари мора да ја пазиме сега
@CrazyGirl15 и мојата кучка доби релативно доцна, на 1 година, но нема да ја париме воопшто, оваа пролет планираме да ја стерилизираме.
Нам ни е за парење потребна , бидејќи имаме викендичка во планина , и во рана пролет сеуште шетаат волци .. Три се малку за да се справат со чопор на волци од раса коњски волк ( тие се поголеми и далеку поопасни од сивите волци ) . Есенва на еден чичко му изведоа три кози а неговите шарпланинци беа многу исплашени и повредени беа. Една од козите нашла засолниште кај нас, спиеше со шарпланинецот во боксот . Опасно е горе во селото , селски кучиња нема само едно е а ловџиите не смеат да ги убиваат волците ( заштитени се со закон ) . Кога првично ги донесовме кучињата горе, селаните се радуваа дека имаме женка , сите велеа да ја оставиме да раѓа затоа што потребни се кучиња за да го бранат селото. Затоа не ја кастрираме . Од бачилата веќе ни бараа кутриња кога ќе роди да им чуваме . Шарпланинец не може да излезе на крај со тие волци , за жал бачилата се на висина од 1500 м.н.в. , и секогаш се први на удар на диви животни . Во нашата викендичка имаше зимава стапки од мечки и волци , среќа кучињата беа доле земени тој период .. Фала ти за одговорот , веројатно и нашава подоцна ќе добие иако ни рекоа на 9 месеци. Јас се исплашив да не не е нешто во ред со неа , бидејќи на ветеринар не ни кажуваат баш ..
Кај вас ситуацијата е сосема друга, ама јас мислам дека тоа дали ке добие порано или подоцна воопшто не е битно и не е поврзано со плодноста на кучката. Еве мојата кучка кога беше пред добивање, конкретно првиот пат, ги привлекуваше сите кучиња кога ја шетав, нареден ден истата приказна, кучиња со кои претходно се играше сега и скокаа да се парат и за една недела доби циклус. Наредниот циклус истата приказна се повтори, кога ја шетавме почнаа сите кучиња да и се доближуваат и повторно за неколку дена доби. Велат дека кучките добиваат два пати во година, на 6 месеци а мојата доби на една година а потоа за 8-9 месеци повторно. Не знам дали знаеш и дали ви има кажано ветеринарот, мене човек кој чува кучка и ја пари ми кажа дека кучките се плодни откако ке им заврши циклусот, поточно 5-10 дена по циклусот. Ви посакувам среќа.
Точно најплодни се на 13 ден, ние ја паревме на 13 и 15 ден од кога и дојде, значи кога веќе и поминува почнува сама да ја крева опашката и да се мести, мада не мора да значи ние имаме мала сега што доби овој месец и бегаше од кучињата, не и даваше до крај, ако некое ја душка таа седнуваше на газ, ќе ја стерилизираме ама чекавме да и помине зошто на постарата се зафркнавме така во ек на гонење ја крцнавме и крвавеше многу, среќа се опорави брзо после тоа. Инаку за добивање не се секирај еве ти кажав жив доказ, 3 години добива еднаш годишно и роди 8 бебиња, едно умре на пораѓај само ама прво беше и не можеше да го роди. Ребека погрешка тебе сум те цитирала, сакав другата членка. Нема веза
@1209 мојата не седнуваше, ама кога некое куче ке и се намести од позади, она скокаше и почнуваше да го дави за врат, ептен се брани. А откако ке добие не ја шетаме воопшто, во карантин е тој период.
Да да исто и нашава ја затворавме ама имаше едно мало влегуваше однекде во двор, поим немам како, јас го затворам надвор одам до шупата да ја затворам неа, се вртам тоа позади како магија беше и ете на тоа приметив во некои моменти кога ќе ми се мушнеше тоа, таа седнуваше на газ или бегаше. Се зависи од кучето, оваа другава пак ептен беше мераклика пред да ја кастрираме имаше веќе раѓано, така ја и најдовме уствари со мали, па ги раздадовме и неа ја зедовме, е кога и дојде за парње рипаше преку два метри ограда и им даваше на сите. Лабрадоркава сакав да ја стерилизираме, ама сепак не е моја тука од на маж ми фамилијата и уште немам многу право на збор за неа, а тие сакаа да ја парат, ја спарија и на крај кој испадна да ги чува, секако јас оти другите сите беа на работа. Па не знам како се справив со 12 кучиња и една игуана ...после тиа реков ако ја парите пак на мене не се ослонувајте за ништо. Јас нејкам да размножувам оти има премногу улични и процесот на вдомување ме убива, ете уште не знаме каде е моето најубаво шаренко срце И затоа на сите стерилизација и кастрација им препорачувам, освен ете како во случајот на Крејзи. Ама се размуабетив јас, за кучиња уста да не ми одврзиш.
@1209 ако, на темава и мене ептен ми се прави муабет. И ние планираме да ја стерилизираме оваа пролет, чекавме да поминат два циклуси и да е убаво времето (ама да не е премногу жешко) бидејки ја чуваме во двор. Плус чекавме да помине барем 1 и пол година за да достигне максимален раст. Инаку кај нас се е добро затворено, дворот е голем и има каде да се истрча, па тоа беше уште една причина за одложување.
@Rebecca_R да само да не е многу жешко оти многу ќе крвари ќе треба на ладно да ја внесуваш под клима, и нашава беше во двор ама кога видовме не бива на ставивме внатре, ама за два дена беше како нова ништо не и се познаваше дека била оперирана. Ние со нашиве сеа некоја друга мака имаме, свекрва ми се пожали имаат некоја бактерија кожна, стрептокока, сите три надвор се заразени, ги боцкаат демек ги мачка нешто ама на едната раната на нога никако не заздравува, а кај нас жими само едни најсаглам ветеринари што има па на нив се ослонуваме, ама ако не им помине скоро ќе мора некое други чаре да се бара.