1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Чувам Ердел Териер во стан, т. е. поделена куќа со двор каде кучето има ограничено време таму. Бев во слична ситуација, со тоа што сакав куче од поголем раст, но моите сакаа куче со мал раст, кое минимално ќе се митари. На крај се сложивме на Ердел, со тоа што со редовно тримање и средување, скоро воопшто не се митарат, не мирисаат многу и се идеална висина според мене. Знаат да бидат потемпераментни од Џиновски Шнауцер, или Доберман, зашто сепак се териери, но со рана социјализација и дресура, темпераментот на мојата Ерделка никогаш не ми бил голем проблем. Едит: Често се случува да лае, но доволно е да и се каже, и ќе прекине. Добрата страна на нејзиниот лаеж е што сега никој нема да се дрзне да стапне блиску нашиот стан. Дома често е сама и не прави проблеми, сепак тоа си доаѓа со рана социјализација и привикнување, а не со самата раса. Се шета од сабајле пола саат, и еднаш дневно трча и игра во дворот. Еднаш неделно одиме во парк на социјализација со други кучиња, или водно, зависно до времето.

    Грижата и негата на крзно за Ердели е за нијанса покомплицирана од онаа за Шнауцери, и ќе ти биде потребна сопствена груминг опрема, освен ако се одлучиш да го носиш Шнауцерот на стрижење.

    Јас ќе ти препорачам да земеш Џиновски Шнауцер, со оглед на тоа што се многу поздрава раса од Доберманот. Кога разгледуваш одгледувачи секогаш барај родителите на леглото да имаат оценети колкови и лакти, и тестови за очи, таму впрочем најчесто се појавуваат проблеми кај Шнауцерите колку што јас сум се информирала. Доберманите во последно време страдаат од DCM, болеста се појавува кај повеќе од 50% од Доберманите и многу тешко може да се забележи на време. Потребни се годишни контроли и тестирања на срцето за да се избегне, а тоа се многу пари и време потрошени.

    На крај и Ерделот може да го размислиш како опција. Не се ФЦИ 2, но низ историјата добивале титули, не само како одлични ловџииски кучиња за крупен и ситен дивеч/штетници, туку и службени кучиња, со оглед на тоа што се првите полицииски кучиња во Англија, и сѐ до ден денес се истакнуваат на IPO настани.
     
    Последна измена: 3 април 2019
    На 1992g му/ѝ се допаѓа ова.
  2. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на одговорот.
    Ерделот знам дека е крал на териерите и просто изгледа многу култно и шармантно, и сум била во Англија во местото стар Ердел и сум видела многу ердели т.е таму си имаат и посебни поштенски маркици со Ердел и луѓето друга раса не чуваат ами автохтоната.
    Но, не сум по териери. Ниту за пит или стафорд, иако од териерите фокс териер ми е врв! (Оној, коврџавиот).
    Да се разбереме пред да бидам сфатен погрешно, јас ги сакам сите раси на кучиња, би ги чувал сите раси ( и нерасни) но, издигнувајќи се над тоа знам што највеќе ми се допаѓа и во што ќе уживам.
    За мене германскиот овчар е најврвно куче и малиноата исто, но со причина ги немам спомнато : МИТАРЕЊЕ у пм нон стоп.
    Затоа, се убедувам себе си да првин разгледувам и посетам стационари, да барам некое краткодлако мешанче со средна големина на кое ќе му пружам љубов.
    За шнауцери и добермани се сум информирана, темелно истражив стандарди и по ФЦИ и по АКЦ и Австралискиот кн.сојуз.
    Во Србија и Бугарија има прекрасни примероци на големи шнауцери (црни) каде одгледувачи имаат приложено днк тестови и снимки од сите претходни поколенија.
    Исто и со доберманот. Израфел, Алтобело, Мастерхоф, сега за сега ми ги задоволуваат критериумите. Има и други секако, па тука се и нашите Шварцкрафт, Кајзеркрафт и Преспа кеннел од поновите.
    Највеќе моите амбиции ги задоволува Алтобело, стапив во контакт со сопственикот, првин не сакаше да чуе да продава кутре на балканец, ама станав досадна го бомбандирав од сите страни и го уверив дека јас можам и сакам да чувам доберман и согледувам факти пред да се одлучам. Па, си добив покана да идам во Нови Сад, да извршам увид во сите тестови, снимки и здравствени сертификати на сите кучиња и предци.
    Нормално му се допадна што не прашав за цената. Му одговорив да стави цена која сака (подготвена сум и 2000 еври да платам) само да потпишеме договор каде гарантира за животниот век на кученцето и истото да го добијам со сите сертификати. Не се лажам јас со приватни легла и родители без генетика испитана.
    На многу им звучи лудо 1000-2000 € за куче, ама на мене не, сум собрала пари работејќи в странство за време и после смртта на Лара и подготвена сум да платам за нешто што со сигурност ќе ме дружи 10+ години!
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Папилон Папи, какво мислење имаш за црниот руски териер и бувие де фландре ?
     
  4. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Црните руски териери се прилично нова раса, и често се случува да имаат проблеми со темпераментот, како реактивност и агресија, што е резултат од нивната оригинална намена, но денешните одгледувачи стремат кон посмирен темперамент. Крзното бара редовна нега и скоро секојдневно чешлање (line brushing). Не би навлегла во расата повеќе ради тоа што луѓето кои се посветени на неа ми се чудни, многу пати поагресивни од нивните кучиња и не би сакала да имам работа со нив.

    Со Фландриско Бувие не сум имала искуство во живо, но сум зборувала со луѓе кои ја чуваат расава. Потребен им е редовен триминг и обликување на влакното, но ради неговата оштрина не се заплеткува толку лесно како влакното на ЦРТ. Се разликува нивниот темперамент од ЦРТ, земајќи во обзир дека се прва ФЦИ група, и оригиналната намена им била да тераат говеда, тие немаат толку оштар темперамент. Бувието е можеби единствена раса што би ја чувала само ако е купирано кучето, со опаш и уши ми се губи претставата за моќно куче. Бонус е тоа што изгледаат како минијатурни бафала без опаш и уши.
     
    На 1992g му/ѝ се допаѓа ова.
  5. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    На големо се уште истражувам, а викендов ќе одам до Вардариште.
    Се чувствувам лошо што сакам расно, а толку улични има. На крај, што би рекла сестра ми, да немам грижа на совест, да си купам расно по своја желба, а да си вдомам мала џукелка. Ем ќе си се дружат
     
  6. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Не се осеќај виновно, на крај твој избор е тоа и никој не смее да те осудува. Со тоа што ќе купиш кутре од одговорен одгледувач, во никој случај не придонесуваш на бројот на уличните кучиња. Во иста дилема бев пред 6 години, особено ради тоа што претходно немав куче и сите улични животинки ги сакав како свои и ги хранев, но ако не купев расно куче немаше да ја пронајдам мојата најголема страст-кинологијата. А, и покрај тоа не ги исклучив бездомните животни од мојот живот и се обидувам да им помогнам да најдат домови (а, во многу случаи Беки ги спасувала од улица). Многу активисти за животни ме осудуваа, некои дури вадеа муабети дека од мојата кучка сум профитирала (камо среќа да беше така хахаха), а ниту сум ја спарила, ниту сум ја терала да заработува она пари за мене.

    Се гледа дека многу си информирана во областа на расни кучиња и одговорно одгледување, и знај дека со тоа што ќе купиш расно не те прави помалку хумана, ниту негрижлива за ситуацијата со уличните кучиња во Македонија.
     
    На Elenpelen и 1992g им се допаѓа ова.
  7. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Не можам да ти испратам приватна порака. Зошто ?
    Може ти да ме контактираш ?
     
  8. Panthera

    Panthera Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    711
    Пол:
    Женски
    Здраво :)
    Синоќа маца ми мјаукаше упорно од тераса и бидејќи имаше веќе храна сфатив дека уствари се спрема да донесе на свет бебчиња :) И бидејќи надвор ги чувам, и` наместив кутија со меки работи во гаражата, скриена затоа што она така сака. Одма се пикна во кутијата и си лежеше таму, ја оставив да не и` висам над глава. Утрово тргнав да ја ѕирнам да и` оставам храна и вода ама видов дека решила да смени локација. Се омачила во оние старине печки, не знам ни зошто ни останал таков стар отпад во подрум, расклопена е и на стаклената волна директно легнала.
    Нели може да биде штетна стаклената волна и за неа и за малите, да ги преместам ли веднаш на друго место?
     
  9. sweetR

    sweetR Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Zdravo, nemam iskustvo so taa rasa na kuce megutoa vo momentov cuvam maltezer na 19 ti April ke polni 3 meseci. Jas odam na rabota i go ostavam samo 8 saati nemam problemi za sega i se nadevam nema da gi imam. Mu odrediv mesto kade treba da sedi dodeka ne sum doma mu staviv pelena se nauci tamu da vrsi nuzda zosto seuste nemozam da go iznesuvam nadvor. Citav mnogu za toa ako nemas prostor(soba) kade moze da go cuvas dodeka ne si doma mozes kafez specijalen za takvo nesto. Ne se oseosekaj vinovna ako go stavis vo kafez toa e cisto da mu ogranics prostor na dvizenje dodeka e samo. Se nadevam pomognav barem malku iako moevo e mala rasa na kuce.
     
    На 1992g му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sweetR

    sweetR Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Zdravo, kako se spravuvate so cistenjeto na usite i otstranuvanje na vlaknata vo usite? Moevo e skoro 3 meseci i nikako nemozam da mu gi iscistam usite. Se probav ama djabe ne vredi. So drugo nemam problem so cetkanje so cistenje oci odi super megutoa so usite vodime vojna. Se raboti za maski maltezer.
     
  11. Alita

    Alita Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2019
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    1.284
    Пол:
    Женски
    Однеси го на ветеринар. Ако не му се подолго време исчистени ушите недај боже инфекција може да фати. Однеси го таму ќе му ги исчистат ушите и ќе ти кажат како да го правиш тоа.
     
    На sweetR му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sweetR

    sweetR Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Fala na sovetot
     
  13. khaleesi1

    khaleesi1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2013
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    52
    Девојки ве молам за помош. Имам зајче лавја глава. Пред неколку месеци пројави проблем со горните заби и почнаа солзи да му течат од едното окце. Ветеринарот му даде капки и секој ден скоро 2 месеци му ставав 4пати на ден, во носот и окото. Рече дека е инфекција. Проблемот е дека, само долните заби му растат, (а горните, сега и другото запче) стагнираат. Сега зајчето престана да јаде, а ако јаде, јаде многу малку. Претпоставувам дека можеби запчињата го болат. Ветеринарот не признава, ама гледам дека не знае што повеќе да му прави. Нема подобар ветеринар од тој во мојот град. Други кои сум ги прашала не се сигурни, бидејќи ретко кој ги носи зајчињата на ветеринар.
    Прашањето ми е дали некоја од вас знае или имала искуство со ваква ситуација?
    И дали некој ветеринар од Скопје пример, би се нафатил да ми даде некој совет доколку му пуштам слики? Би го однела, ама зајчињата многу се плашат и не знам како би издржал толкав пат.
     
  14. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    3.640
    Пол:
    Женски
    Феминки морам да земам контрацептивни таблети за кучкава наша..
    За стерилизација не сме баш сега за сега..
    Па оваа опција се надевам нема да штети..
    Сега има мали кученца и сите женски крајот неможиме да им го најдиме..
    Многу ми е жал за нив, а неможам да ги чувам :(

    Сакав да прашам да не знаете колку чинат тие таблети и дали би биле привремено решение?
     
  15. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Што планирате да правите со кученцата ? :|
    Секако дека е штетно контрацептивни средства, ако не веднаш, на долг рок многу. Тоа апче прави дисбаланс огромен на целиот организам и повишува можност за пиометра.
    Зошто да не ја стерилизирате сега ?
    Раснењето на малите чини многу шовеќе од стерилизацијата ете.
    Привремено решение е, за 6 месеци од сега ако и дадеш апче, ќе го скокне само следниот циклус и ништо повеќе.
    Едно апче ако не се лажам беше 1000 денари ? (Не сум сигурна).
    Ако ти е мала кучката, за уште 1000 денари плус вет ќе ти ја стерилизира, се зависи од тежина.
     
    Последна измена: 11 април 2019
  16. james

    james Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Здраво, дали ќе може да добијам некој совет од вас што да правам?
    Имам две машки кучиња(близнаци) 1.2 год стари и во последните денови почнаа многу да се дават меѓусебе. Давењето не престанува веќе 3-4 дена и цело време си ржат(гледам да не бидат еден до друг бидејќи си ржат цело време).Се јавив на неколку ветеринари и ми препорачаа да ги кастрирам и го направив тоа вчера бидејќи неможев да ги гледам како се дават и некој на крај да е повреден. Сега ме интересира кога би престанале да се дават и дали воопшто би престанале? Дали нешто се менува(однесувањето) со кастрацијата и дали згрешив што ги кастрирав? Значи 2-3 месеци ќе си играат ќе трчаат све најнормално али после тоа има некој 10 дена кај што неможат да се поднесат. Ве молам да ми дадете некаков совет.
     
  17. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Ако израснале заедно од мали многу е веројатно да имаат littermate syndrome и не се решава со кастрација, туку со дресура од професионалец.
     
  18. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    3.640
    Пол:
    Женски
    Ништо, се надеваме некој ке ги земи ама кој и да слушни дека се женски не ги сака :( а најмили се..
    Уште некое време ако не ги земи некој ке ги однесам на село кај баба ми.
    Ни кажаа дека за 10кг кучка околу 2000ден е стерилизација, а нашава е сигурно многу повеќе оти голем раст е.
    Таа е многу мила кучка ама да ја пикниш в кола нема теоретска шанса:( уште од ко ја зедовме преплашена беше ама дека помала се справија некако..
    Имаше проблем и се заглави коска во устата и мораше да дојди ветеринар дома да ја успие и да и ја извади а за ваква операција дома нема шанси:(
     
  19. james

    james Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Дали ќе можете да ми објасните што е тоа на кратко?
     
  20. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Тоа се случува кога две кутриња се израснати заедно од 8-10 недели. Последиците се најчесто давење и кавги меѓу кучињата, или анксиозност кога ќе се разделат едно од друго. Во други случаи тешко, па скоро и не се дресираат и имаат страв од непознати. Проблемов може да се избегне ако кутрињата се дресирани одвоено, играат во различни периоди, спијат во различни боксови/соби и не се константно заедно. Сето тоа би требало да се прави во тек на растот на кутрињата.
     
    На james му/ѝ се допаѓа ова.