Истиот проблем го имаше свекрва ми со зајакот, јас не се грижев за него ама знам дека таа му ги сечеше долните заби со ноктерка за кучешки нокти, многу е лесно и не го боли, со години правеше така, а окцето постојано му солзеше безразлика што и да пробаа, само бришење постојано со камилица.
На ист начин му ги сече и ветеринарот, стресно му е веќе премногу, не сака никој да го фаќа за устата. Како и да е, ќе мора да издржи бидејќи нема друго решение во моментов. На мене многу повеќе ме загрижуваат горните запчиња. Не знам зошто не му растат. На вашето никогаш повеќе ли не му пораснаа? Ти благодарам на одговорот
Моето морско прасе го имаше овој проблем, бев на ветеринар да му ги сецнат забите али тој ветеринарот лошо му ги исече изгледа и ми направи поголем проблем само. Затоа ако веќе одиш, оди кај проверен вет.
Секако. Најдобар е во градот. Нема каде на друго место. За чудење ми е дека, иако живеам во поголем град, ветеринарите немаат искуство со зајчиња. Сепак, може да кажам дека се труди ветеринарот, комуницара со некоја колешка од Бугарија, ама никако да ми објаснат што е работата. Добро е што зајчето ми е среќно, си скока, си јаде, ама се плашам дека ако не се открие причината за нерастењето на забите, во иднина може да се искомлицира.
Да прашам, колку наплаќаат за рентген и анестезија ќе треба нели на ветеринарен факултет?, кучево има 5 години, почна да ја завлекува задната десна нога кога иде, денеска го виде ветеринар, не ја витка како што треба нормално инаку си стои на неа без проблем и трча скока лае вака нормално се однесува
На ветеринарен факултет 900 денари е една, 500 за втора снимка, а анестезија би требало да е околу 600 денари, не сум сигурна. Има рентген и кај Др. Денис (Пет вет) во Аеродром, но не знам колку е цената таму.
Рентген може и во обична болница ако имаш некој познат рентгенолог. Јас така правев снимки а и многу други.
Во маало некој оставил кученце на улица, не се разбирам баш и не можам да проценам колкаво е, ама би рекла од прилика 3 месеци. Многу е мило и се пика во нозете на луѓето што седат на клупите, како да бара заштита. Некој му дал виршли да јаде и не знам дали поради тоа, ама почна многу да повраќа. Му ставив водичка и многу ситни гранули. Се напи водичка лежејќи и пак поврати... Не знам што да правам, како да му помогнам. Вечер патувам и нема да бидам тука неколку дена. Срце ми се кине...
Имам 2 месечно маче и веќе неколку дена има жолто проливче. Што можам да и давам за да се регулира столицата?
Варено оризче и стекче неколку дена, а во него пола капсула линекс за деца наутро, пола навечер. Мало маче треба да јаде 4-5 пати дневно.
Му давав ориз со пилешко но некако како да му се влоши столицата уште толку. Сега јаде течна и сува храна за мали мачиња. Утре ќе му земам линекс и ќе му ставам во течната храна. Фала ти!