здраво имам хаска стара 9 год веке 2 год и пол е дијагностицирана со леишманија и се си беше супер секој ден по една таблетка аллопуринол , денес втор пат целаа во крв од носот, неможам да најдам ветеринар во струга никој не знае што да прави , одев во охрид таму без што ја влечеше си заминал за бугарија на работа, незнам што да правам ,дали има некој вакво искуство,
Однеси го кучето во Скопје на ветеринар или Битола ако ти е поблиску( некаде каде што има ветеринар -јави се предходно) , греота е се малтретира така. Не сум стручна во таа област воопшто, но може се има појавено некој проблем плус. Се надевам дека ќе се среди
Најверојатно ќе треба нешто плус во терапијата. Можеш и во Албанија да ја однесеш на вет ако не можеш до СК да дојдеш.
Прашај на Facebook за совет, во групата Milenicinja-ulicni i domasni@2016. Има многу искусни активисти таму и веројатно ќе добиеш корисни совети. @VoodooGirl , не му давај кравјо млеко и прочисти го од глисти. Ако не е една од тие две работи, одете на ветеринар.
Некој да имал искуство со атопичен дерматит кај куче? Мојава ретриверка, е стара скоро 3 години и ја чуваме дома цело време,ветеринарот рече било од осаменост и сл.што не е воопшто така, баш напротив дома е со нас. На две три места има како опаднати влакна и ранички кои ги лижи цело време.Има некое чаре идали после зараснува и крзното се регенерира или ќе остане така? И да,и давам омега 3,биотин и пивски квасец,по препорака од ветеринарот.
Oднеси го на друг ветеринар. Можеби е до храната проблем но може и има нешто друго што треба да се лекува.
Dali mackata posle kastiranje e ista po karakter? Dali posle kastriranje ke stane po diva? Ve molam mislenje (;
Имам малтезерче, старо скоро 8 години. Ушите му се многу топли и црвени, најверојатно нешто му има влезено. И претходно сме имале проблем со ушињата, тревка му имаше влезено и тогаш ветеринарот само хидроген преку шприц му стави во увото и тревката искочи. Не знам дали пак да го носам зошто доста е непредвидлив, не дозволува да го чепкаат, има каснато фризерка. Не сакам да го носам ако ептен не мора. Па дали знаете како можам сама да му помогнам некако? Пробав со хидроген, малце се смири ама сега пак исто, цело време врти со главата и знам дека многу му смета.
Штом врти со главата, дефинитивно му смета и најдобро ќе биде да го однесеш на ветеринар. Не можеш да знаеш за што станува збор, може да е чеклаз, а тие знам дека можат да направат големи проблеми. Според мене, што побрзо го однесеш, тоа подобро
@Maša8, може да биде свашта, од инсект во уво, до чељези закачени, глуварче, заглувување, ушна шуга.... затоа, битно е вет да го истретира.
Здраво, Пред два месеци вдомив напуштено куче, хаска и пред извесно време видов дека е полна крлежи, буквално целото крзно и беше покриено со огромни крлежи. Ја пудрев со прашок неколку дена и денес и ставив ампула, но не сум сигурна дали добро го направив тоа бидејќи не сакаше никако да се исправи. Ме интересира дали мора да биде ставена ампулата исклучиво по должина на рбетот зашто стварно се трудев д го направам тоа како што треба, но не знам дали успеав? Инаку од прашокот доста се исчисти, додека и го растргнував денес крзното за да ја ставам ампулата видов неколку крлежи но мртви. И дали доколку има останато некој крлеж, а сигурно има некој кој не сум го забележила ќе умре од ампулата?