Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Не знам дали е добро место,но ајде да прашам дали некој знае дали многу влакна исфрлаат Чивавите што се long coat? Од дома не ме оставаат бидејќи влакна пуштало, па ќе валкале па не знам што... Па гледав некои помали раси и многу слатки ми изгледаа овие се надевам дека некој знае :)
     
  2. zabceto

    zabceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    domasni milenici

    пробај измасирај го мачето на местото кај што мслиш дека е повредено ако замјаука поинаку значи има повреда,не се секирај јас мислам дека не му е ништо можи само оптегнат мускул во пределот кај задните екстремитети...јас имав случај со моето куче имаше тогаш2 месеци,и мн сакаше да спие на тараса поготово по косевите па падна од таму..викоско 2 спрата...па одма стана ко ништо да не му беше...после неколку сати воопшто не мрдаше,го однесовме на ветеринар рекоја дека мора на ренген....цело време лежеше постојано бев околу него,му давав лесна храна и млеко мислев дека има скрешеници...по една недела стана..како никогаш да не паднало и тоа замисли куче..немој да се секираш сепак мачка е :)
     
  3. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    663
    Допаѓања:
    320
    да ве прашам дали некоја од вас имала вакво искуство со мачка.значи мојата мачка е 1 година последниве 5-6 дена на моменти се лигави кога јаде како да крцка со забите , несака да пие вода и давам млекце и не е расположена (кога е расположена е лоша :) ).ја однесов на ветринар ми рече дека била настината еве веќе 4 дена сме со сирупи..
     
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    боже господе, кај ќе и оди душата на таа жена т.е жениште!!! :devil: :@ кога веќе не може да се грижи за нив, нека се јави во некои организации, нека ги даде, има многу совесни граѓани што би ги присвоиле и чувале!
    Jас да сум на твое место, партал би ја направила таа жена, безразлика дали е дупло постара од мене!
    CPAMOTA!!!
     
  5. lazojka

    lazojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    nega na macinja

    Здраво на сите :)

    Јас сум нова на форумов и имам неколку прашања за оние кои што чуваат мачиња. Пред некој ден најдов две прекрасни маченца и решив да ги чувам. Мачињата се стари отприлика 1 месец (моја проценка). Самите јадат и вршат нужда во песок ( освен едното кое ми се има на двапати измочано на фотеља). Она за што се мислам е следново.. Прво ме интересира како да ги избањам мачињата бидејки вчера го однесов едното до купатило и од страв ги заби ноктињата кај мене во раце и се откажав од бањање а кога го пуштив одма избега од мене и се криеше..ептен бесе жално.. знам дека повеќето ке ми кажат да не ги бањам дека сами си се чистат ама мачињата се стварно прљави а сакаат во кревет да спијат и морам цело време да ги бркам... друго прашање ми е дали ќе биде проблем да донесам уште едно маче ( помало) за со нив.. дечко ми ми нашол бело ангорче малецко и сакам да го земам но страв ми е да не го нападнат и да го повредат..инаку едното од мачињата е права маза и цело време се гали а другото е прав истражувач и цело време испитува триторија и сеп ентари насекаде а заедно се многу смесни посебно кога се закачаат :D
     
  6. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    822
    nega na macinja

    Ако баш толку се валкани избриши ги со влажни марамчиња, ама некој неутрални бебешки, дека тие се лижат. Јас така им правам на моите лепотици, а верувај сами ќе се исчистат немај гајле. Е сега ако ги чуваш дома ќе треба да им наместиш кутија со песок каде ќе одат да си ги вршат нуждите, сега се продава миризлива песок која целосно го неутрализира мирисот. Тие си имаат инстинкт но ти откога ќе пијат млекце или водичка носи ги до таму да го видат местото. За јадење уште се мали па ќе мораш да им даваш млекце со малку лебче, испасирано џигерче, можеш и готова храна за мачиња ама натопена нека е да им е помека, а има и специјална храна за мали маченца, ама пак зависи од тоа колкави се точно. И тоа е тоа во приницип. Мачките се многу самостојни и не се тешки за чување, барем мене не ми се ич. :) Со среќа да си се сакате и гушкате. :*
    п.с .Внимавај на тоа што се измочкало на фотелја, ако се навикне така ќе ти прави проблем насекаде. ;)
     
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Скоро цел живот чувам мачиња, многу ги сакам. Сега мачката ми се омачи и имам три машки и едно женско маченце. Стари се околу еден месец, неодамна почнаа да пијат млеко од канче и да јадат манџа :)
    Јас сеуште не ги бањам, мачката цело време ги лиже а и они почнаа сами да се бањаат. Мали се и затоа имаат страв. И моиве приметувам дека кога ќе ги земам во раце на почеток се задржуваат со ноктите ме гребат ама со тек на време се опуштаат. Пробај на почеток само бриши ги со мокра рака а со тек на време наполни им вода во кофа со шампон и едно по едно брцни ги по малку не им ја топи главата, ќе се навикнат со тек на време.Ако живееш во куќа не ги учи внатре, јас мачката не можам да ја одвикнам цело време влегува и прави лом со влакна.
    Можеш да им донесеш и друштво ќе се припитомат додека се мали. ;)
     
  8. lazojka

    lazojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    фала ти за советот.. веќе пробав со влажни марамици ама сеуште се прљави.. а за јадење им купувам храна за мали мачиња во конзерва и ја јадат без проблем..си имаат и песок и редовно таму вршат нужда а ова едново мислам дека за инат ми се измоча на фотеља зашто цело време го бркам доле да не се качува по кревети :) ..фала ти за советите :)

    Кога ке размислам може мачињава да се и поголемки затоа что сами јадат..ама само храна од конзерва..како и да е ќе пробам со твојот совет за бањање па ке видам што ќе се деси...инаку вака за галење не се плашат и без проблем можам да ги држам во раце ;)

    Редактирано од модератор: Не пишувајте две мислења едно по друго, користете го копчето редактирај.
     
  9. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    11.806
    Пол:
    Женски
    Да прашам нешто..
    Пред некој ден си земав маче. Старо е негде месец ипол. Синоќа се покакало негде и еве денес цело газе и опаш му е со гомца. Многу ми е чудно затоа што старата мачка ми дојде во двор помала од него и сама се чистеше.
    Прашањето ми е: Да го забришам или да го оставам само?? :)
     
  10. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    549

    Забриши го,да нема запек нешто или пак изметот да не му бил поводен па се измачкало,како и да е избриши го
     
  11. L0ve

    L0ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    199
    избриши го... ако е старо месец и пол, значи сеуште е мало за да знае само да се чисти.. ќе се научи со текот на времето
     
  12. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    74
    Ве молам помош! Во двор имаме кученце (загар) али преска коа го видов очето му беше целосно затворено, залепено му беше со гурелки. Го мијав, пробав да му го отворам али никако не можеше! на ветеринар не можам сега да носам зошто во моето место нема па треба да идам многу далеку. Ве молам помогнете ми што да му правам ?? ;(
     
  13. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Имаше маст во аптека за овој проблем, мислам дека нема да е лошо да тркнеш и да ја земеш, поминува брзо, ова е очна инфекција! Не се обидувај да му го отвориш окцето!
    не сум сигурна ама мислам дека бивацин се викаше маста!
     
  14. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    11.806
    Пол:
    Женски
    и на мојата мачка така и се направи еднаш окото. На лекар ми рекоа дека е инфекција и да и ставам 3 пати дневно дексаметазон капки (и ние што си ги користиме :) ) И ставав 2 недели и окото и помина. Само после тоа фрли ги капките
     
  15. pepelashka.20

    pepelashka.20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    18
    Чувам едно куче што многу си го сакам. Исто така 5-6 год чувам една мачка која што пред неколку недели се омачи и сега имам вкупно 5 мачиња :) Се грижам секој ден за моите прекрасни миленичиња. Им купувам храна од КАМ маркет, имаат примено и вакцини :)
     
  16. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Домашни миленичиња

    Што да му давам освен млеко на мало маченце бебенце? :(

    Мајка му го оставила ,прашував по комшиите дали имаат мачка со мали мачиња никој не признава :envy:
    несака да го земе никој ,душиче. Цело време мјаука ,исплашено е ,џуџенце малечко.

    Некои витамини да не треба или нешто слично ?мислам дека малку му е само млеко... :doh:
     
  17. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Домашни миленичиња

    Девојки помагајте :worried:

    На мачорот мој на вратот му фали парче од крзното, му се гледа кожата и како малку да е загноено .
    Ми кажаа да му ставам Хидроциклин на местото ке помогнело.
    И сега незнам дали да одам да купам или да го носам на ветеринар ? :?:
     
  18. Andjelek

    Andjelek Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    6
    Да ве прашам нешто.. Живеам во Загреб со муж ми и моето најубаво куче на свет Лео (лабрадор) но планираме да се преселиме во Скопје.. Планираме да живееме под кирија па ме интересира дали газдите прават проблеми ако имаш и домашно милениче...?! Како иде тоа?! Знае ли некој?
     
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    зависи каде, прават прават некои, така да ќе си прашате однапред :)
     
  20. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    А зошто би правеле...? Па нема заедно да живеат! Си плаќаат кирија, сами ќе си чистат, нема газдата да им ги чисти бељите на кучето!! :) Сепак, прашајте си...
     
    На Andjelek му/ѝ се допаѓа ова.